Змија. Ги мразам. Лани летото за малку ќе згазнев на змија и тоа вечерта во 9 саат на сред пат. Крв однемав во мене од страв. Да имам некоја моќ би ги уништила и воопшто да ги нема.
Змија Не ги можам и готово. Да видам змија, мислам ќе се онесвестам па нека ме јаде Кога гледам на ТВ змии, посебно навечер цела вечер сонувам како ми се мотаат околу нозете
Црн,дебел и голем пајак. Друго ништо. И тоа од тарантули не се плашам,туку од овие џукели-пајаци. Без педигриња што шетаат по дома непоканети.
Од човеколики животињи. На пример, не може да си ги контролира емоциите и навалува на јадење , или оние со ѕверски поглед. Се зафркавам Не е некој голем страв, ама сепак го имам од ајкули, поради една сторија за германска туристка која била изедена на Јадранот пред 30-40 години, а сум ја слушнала од луѓе присутни на местото. Иако ајкулите самите имаат страв од луѓе и обично не напаѓаат по бреговите.
Сепак е тоа предаторско животно, иако би сакал/ценам лов како етичка форма на прехрана, не би ловел/ценел луѓе што напаѓаат предаторски животни, тоа им е императив, ние луѓето си придаваме премногу значење би рекол. Но има пар ствари од еволуционарен аспект што ни е во ДНК да имаме страв, ајкули не баш. Или трауми поранешни ако станува збор за миленичиња како на пример кучиња.