Најголем страв имам од ајкули. Ненормално голем страв луѓе, пливам во море, и а надминам малку длабочина, само се врткам наоколу и сумливо гледам надоле, да не има некоја црна сенка, да не ме кружи некоја ајкула, и забележувам дека од година у година се повеќе ми се зголемува стравот, и не можам да уживам во пливањето како порано во море. А оваа година и на остров бевме, па тоа за мене беше ноќна мора за пливање у далечина, си пливав хоризонтално, но еден ден се собравме поголема екипа и демек да пливаме до каде што е обележано, овие пред мене некои, некои позади мене, и јас у средина, пливав, и си викам да го надминам стравот некако, да видам како ќе реагирам, се препотив три пати додека стигниме, до мене беше нонстоп еден дечко со кој се запознавме таму, ептен се здруживме, и пак ми беше исто страв иако нонстоп зборевме и се смеевме, и сакав да се вратам, не можев таму да седам у место да си пливам како другите, и полека полека, на грб пливајќи си се вратив назад, пошто ако пливам на стомак ќе се онесвестев одма... Од друго животно немам страв воопшто, а од инсекти такви работи од стоногалки се ежам цела и ми се иде да експлодирам од страв, и од лебарки исто, ги мразам, ги мразам, одвратни се, грозни се, страшни се, мислам дека цела ќе ме голтнат од што се језиви и грди, нека се истребат, нека не постојат!!! И ајкулите со нив!
Не се плашам од никое ама има едни што лазат по ѕид најчесто навечер така брзо лазат како стоногалка такви нешто се незнам како се викаат нив неможам да ги гледам ми се гади бидејќи во креветот на брат ми му има влезено лани летото една вечер и го уапа на раката. И секогша кога ќе видам по ѕидот го фаќам со хартина и го фрлам. Како се расмачкува на хартијата. Бљак.
Гуштери и секакви инсекти Spoiler Пред малку приметив едно црно долго што лазеше и цела се препотив и заминав по татко ми да го викам да го отепа. Го рече некако глушеница, не знам точно и опасно било
Како што се плашам од пајак,од ниедно друго животно не се плашам.А видам пајак моето расположение и однесување се врти за 360 степени и сум прав чудак.Кога ќе се тргне опасноста по живот јас сум повторно јас.
Од инсекти , ауу од лебарки , бубашваби , тие некои си бубачки нешто најгрозно неможам да ги глеам , по дома иам триста онакви шо се за пипс за инсекти