Змии! Мразам змии! А исто и од одредени инсекти, ама не дека се плашам од нив, туку едноставно одвратни ми се. Spoiler Не знам како може некој да ги сака. Не знам.
Од мали инсекти највеќе посебно кога ќе видам некое по дома и после ќе ми го снема негде, уффф какви филмови си праам тогаш :/
Од животни не.Баш напротив,сите животни ги сакам,ама кога ќе видам инсект,дури и да е во големина на зрно од леб,мене косата ми се крева!Не знам зошто,ама имам голема фобија од инсекти,а како мала немав проблем,дури бркав комарци и муви со тепалка,сега они ме бркаат мене.
Се плашам од инсекти најмногу, се наежувам кога ќе ги видам, а од пајак ми се лоши ептен ми е страв од пајаци ауууууууу а животни многу сакам, од ниедно немам страв сите ми се мили и убави дури и глувчињата што се едни од најомразените животни мили ми се, жал ми е за нив, сите ги сакам.
Од животни не се плашам, ама кога ке видам бубашваба или од оние инсектите дрво што јадат косата ми се крева.
Јас од мравка се плашам,а да не зборам за другите животни.Ете не ги сакам,језиви ми се,гадни,страшни.Кога ке видам мравка (па не дај боже некоја поголема бубачка) се вадам од такт.
Темава треба да се вика "од кој инсект или животно најмногу се плашите", зошто повеќето гледам се плашат од животните како што се мравка, комарец, бубашваба, пајак.... или од инсектите куче, слон, лав, тигар....
Бубашваба!!! Пајаците не ми се проблем, носат пари, ги сакам Тигари, лавови, рисови не им се плашам бидејќи нема кај да ги сретнам, али затоа од бубашваба врискам до Солун и назад. Толку се грди,малечки и брзи што доколку не ги утепаш (добро, дечко ми ако не ги утепа) нема да можам да спијам. Еднаш, си седам на компјутер и од десно на ѕид ми смета нешто, се вртам и ја гледам се качува по ѕид! Па ало, кај сте виделе лав да се качува по ѕид? хахаха...Во секој случај, смрт за бубашваби, за сите!
Можам да набројам од што не се плашам,а од што се плашам се многуу Од мачки,кучиња(зависи какви) и врапчиња не се плашам,останатото е ризично
освен од глувци и бубашваби не се плашам од ништо друго еве една случка : Летото мојте беа на викенд отидени јас бев до кај другарка ми и сум го оставила прозорецот од долниот кат отворен и се враќам дома доле во дневната глувче ми се пикнало од надвор и дома не сум влегла (си седев на тараса) додека не дојдоа мојте да го фатат и дедо ми тука како херој одма лепак мести и уште триста чуда и тоа мало одвратно што "квичи" си се фати на замката и конечно си влегов дома