Кафе почнав да пијам некаде на 13 -14 г.со постарите комшики само да ни гледаат на кафе . Полека почна и навика да станува па уште кога почнавме со цигарите до ден денес, не се откажавме ни од едното ,ни од другото . Денес сум голем љубител на кафето и уживам во него ,утрото без кафе не може да почне .Најчесто пијам 3 ,исклучиво само турско.
Јас пропив на факултет. Кај мене дома никој не пие кафе, а баба ми и дедо ми пиеја турско, што мене лично ми е одвратно. И стомак ме боли. Прво кога почнав, се лажевме со тие фрапиња, 3 во 1, 2 во 1, шлаг, пена ау уау... сега ептен се софистицирав, ме фаќа киселина од нив. Строго мокапот или матено нескафе, со малку млеко и без шеќер. Баш некна пиев матено нес со шлаг, како оброк го доживеав. Сега пијам кафе секој ден и се нервирам оти ме боли глава кога нема да се напијам кафе. А ако претерам, ме мава тахикардија. Не пијам којзнае колку, ама 1 доза од мокапот сигурно ќе испијам, и веројатно уште едно бескофеинско после ручек. А можев со ниедно. Навика.
Кафе почнав да пијам,некаде на моја 17 годиша возраст,моите дома пие црно кафе (турско),еднаш имав пробано една голта и никогаш не ми се допаѓало,имам другар кој многу конзумира кафе,па кај него на 17 години,пробав прв пат нескафе,и макијато,и од тогаш до ден денес,повеќе од една деценија конзумирам кафе,само макијато и нескафе Никогаш не сум конзумирал цигари,за да пијам кафе,затоа што на многу луѓе не им е јасно,како може да пијам кафе,да не пушам цигари.
На 16год прв пат ама не сум некој љубител. Еве 3 дена немам пиено и не ми фали. Пијам ептен со друштво и ретко сама.
Почнав да пијам прва средно ладно нескафе со повеќе млеко.. После тоа макијато по кафичи ама многу тахикардии ми се праеа па едно време прекинав со секакво кафе.. И сега сама многу ретко. Кафе ми е интересно да го пијам уз муабет и в кафич најчесто ладно макијато Кога учам ич не ми помага за расонување така да и тогаш ретко
Мислам дека беше кога имав околу 15 или 16 год,тогаш беше актуелно да одиш во град и да мораш да пиеш кафе,не дека морав,ама стварно сакав да пробам,гледајќи ја мама како велеше дека е навлечена на кафето.Макијато и нес кафе пробав најпрво и тоа со многу шеќер,а турското го пробав еднаш ама не го засакав,дури ни денес не го пијам,мирисот негов ме привлекува но не и вкусот.А сега се навикнав да пиам кафе без шеќер,нели поздраво било де,ама од кафето да се откажам,never
Некаде околу 10 години. Ми се свиѓаше вкусот на нескафе ама не сакаа моите да бидам хиперактивен па користев малку кафе. До ден денес приоритизирам инстант кафе повеќе од турско. Посебно со малку млеко во прав и лажичка кафен шеќер.
Сигурно на никој од вас не ви било првото кафе точно на годините што кажувате, демек кога сте биле мали не сте им лижеле од кафињата на мама, тато, баба, дедо... Абе ајде Јас немам навика за пиење кафе и никогаш не сум ни ја имала. Досега можеби и на прсти се бројат кафињата што сум ги испила цел живот. И исклучиво сум ги пиела без шеќер. Еспресо, макијато, турско, нес и капучино имам пробано. Желба за нес кафе пројавувам само кога ме боли глава, значи еднаш на неколку месеци. П.С. Ова на аватарот ми е чај
Почнав некаде на 12-3 години. И тоа почнав со турско. Не сум љубител на нескафе, капучино освен можеби макијато. Ретко можи и да се напијам какао ако претерам со турското. Инаку сум зависник од кафе. Не може да ми започне денот ако наутро не испијам бар две кафиња. Често се случува во денот да испијам и над десетина. Шта чеш, не е убаво да се одбија кога некој ти понудил, нели?
Прв пат пиев во средно кога бев негде 2/3 година и тоа само едно кафе на 4/5 месеци. Претежно нес кафе и макијато, ама затоа кога почнав на факултет пијам по 2 на ден. И тоа само ако не треба да одам некаде.
Првото испиено кафе ми беше турско, со тајфа другарчиња еден ден ни текна да си свариме, а бевме трето или четврто одделение, со денови пиевме тајно додека нашите беа на работа потоа од петто одделение натаму почнавме редовно да пиеме турско и обавезно го вртевме филџанот за да си гледаме бе Првото испиено кафе во кафич, ми беше макијато на 14 години, која радост доживеав тогаш човече Затоа сега последниве месеци турско кафе пијам еднаш на неколку дена или недели, прописно ми е згадено, а што да не ми биде кога почнав да го пијам на прерана возраст Не само кафе, и цигари тогаш пафкавме, и виски имавме по некоја голтка пивнато, на другарка татко и работеше шофер во странство, и носеше дома разни пијалоци, и оваа од отворените земаше во ѓезве и тајно носеше кај мене, се беревме во една моја стара куќа и таму правевме глупости, луда тајфа бевме, ама здрави и жилави, јер селски деца Малку забегав, ама морав да се надоврзам
Од 21.. кога почнав да работам во кафич и така. Пред тоа не сакав да чујам за еспресо или нескафе. Ама приметив во последно време ми се тресат рацете откако ќе се напијам еспресо.. знам дека е најјако кафе, ама не ми беше вака. Сега не знам дали да продолжам.
Подобро избегнувај го, и мене ми се тресеа рацето од турско и имав тахикардија, па откако пијам многу ретко или со денови воопшто не, и ни раце ми се тресат, ни бутур. Види пробај, сепак се може и без кафе
Нес пробав на 13 години, можам и без него, не ми треба. Пијам во друштво, понекогаш и сама, ама многу ретко.
Почнав да пијам кафе некаде втора година средно имав 16 години,не сум голем љубител на кафе и пијам само кога излегувам,а дома ретко ептен ако имам за учење.
12 години некаде беше. Турско. Не оти кафе ми се пиеше, "си гледавме" Да не е кафето со мене во кола сабајле, на првиот семафор ќе заспијам веројатно