До пред некоја година воопшто не сакав кафе, ама затоа уживав во зелен чај (иста концентрација на кофеин како кафето има). Нес пробав на 17 (воопшто не ми се допадна тогаш ) а турско првпат како што паметам пиев во прва на факс и не толку често може во рок од една година 5 кафиња имав пиено, ама затоа дневно по две шолји чај. Кога почнав втора на факс се заразив секој ден обавезно си пиев, за време на сесија дури и по две турски на ден морав за да зачувам концентрација при учење, си имав рутина што ми беше ефикасна ептен.
Првите сеќавања за нескафе ми датираат од одморот во 2012, што значи тогаш сум имал 12. После тоа не пиев бидејќи ми кажаа штетно било, срцето, вака онака и одреден период се префрлив на 3 во 1. Потоа имав неколку пијам - не пијам кафе фази во животов и така...
На 15 првпат пиев турско, не за друго, едно девојче од клас демек гледаше на кафе, па да ми предвиди нешто за симпатијата и сл. Редовно конзумирам од 26.
Една од ретките сум, ама не пијам кафе Не ми е убаво ни на вкус, а ни чувството што го имам после не ми е убаво. И стомак ме боли
Не се сеќавам кога првпат пробав кафе, веројатно во седмо-осмо. Не се сеќавам ни какво, можеби беше капучино со мајка ми, а можеби беше нескафе во кафич. Овде не ги сметам неколкуте голтки турско украдени од кафето на дедо ми како дете Во средно, кога редовно почнав да одам по кафичи, шемата беше нес. Другите кафиња не ни ги знаев, а ми беше срам да прашам Матено, благо, со шлаг и чоколаден прелив, скоро и да не беше кафе Еспресо почнав да пијам на 22-3 години, ама мислам и дека човек треба да биде дораснат за еспресо. Сега пијам кафе често, но не се декларирам како зависник. Многу денови ми минуваат без кафе дури и без да забележам. Кога сум излезена, во зима најчесто пијам долго еспресо, а во лето ладно макијато. По дома знам да си направам и матено нес, а откако си купив мока пот си правам врхунско ладно макијато. Турско не пијам, јас сум ти еспресо човек. Шеќер - малку кон ич.
18-19 i ne sum nekoj zavisnik od kafe pijam koga ke mi tekne, ili povekje za da mu praam na nekoj drustvo sto bi rekle,a znam da pijam nekoj pat i od dosada.
Откако почнав со испити на Факултет, и да не спијам по 3 ноќи. Претходно не пиев воопшто кафе, сега пијам само Нес, од турско ми се повраќа одма. Организмот не ми толерира премногу кофеин.
Обожавам кафе од првата голтка што имам пробано, некаде 7 8мо оделение. Дневно пијам по 5 6 кафиња турско и еспресо најчесто, без шекер рапапа, и поретко макијато и нес фрапе,избегавам млеко.
Па не знам точно кога, почнав кафе да пијам пред неколку години. Како што ве читам сваќам дека од сите покасно сум почнала со кафето, можев и порано, ама не го сакав воопшто.
Обожавам кафе, турско ми е омилено. Ако не се напијам бар едно во денот глава ме боли, ми прска. Пијам по 2 или 3 кафиња, турско обавезно и во кафич мало со ладно . Кога почнав не знам, ваљда некаде од 15-16 години ама отсекогаш сум била љубител на кафе. Кога бев помалечка кога пиеја моите обавезно и викав на мајка ми да ми остави малце и ме караше дека сум мала и опавче ќе ми никне и не ми оставаше. Ама затоа го крадев филџанот, се криев и го лижев она талогот што останува, дечко ми го вика земја .
Не знам кога сум пиела прв пат кафе, ама било како и сите на 14-15 години, кога сум почнала средно и почнало одењето по кафичи, макијато било 100% и денес кога сакам кафе си нарачувам макијато. Инаку уживам во кафе, наутро првото утринско кафе ми е обавезно турско без него ништо, имам низок притисок мислам дека не би можела да функционирам без утринско турско. Кога учам, особено за испитна сесија се случува и по 2-3 на ден да испијам. Нес пијам ама понекогаш, ретко у кафич не ми го погпдуваат, а дома сама знам да си направам кога одмарам некогаш чат пат.
Од 7мо Со другарките се собиравме по дома, варевме турско со еден тон талог, пивнувавме по една голтка и вртевме филџан за да си гледаме Вистински кафе пијач станав на факултет, јакобс монарх има 10% заслуга за мојата факултетска диплома
Кoнсумирaње кaфе, прaвилнo ли е? Не ми е сooдветен збoр. Кoнсумирaње нa хрaнa, пијaлoци, дa. Кoнсумирaм кaфе, кoнсумирaм шпaгети?
Не сум некој голем лубител на кафе!Турско не поднесувам,а нес пијам само кога сум излезена(инаку нес почнав да пијам негде околу 15 години).
Некаде на 14,15 години почнавме со другарките да одиме по кафичи и пиеме кафе, знам само за нескафе знаевме или ќе го земевме менито и ќе порачувавме некои кафиња безвезе, Њујорк кафе, Ирско.. Турско кафе почнав да пијам во средно кога сите школски се замислувавме поголеми и демек да се расониме пред прв час Сега си пијам редовно кафе, на ден по 2-3 сигурно. Првото утринско ми е турско во мал филџан(оние за еспресо), без шеќер. А во текот на денот зависи од друштвото пијам и нес и макијато само топло.