Немам некој си посебен страв од животни.Сите ми се мили,и ги сметам за помили од луѓето. А многу ми се морничави инсектите. :geek: А инаку не се плашам од змии,напротив сакам да си завијам околу врат една.
Од сите, буквално. Страв ме фаќа и мушичка да ми влезе у око. Но, најмногу мислам дека ми е страв од инсекти (оси најмногу), секаков вид на влекачи (да, и гуштерчињата колку малите прстиња што се) и кучиња (и врзано да им е, дома не им влегувам).
Од змија и од куче.Како мала ме има каснато куче и оттогаш ептен се плашам и никогаш не одам по пат на кој знам дека има многу кучиња.Освен ако треба тогаш си водам и придружба со мене.А змиите ми се онака страчни со самата помисла дека ползи и може да ме касне и да не преживеам од отровот не дај боже ту ту ту,и сега се наежив од страв додека пишувам.
Црви полжави и некои такви лигави инсекти, исто од пајаци ми е страв и некои други летечки чудовишта.
Немам страв од животни.И стојам зад фактот дека животните ве чувствуваат и те како,ја чувствуваат енергијата која ја имате кон нив, па така и тие се однесуваат кон вас. Јас ги обожавам
Змија дефенитивно!! Еднаш пешачев во летото со другарка ми, и бевме замуабетени нешто... Случајно се свртив налево, ко ќе видам шо да видам SSSS Свиткана госпоѓата во топка со глата нагоре и мрда со то јазичето И се стаписав јас, и дирек почнав да си плачам. Ни мрдам ни претам само си леам солзи.. Си поплачив така, и после ко ми текна со трчање за 2 минути слегов долу од та планината... Уххх дури сега си мислам под јорган ми шетат