Кога ке помислам на сите убави моменти од детството први на површина ми испливуваат топлината и мирисот од кујната на баба... Топло лебче намачкано со ајвар, мекици со тврдо сирење, пита со спанаќ и урда, топла пилешка супа со многу зеленчук, тавче гравче со суви пиперки, сарма од лозов лист со кисело млеко, пржено месо со праз, баклава со мак, араванија со многу ореви, преслатки ванилички... списокот нема крај Тие стари традиционални македонски специјалитети, зготвени со многу љубов од нашите баби усно се пренесувале од колено на колено, од мајка на керка, од баба на внука. Наша обврска е да ја продолжиме традицијата и да не дозволиме да паднат во заборав Темава нека биде мал потсетник на убавите бабини рецепти... зимници, компоти, макала, слатки и солени јадења... мааа се од кујната на баба Спојлер: Правила Правила нема Ако сте расположени ставајте фотки, рецепти, начин на подготовка Ако не Ви се пишува многу сако кажете го специјалитетот на Вашата баба што најмногу сте си го сакале како дете 1, 2, 3... Старт готвачки
^ Да го "скршам мразот" на темава Праз со сланина Се пржи сланината исецкана на коцкички. Се вади од тавата и во истото масло се пржат исекани кисели домати од туршија и суви везени пиперки. Кога ке се упржат се вадат од тавата и во истото масло се пржи исецканиот праз. Кога е испржен празот во тавата се додаваат сланината, доматите и пиперките. Се додава лажичка црвен пипер и сол. Се промешува иии добар апетит
Сликава ми е позајмена од нет, ги немам направено во моментов, ама сакав да се придрижам кон темава. Ова се колачиве на моето детство, баба ми ги правеше често. 2 чаши зејтин 1 чаша бело вино 1 пециво 1 ванилин шеќер Брашно по потреба за тестото да се оформи ама да биде по на-меко. Позамесувањето да се одмори тестото, па да се прават фигурички во таква форма за да може да се стави во среде мармачад, џем и оревче. Се посипуваат со шекер во прав. Колку повеќе стојат, толку се поубави.
Што е тоа мак и араванија? Од баба ми најомилени ми беа едни колачи ги јадев додека не почнев да се гушам како мала ама мора да се присетам или да ја прашам мајка ми како се прават.
Убедливо најубаво благо од детство ми е баклава со мак од баба, посебно зашто секогаш ја прави за мене специјално. Прв пат ја направив сама пред еден месец за настан со интернационална храна, странците се испотепаа за баклава. Ги разбирам, до душа. Нејзиниот рецепт: 500гр. кори за баклава Фил за секоја втора кора: 3 јајца 1 чаша (250гр.)шеќер 1 чаша кисело млеко 1 чаша зејтин 200 гр. мак Плус меѓу секоја кора попрскував со зејтин и кисела вода. Шербет 1кг. шеќер 800гр. вода 1 кесичка ванилин шеќер Ја чекам да се излади, па ставам лимончиња и топол шербет, па да отстои преку ноќ. На здравје.
Прво нешто кога ке ми текне на баба ми е тикварникот нејзин. 200 рецепти сум пробала и сеуште не сум го погодила толку убав. Што е тајната незнам. Ако има некој кој дошол до совршен тикварник (таман благ, кој не се распаѓа по печење, не останува жив внатре.. а кората да не се препече, да не мава на вкус многу на јајца...) нека сподели...
Сега ке ги пишам само името на јадењето а прва прилика ке ги зготвам Пинџур од суви пиперки +варен компир Слепи риби -тава ориз со суви пиперки и праз Каша од сирење +лук Кој сака ке пишам рцепт накнадно се е брзо и лесно за спремање а многу слатко
,@mariz ,ние тикварник правиме со мелени бисквити и ореви превкусно е пробај.исто така корите освен со зејтин можеш да ги попрскаш со кисела вода,но внимавај да не станат водени корите.
Баба ми важи за најдобриот готвач во наша фамилија, тесно се борат со татко ми, ама нејзините јадења се посебни Не можам ни да се сетам сега на се', а кога ќе зготвам нешто и ќе прикачам слики. 1. Супа и ориз со "кравско" месо Супа и ориз вакви се' уште никаде немам пробано, а мајка ми и татко ми залудно пробуваа да ги направат како нејзините. Јас успеав Телешкото месо на коцки се мие и се вари неколку часа, додека сосема не обеле убаво. Потоа се трга на страна, а во течноста се дотура вода скоро до горе во тенџерето. Се става вегета, сол, многу магдонос и моркови. Баба ми и кнедли сама прави, јас уште не знам. Вака како што е варам долго, додека морковите не омекнат убаво, а потоа дотурам малку фиде и оставам да повари уште 5 минути. Оризот се мери по човек. Две раце (како тупаници) по човек. Сецкам 2 моркова на коцки и 1 кромид. Заедно сосема малку ги пропржувам. Во загреаното тавче се промешуваат со оризот. Сецкам третина китка магдонос. Во тавата (секогаш треба да е земјена или стаклена - тефлонска, иноксна - не, зошто - не знам) се става смесата од ориз, кромид и морков, магдонос, сол и малце бибер. Се полни тавата скоро до горе со вода од супата. Се редат коцките месо и се става на печење во претходно загреана рерна на најјако (во мој случај 275 степени). Се пече така додека не испари 2 третини од водата, а потоа се намалува на 200 степени додека не се направи тенка коричка на оризот. Оризот треба да е сварен повеќе, малку пред да стане сутлијаш се трга Месото не го јадам, но оваа супа и ориз ми се омилено јадење во животот.
