Од „човекот“! Секое такво на земјава го убива секое живо суштество! А, тоа ти е да убиеш повеќе од бесно животно. Тоа е надвор од граници!!!
Од змија. Дури ни на ТВ не можам да гледам змии, и како дете кога ме носеа во зоолошка, не сакав таму да одам.
Смешно или не, за некој може сум чудна ама јас од секое животно се плашам . Не дека ги мразам еве имам чувано и маче и куче, на 20 години плачено за нив, затоа што комшијата ми го удри мачето со стап и му ја раскрвари муцката , ама јас од нив се плашам. Ги сакав многу ама се плашев да ги погалам. Им оставав јадење и бегав
Леле јас имам голем страв од секаков вид на инсекти.Ги мразам нешто неописливо.И плус од змии (гадни се ) и жаби и глувци.Бљак.
Не знам дали се квалификува како животно ама од пајак имам паничен, неконтролирачки страв. Ако видам дека ме лази пајак или ми се спушта од горе, комплетно губам осет за тоа кај сум, што сум, скроз полудувам