Змија ( од водна немам мака , заедно си пливаме ) Кучееее,крави, кози , офци,дива свиња.... Уствари само од зајак , мачки и птици не се плашам
Од животни не се плашам, ама затоа од бубашваби, оси, пчели и бумбари срцево ми лупа како ненормално Пред едно 15 години така бегајќи се истегнав на карпи во Грција, си ја шинав ногата си го повредив доста лошо палецот и имав мал белег на раката што сега скоро не се гледа и еден што никогаш нема да го снема на палецот. Сега не бегам до толку
Од змии и такви влекачи се плашам, а спрема мравки и бубачки имам страшна одбивност, ахх само помислив на мравки и се ме чеша бљак
Од животни не ,но од инсекти. Стршлени, Бубашваби, Лебарки, Пијавици .... Не се плашам толку колку што ми се одвратни.
Oд кучињa бегaм кaкo улaвa, лебaрките дa не ги спoмнувaм, пaјaците кoсaтa ми јa кревaaт, целa кoжa ми се нaежувa.
Еднаш на работа испаничив кога здогледав некој инсект и ги паметам зборовите на колега: Не плаши се од инсект, од луѓето плаши се. И за жал колку е само вистина сето ова. Некои луѓе се толку злобни што свесно прават штета. Така да од таквите треба и највеќе да се плашиме и да се чуваме.
Од друго ништо не, ама од секогаш сум имала некој огромен, крајно нерационален страв од пајаци. А тоа што велите дека човекот е најлошото/најстрашното, за тоа сте најмногу во право.