Куче,стоногалки,пајаци, скачки. Лани лето една голема стоногалка во спалната на ѕидот се шеташе ноќеска, среќа се разбудив случајно па ја видов. Сега кога пак се појавија на жешкото од страв се будам ноќеска и разгледувам по собата. Мир немам. Одвратни се
Коњите како животни мн ги сакам и сакам да ги галам ама ете ми е страв исто и од крави значи од големи животни а највеќе имам страв од змии.
Кучињата ги сакам нема шанси да повредам некое, имаме и чувано, ама ете се плашам. До пред некоја година и од мачка се плашев. И тоа од нашето маче, маленко, минијатурно, кога некогаш ќе ни влезеше дома јас толкава магарица на кревет се качував . Е после се опуштив и постојано си го разнесував во прегратка. Исто од змии си немам памет, само што ги помислам уфф, страшно
Исто, сум била и на круизинг и сум гледала китови како се превртуваат, додека сите уживаат јас се тресам од страв поготово еднаш кога китот помина под бродот клекнав на земја небаре земјотрес дрма очекував да не исфрли нагоре