1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Од која возраст вашите деца јадат сами?

Дискусија во 'Дете' започната од iloveyou29, 10 јануари 2018.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.437
    Пол:
    Женски
    Самостојното хранење е и вежба во која развива моторика, ги координира движењата и ги зајакнува мускулите.
    Возраста кога детето треба да почне да се храни зависи од ставот на родителите.
    Поголем број деца покажуваат интерес сами да го држат приборот после првата година.

    Ние сме 2 години и веќе правилно држиме чаша, доколку и дадам овошје сецкано со вилушка го боцка и го јаде. А ручекот мора мама да го дава, оти ќе си останеме гладни :)

    Кога вашите деца почнаа сами да јадат?
     
    На 24.07, elcezelce и kiki_riki им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Откако наполни годинка покажа интерес сама да се храни, но бидејќи си одеше во градинка, самостојно си јаде од 2 и тоа само во градинка (така кажаа воспитачките, дека не морале да ја ранат), но дома забушаваше па мораше некој да припомогне :)

    И сега на три и пол знае некогаш само да дреме на столчето, а кога ќе земе некој да ја рани отвара уста без проблем. Дали е мрза во прашање, незнам :D
     
    На 24.07, elcezelce, kiki_riki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.902
    Допаѓања:
    123.137
    Синко е 18 мес и уште не јаде сам. Едно време бисквити почна , ама кратко беше. Кога го учам со лажичката , ја фрла.Ако му дадам мафина,лепче да држи и му носам накај устето ,исто фрла :( Навистина се секирам
     
    На 24.07, elcezelce, kiki_riki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Женски
    Мојава има интерес сама да се храни. Мислам дека и во градинката ги учат. Што и да и принесам со рачето си го зема и става во уста. Исто и со лажиче си зема сама и става во уста. Некогаш црпне од јадењето, некогаш не, а и не ја држе правилно лажицата, ама и не очекувам повеќе од дете од 17 месеци. Вилушка не сум и дала, оти ми е страв. Од чаша знае сама да пие.
     
    На cresa-jagoda, 24.07, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Мојата е 19 месеци. Со рака јаде сама се (и оставам парченца и сама ги зема и ди ги става в уста) Друго пр.пудинг, си срка сама со лажичка. Ја погодува устата ама многу зема со лажичката количински па дел и паѓа на блузичката ама ако така ќе се научи:)
    Од пред една недела почнав да и давам и виљушка (купив детски) па и редам за почеток помеки парченца да се вежба ( кашкавалче, банана) Покажува интерес и се труди, кога на прв обид кога на петти ама битно се труди:)
    Вода пие сама од чаша со клунче. Сака и од чаша ама сеуште нема осет и се потурва со водата.

    Едит: Најомилено и е кога си мака :) и ставам супа или кисело млеко, јогурт па таа си макнува со лепчето внатре и со сласт си јаде :)
     
    Последна измена: 9 февруари 2019
    На cresa-jagoda, 24.07, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Син ми 18 месеци секој ден се бориме со јадењето сака се сам да јаде за потечни јадења го хранам јас,а нешто посуво ако е пример варен зеленчук му даваме сам да јаде со лажичка ,е сега нешто во уста нешто надвор битно он е жив среќен дека јаде сам .Деновиве најинтересно му е да пие сам од чаша ама му сипувам многу малку зашто си игра и знае да се посипе цел .
     
    На Seduction, cresa-jagoda, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Кога ќе и ставам парчиња леб сирење или нешто друго си јаде сама. Деновиве се учиме и со лажичка да јадеме. Вида многу сака да пие од чаша сама ама ставам ептен малку, зашо нема осет и се прави лом. Е сега е проблем што уште јаде блендирано овошје и зеленчук. Штом ќе осети парче плука. А пак кога ние јадеме и давам парчиња леб компир печен, пржен јаде.
     
    На cresa-jagoda, 24.07, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    33.240
    Пол:
    Женски
    Дете е 2год и 5 месеци и сеуште го ранам( главните оброци),исто како што кажа @iloveyou29 ако го оставам сам да јаде ќе остане гладен.
    Ќе касни два-три пати и потоа си игра.Си меша со лажичката,ќе касне па ќе плукне назад во ваганчето ќе прави некој гримаси и ќе рече готово и станува.
    Како ќе се научиме незнам,ако имате совет добредојден е.
     
    На elcezelce и kiki_riki им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.253
    Допаѓања:
    284.307
    Големата не се сеќавам:tmi:, средното од 1.5 година. Делумно градинката делумно се сили поради големата сестра делумно оти е многу стрвна. Кој и да седне да јаде, сама прибира чиниче и лажиче и седнува до него:D.
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, Miss.Sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.022
    Допаѓања:
    21.569
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам баш кога почна да јаде сама правилно. Инаку уште пред да наполни годинка сама зимаше парченца со рака и држеше лажиче.
    Сега е 17м скоро знае и лажиче и вилувче да користи. Некогаш ќе си се најаде убаво сама, некогаш со помош. Јас уште кога почнав со дохрана, односно кога воведов 3 оброци и кога веќе стабилно седеше и давав сама да јаде.
     