Каша со брашно, вода и лукче и ќофтиња, мммм најомилено ми беше, од дете немам јадено. Тој пинџурот со суви пиперки и варен компир и мене најмногу ме потсеќа на кујната на баба, сеуште го јадат со дедо ми. Една манџа свирипиле хахаха, ја мразев мислам ако се сеќавам добро внатре беше со варено јајце, пипер и нане... Може сум грешка, ама постои и како дете гладував кога баба ми ќе направеше тоа.
Ама тоа е нешто како пита? Какви кори? Зборам за тикварник како торта што е (се гмечи варена тиква и се додава јајца, брашно, шеќер, ванила, млеко) и се пече. Сум пробала и повеќе брашно и без брашно, без млеко, со повеќе јајца и помалку и пак не ми е тоа тоа Еве на ваков мислам..
Чорба од киселец и коприви Младо кромидче се запржува па се додава киселец колку една рака,коприви мозе и повеке , се од прилика -не знам мери ,се додава лажица брашно се запржува па се додава млеко ,се меша убаво да нема грутчиња,зависно од количината ,да зоврие ,да згусне малце ..мене ми е превкусно така малку киселко. друго нешто е : Ошав од зелени сливи ,а може и со суви сливи,...се варат сливите како компот се додава шекер и две три лажици густин зависно која густина ви се допаѓа,да згусне и е готово ,се јаде(пие) топло- ладно.... Други јадења од детството,зелник со праз,триен грав со суви пиперки, Тараненик-кој обавезно во неделата ми е на мени за доручек Во плехче ставаш јуфки-кори(највкусно е со домашни )пак зависи од тавчето и од тоа за колку лица треба се додава едно филџанче тарана ,се попрскува смесата со зејтин ,убаво се меша сегде да има намрсено по малце не да плива во зејтин,се става у рерна да зацрват корите па се полеваат со зовриена вода со сол ,колку да се прекрие се врака во рерна да се испари водата и е превкусно со туршија и сиренце. има уште многу други кои ете и претходно се спомнати.
@mariz ,јас мислам на тиквеник со кумановски кори го правам ,пита е моето да.ќе прашам некого за тикварник па ако дознаам нешто ќе пишам овде .
Мене најубаво сеќавање од кујната на баба и во тоа време нешто највкусно ми беше црна алва со ореви. Не се сеќавам точно на рецептот, мислам 1кг шеќер се става на оган да карамелизира, се додава 1 чаша вода и сето треба да се раствори. Потоа се трга на страна и се става брашно, какао и оревите и се меша убаво.се остава да стврдне и се сече. Одамна не сум пробала. Исто се придружувам и за колачите на @referentka и пинџурот со суви пиперки и компир на @ALISA0000 . Кај нас дома го викаа макало и додавaa лукче (ако мислиме на истото). Би додала и пешии со сиренце, питулици.... Ќе пишам пак што ќе ми текне додатно
Баба ми е најпозната во фамилијата по нејзиниот млечник (ммм, плунка ми се лачи дури пишувам), сарма, сукана баница и зелник, и качамак на старски начин, кори домашни! Друго, баба ми и дедо ми живеат на село и чуваат крава и свињи. Кашкавал, сирење, кисело млеко, урда - порасната сум на млечни производи од баба подготвени. И домашните колбаси ммм И сега често ја посетувам кога си одам дома, и ме испраќа со полн багажник храна и производи од нејзе. За жал, од ништо незнам точен рецепт бидејќи "од око" готви. Сум пробала неколку пати да зготвам, но не е ни приближно до тоа како баба готви. П.с. Бабуш знам дека немаш појма за фемина сајтот, ама многу те сакам. Да си ми жива и здрава уште 100 години, и да н ме научиш како тебе да готвам.
Еве уште едно јадење старо Кај нас викано масленица Ако сака некој ке пишам рецепт И за десерт пиварки а јас сум на режим од нутриоцинист замислите сиромастија хахаха
Поубаво е да се пишуваат и рецептите или барем состојките, да знаеме што има во јадењето. Вака слика како слика ама баш ништо не значи, освен дека е некаква храна и е убава за око
@ALISA0000 ако имаш рецепт за масленикот пиши го. Имам пробано вакво нешто, толку одамна , само знам дека беше прекрасно.
Масленица тесто месам обично 1кг-1,5кг брашно е тука за оваа тава е голема 32 број Значи се месе обично тесто 1кг брашно 2 квасец коцка шекер и сол зејтин и млака вода Ако сакаш може пола вода- пола млеко ,кисело млеко,јогурт или кисела вода јас го месам само со млака вода по на меко како за кифли Се става тестото да кисне Од кога ке скисне се размесува и се дели на 5 топчиња Од секое топче се сука кора голема колку тавата а дебела одприлика пола сантим пола прст дебелина Тавата предходно намрсена се става првата кора врз неа малце дробено сирење овчко и растопено сало со лажiче се попрскува кој нема сало може зејтин а кој сака ке му пратам тегло сало Иста е процедурата и со 2 ,3 ,4 кора На 5кора последна не ставате ништо него со нож си ја сечите како што ја сечиме баклавата на коцки Одозгоре се става свиско месо сечено на коцки предходно убаво насолено и се става на печење Ако е на потивка температура за да се изпече и тестото внатре и месото убаво Едно 45 мин до 1 саат секако се пече Напрајте го еднаш и ке ви го бараат домашните нон стоп после тоа еве го @referentka Ај сеа за домашно сите по една тава масленица