претходно се плашев од пајаци, но сега тој страв премина во љубопитство, па сега повеќе ги истражувам, сега знам многу за нив и на тој начин си го изгубив стравот и не се плашам!
Змии и тоа како па ако ги видам на тв умирам не ни замисливам у живо и инсекти затоа повише ја сакам зимата нема ни мивки ни ништо
Глушец, не ми е толку страв колку што ми е гад, исто и жаби. А не сакам и птици, откако го гледав тој филм со птиците што убиваа и им ги колваа очите на луѓето
Мислам дека со се ќе се справам ама од змии косата ми се крева.Тоа е нешто што највеќе мразам и нешто од што најмногу се млашам.
Стаорци. Од скоро открив, имав близок контакт со еден Си влегувам јас во еден тоалет и тој почна избезумено да ми скока по нозете. Ама голем стаорец, колку мачка да речам. И он се исплаши од мене. Леле луѓе кога сум почнала да вриштам. Се до тогаш сама не бев свесна дека имам такви гласовни можности.
Од змии и глувци имам огромно грозење. Од други животни со кои можеме да бидеме во контакт не ми е страв. Нормално не збориме за лавови, мечки, волци и слично.
Не се плашам....се наежувам, неможам ниту да ги гледам а не пак да ги допрам..игуана, гуштер...и сите такви лигави влекачи...НЕ ГИ МОЖАМ!