Лав и тигар до сега немам видено ама сигурно би ми било страв Од глушец и скачки најмногу лошо за тие околу мене во тој момент. Градот мој вриеше од скачки летово, рој рој рој неможам да ви опишам, каде да погледнеш таму ги имаше, хорор ми беше излегувањето надвор.
И мене најголем страв ми се змии,не само од животни туку општо од се. Уште од мала ми е тоа,незнам зошто...
Од змија.Не да е страв,опседната сум,сонувам често,претерано.А ова лето,нешто многу пријателски расположени беа дури 3 видов,и тоа блиско до мене.Со едната очи во очи се гледавме,се тресев ко лист после тоа искуство,а братучетка ми се смееше ми викаше си ја погледнала смртта во очи Не ги мразам,нека си живеат они се убаво,само подалеку од мене.
хаха нема од што не ме е страв но кога би морала да одговорам од што најмногу тоа ке биде змија , шкорпија уфф се ежам од тие животинки
Не сакам животни воопшто, ама најголем уплав имам од кучиња, аууу колку не ги сакам и ме плашат. Мислам, ако збориме реално. Секако дека нема да кажам дека се плашам од мечка или тигар кога не сум ги ни видела во живо, а згора на тоа кој може да не се плаши од нив.
Чудно. Како се плашите од кучиња кога тие веќе 30 000 години се со нас и ни помагаат... Добро знам, нешто ве тера така, но ве молам да не се лутите. Ќе испадне кавга од недоразбирање, а не сакам тоа да се случи. Edit:Јас не се плашам од мечки во живо. Знам што се прави ако се сретне, важно не се трча. Само на филмовите и цртаните трчаат побрзо од животните. Затоа се правиш мртов. Ќе знае дека не е во опасност и ќе си замине. Тоа е за секое животно.
Се плашам од оние што ги има во Африка, лавови, тигари, лепоард, змии, алигатори... тие. Се плашам од пајаци, многу... страшно многу... . . . ...повеќе како фобија ми е.
Не се плашам од ништо големо , али како се плашам од скакулци и бубачки тоа е едно чудо . Летно време кога има скакулци , можам срцев удар да добијам , толку ми се одвратни и само скакаат ваму - таму .....
Може ќе ви биде чудно,но многу страв имам од мачките.Еднаш мачката на комшиите,почна да трчи по мене и јас од толку страв,не го видов еден камен каде што беше на земјата и паднав на земја.Целата бев изгребена,бидејќи многу се излизгав. Многу ми е смешно кога ќе се сетам на ова,но од тогаш кога и да видам мачка,бегам од нив.
иста сум и јас. Но, се плашам и од малечки кучиња (не. кутриња туку оние со низок раст). Уфф кога ќе почнат да скокаат .. Ете така изгледам кога гледам инсекти и мали кучиња... П.с. ги заборавив и германските овчари. Честопати поради нив летам по улица со велосипедот. Значи ако видите девојче на велосипед со стотка на саат и германски овчар позади неа, знајте дека тоа сум јас