    На elcezelce, cresa-jagoda, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    и јас и давам од почеток сама да јаде - сега (има година) најинтересно ми е кога ќе и ставам грашок и со прстињата го зема и го јаде :) мислам дека е добра вежба и за моториката. со лажица пробува да црпи од нешто ама не и успева многу, и сака исто мене да ме рани :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.022
    Допаѓања:
    21.569
    Пол:
    Женски
    Секако нема штета од тоа дете само да пробува, секако со надзор.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. svami

    svami Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Од година и пол јаде сам макарони со вилушка, сега на 2 и некој месец јаде со мало лажиче и лом се прави, го пресоблекувам по пет пати на ден. Битно се сака сам, само некогаш кога немам време гледам јас да му давам за побрзо да завршиме.
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Браво мајка! Мојава става парченца, ама црл оброк мислам нема шанси!
     
    На mal.ecka и Цвет88 им се допаѓа ова.
  15. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    5.533
    Од 15месеци скрос сама, и со лажица и со виљушка. Јас држам само тањир:)
     
    На svami, mal.ecka, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Можеби е малку офф од темата , но поврзано е со самостојноста на детето

    Колку се самостојни за другите работи.
    Пр. Мојата сама си мие рачиња( јас ја кревам таа сама си пушта вода ги трие па затвора чешмата), па ги брише со крпа

    Сама си ги соблекува чевлињата па потоа си ги носи во салонот ( и покажав каде седат па сега си ги носи таму)

    Сака и чорапи сама да си облекува, се труди пола ќе го стави па потоа се нервира неможе до крај :)

    За алишта сака сама да се облекува ама не знае уште знае само да ја пикне главата во блузата :)

    Исто така кога јаде нешто потоа отпадоците или пакетчето си го фрла сама в канта.
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.274
    Пол:
    Женски
    Сам јаде макарони, смоки, грицки, колачи. Но со прибор не. Оброците му се 80% со прибор. Најчесто со лажица. Нема желба да јаде сам а обожава да не рани. Мие раце брише раце. Носи во канта ствари, враќа на место играчки.
     
    На Milobebence, svami и kiki_riki им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    4 години има и е тешка мрза кога се работи за јадење. Ај што е најголемиот нејадач на светов, уште ја мрзи да јаде сама.
    Во градинка јаде сама без проблем, а дома само ако ја искарам, ме гледа попреку и јаде.
    Не дека не знае, прибор за јадење користи поубаво од мене, ама од тешка мрза и антипатија спрема јадење ќе ме умре еден ден.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    35.961
    Пол:
    Женски
    Од 20+ јаде сама со лажица и вилушка. Самата сакаше сама и ја оставив, првиот ден се нервираше дека додека стигнеше со лажицата до уста и се истуреше манџичката ама вториот јадеше сосем нормално.

    Претходно јадеше со раце или чат пат со вилушка и беше интересно да забоде нешто.

    Колку го сака ножот се тресе кога ќе го види, за почеток ќе пробаме со таков што не сече нека сече банана на пример.

    Од самостојни работи става шампон на стомакот и го трие па се поминува со тушот и најсмешното од бањање која ја крева едната нога и ја мие, па другата.

    Става паста на четката и повеќе го мие јазикот отколку забите.

    Каката (се што е доле) собира со влажна марамица и ми го дава мене.

    Се обидува да облече јакна и патики, но се уште неуспешно. Исто се обидува и да ги соблече, неуспешно јакна, успешно патики.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.395
    Допаѓања:
    38.307
    Пол:
    Женски
    Од многу мал, може година имаше или помалку. Уште од 9 месеци почна да одбива блендирано/пасирано и не сакаше да јади воопшто. Го однесов на педијатар, фаза е или скок во развој, ќе помине. Ама тој период почнав лепче да му давам и беше воодушевен, цело си го јадеше сам, па ми текна дека сака парченца и почнав така се да му давам. Макарони, шпагети, овошје, зеленчук, дури и месо на ситно, се јадеше сам и се со рака. Под хранилка ставав голема крпа, и после го капев, лигавчиња не прифаќаше. Се смее сега на видеата ко ќе му покажувам.
    И уште ден денес 3 години и 3 месеци сам јаде се, воопшто не прифаќа јас да го ранам. Среќа што одамна не валка толку ко тогаш. :D
     
    На Sexybaby86, Lolipop23 и kiki_riki им се допаѓа ова.