@ALISA0000 по рецептите што ги пиша,претпоставувам си од Тиквешијата..истите работи ги јадев ко дете. Од баба ми омилен десерт покрај Васината торта која е кралица,ми се “Стари гурабии”,бар кај нас се така познати,се прават од гриз и се попарени со шербет.Личат на кифлички...ваљда некој ке знае за кои зборам. Од солени јадења,приматот го зазема се што е месено/сукано. Друго специфично на кое во моментот ми текнува е тава ориз со маслинки и цели јајца(супер вкусно веге јадење) Пржени компири во сало,”Свадбински ориз” односно мелено месо со ориз,ке му дојде нешто како полнежот од сарма или пиперки.. Раванија,квадаречката е без шербет,само печена со цели јатки орев,и место шеќер има маџун,темна е Доволно пишав,прва прилика ке зготвам нешто и ке прикачам слика
Кога помислувам на баба ми, прво што ми текнува е највкусниот зелник на светот. До ден денес никој од фамилија не може да го погоди точно како неа. Друго - пишии. Доручек од детството секогаш кога бев на гости кај баба ми и дедо ми. Домашна тарана и јуфки - исто, никој не може да ги направи како што баба ми ги правеше. Не можевме да се изнајадеме, со сиренце. Каша со брашно и вода, лук и тврдо сирење, прсти да излижеш. Рецепти имам од се’ запишани, ама ништо од ова не сум правела во скоро време, па немам слика.
Ох, бабичка моја беше домаќинка над домаќинките... Правеше преубави штрудли со мак и мармалад, зелници, гибаница, реформ тортата, која е нааајубава торта и и нема рамна дефинитивно. Ќе сликнам неколку рецепти после од нејзините тефтери, полни тефтери рецепти чувам од неа. Нема што нема. До подготовка на кифлички, до благи, солени работи, се... Браво за темава. Да однесам дете на градинка и ќе се вратам во темава. @ALISA0000 сакам рецепт инаку од тој пинџур од суви пиперки со варен компир. Ми делува многу познато, а не знам која баба е можно да го има правено .
@LadyC Мораш да се снабдиш со врвца суви пиперки одприлика пола врвца ти треба е пошто си си сама доволно се и 10тина пиперки само за тебе Ти требаат благи и една лута пиперка за малце да налутнува Компирот се варе во солена вода исечен на коцки ,од кога ке се сваре се пасира како пире Истото и со пиперките се дешава се варат , и кога ке се обарат им се вади мевцето што е внатре или ако имаш блендер изблендирај ги дирекно со лушпа (коа ке блендираш додади малце вода во која се вареле пиперките) па додади ги во пирето од компир Лукче ситно изсецкано и сол се додава во пирето и пиперките и на крај се чвркнува со врел зејтин Едноставно и убаво и обавезно домашно замесено лепче за ова јадење сликата е од нет ја ставам за да ја видите како треба да изгледа оној однос пиперка-компир значи да не е на компир само и да е белузлав него пола пола
Многу ти благодарам! Имам проблем само, не знам кај можам суви пиперки да купам, ако знае некоја нека ми каже, ептен брзо сакам да го направам ова.
На пазар на пример. Ако сеуште си во Козле, во дуќанчето на раскрсницата има суви пиперки низи. Плус имаш суви во кесенце во КАМ.Додуши овие во КАМ ги имам пробано, малку ,,удираат,, на хемикалија (сигурно се сушени по хемиски пат) ама кога нема други- арни се и тие.
види прашај по овие пиљарите гарант некаде ке најдеш не ти треба цела низа нека ти стават 10-15 благи и една две лути доволно ти се
Ммммм Баба ми го правеше со тиква, гриз, јајце и млеко најубав на свет. Сонувам за гравчето на другата баба. Имаше посебен шмек. Никако да ми се погоди.
Леле па гризот да не е тајната Не сум направила со гриз до сега. Давајте рецепт со гриз Го имам готвачов и тука има доста убави стари рецепти... Ама некако научна фантастика ми се. Освен ванилички што имам направено од тука, друго не сум пробала... А во план сум да испробам.. па ке споделувам..
Бидејки син ми е на безглутенска исхрана сакам да си направам и безглутенска тарана. Како? Со што? Што е ѓерѓев? (Сиг не постои ова веќе ) Јуфки му направив сама, па сакам и тарана. Порано секогаш си правеле тестенини сами.. особено јуфки. (Купените тестенини без глутен ич не се убави...). Јуфките ни излегоа супер.
Може си слушнала па за дрмон? Округло метално чудо, налик на цедалка ама е како решето ама малку рапаво, како рендињата што се..на него се поминува тестото за да се добие тараната
да се надоврзам еве со слика и дрмоњот е дел до македонската традиоционална кујна у замена за него може да помине и ренде на покрупните дупки
Имам ренде со чудни кругови има дел, ваљда ке заврши работа. Утре ке правам и јуфки па ке пробам и тоа таман. Не ми текна на ренде.
Зимското мени на нашите баби изобилувало со макала подготвени со суви пиперки. Иии... домакинките биле креативни, рецепти има мнооогу Макало луто/благо со суви пиперки 20-сетина везени суви пиперки се запекуваат на кратко во рерна. Се чистат од семките и се кршат на ситни парченца. На оган во тенџерче се става зејтин и откако ке се загрее на кратко се пропржуваат искршените суви пиперки и сецкано лукче. Се додава доматна салца, се посолува и се остава да проврие неколку минути. Ммм, многу убаво и пикантно макало Спојлер: Пиперки Посебен поздрав до @Bridget Ова ми е од домашниот "арсенал"... три вида на црвени суви пиперки Прочитав прашувате каде има везени суви пиперки... На пазар, во подобро снабдените пиљари... нооо следната година може да има и кај Вас дома Кон крајот на август на пазарите има црвени, везени пиперки... купете, нанижете и исушете. Зимата е долга, а макалата се превкусни
Дури и печењето тиква е уметност на готвењето. И ова го научив од баба Знате која тиква е најбава за печење? Таа што е сува со малку вода во составот и со голем процент на шекери Тиквата се сече на пола, се чисти од семките и од мекиот сунгераст дел околу нив, се сече на парченца не многу дебели, се реди во тава и се пече додека не омекне... подолго време, околу 1h i 30 min на 200°C Испечената тиква по желба може да се посипе со мед и цимет... но и без додатоци е прекрасна.
Уште еден стар македонски рецепт од кујната на баба Кромидарник Кратко се пропржува поголема количина сецкан кромид (околу 1 кг). Се додава пола шољичка ориз, сол, зачин, бибер и една лажица буковец. Се полева со вода и се потпекува во рерна. Се сервира со пржена риба. Истото јадење... втора варијанта Пред целосно извривање на течноста во кромидарникот се кршат јајца и повторно се става во рерна да се потпече. Многу едноставно, а превкусно јадење... знаеле нашите предци да се хранат убаво