Темава си е моја... и само моја Никоја од Вас нема тефтер од баба? Зелник 1 кг брашно 500мл топла вода 2 лажички сол 1 лажичка шекер Квасец Зејтин Се замесува тесто и се дели на 11 дела од кои се обликуваат топчиња. Првите 7 топчиња, секое посебно се расукуваат во не многу голем круг. Се редат едно врз друго, премачкани со зејтин. На последното парченце се става брашно и со помош на сукало се расукува голема кора (треба да ја покрие цела тава, а краевите да "висат" надвор од неа). Од следните две топчиња (мегу нив исто се премачкува зејтин) се расукува кора голема колку тавата за печење. Се ставаат врз големата кора на дното од тавата и по цела површина се распоредува пржена кисела зелка. Од последните две топчиња исто се расукува кора и се става малку "набрана" врз зелката. Со краевите што висат надвор од тавата се затвара зелникот т.е се прави витка. Се остава да стаса и се пече во загреана рерна околу 45 минути.
Комат по охридски. Ти ги ставаш рецептите и за нас Сакам јас топеница да направам ко што ја правеа на времето, ама рецепт немам нема кој да ми каже. Ниеден од рецептите од бабите не се запишани, а и мајка ми напамет ги знаеше, не ги запиша никаде. За тоа ми е криво.
Крашникот од баба ми Се прави дома со секакви варијации, некогаш спанаќ, некогаш кромид Внатре пашката е празна Тестото е обично Млака вода замесена со квас, малку шеќер, сол и зејтин ,,Долма,, по наше Полнети модри патлиџани Се што е од летен зеленчук , домат, чушка, средината од издлабениот патлиџан, бамја,морков, се запржува со зачини, се полнат издлабените патлиџани и се пече. Се надевам не е проблем што ги има сликите во ФИ
Маа нема проблем ке си постирам јас тука стари рецепти Меморирани ми се многу рецепти од времето кога бев дете и се врткав околу баба ми во кујна. Мајка ми ја продолжи традицијата и многу често на мени ни беше храна за која што денес во рака треба да се земе прастар кувар... плус имам и 80-годишна свекрва која што во секој момент можам да ја прашам за совет Ке ми биде мило ако и Вашите кујни понекогаш замирисаат исто како кујните на Вашите баби Еее да Ви кажам за комат... Кога бев трудна со вториот син летото бевме две недели во Маврово. Во хотелот каде што бевме сместени имаше апартмани со кујни па сами си ја подготвувавме храната. Жените што се грижеа за хигиената во хотелот намирисале дека од нашиот апартман секој ден се шири миризба на печено тесто... и еден ден ми побараа на заем брашно, другиот ден ке ми донеселе од Гостивар, ама тој ден решиле да испечат комат. Им дадов, мислев дека ке си месат леб.... По два часа ми чукнаа на врата и ми донесоа баница, превкусна Ете така дознав дека комат е тесто со фил од сирење/месо/спанаќ... дотогаш мислев дека е леб. Мала МК со различни имиња за ист вид на јадење @ALISA0000 мммм... оваа твојата масленица никогаш не сум ја пробала... морам да направам прекрасно ми изгледа @duffi долма, крашник... прв пат слушам, во мојот крај не се на мени. Нооо вкусно ми се гледаат, ке ги направам @dayla баклавата со мак е превкууусна
I baba mi pravese topenica. Star leb go ronese mu dodavase malku maslo,roneto sirenje,i go potpekuvase vo rerna.Ako mislis na ova. Bas utre ke ja preprasam majkami i ke spodelam.
Не. Се вари пченкарно брашно како за качамак, се рони и се растура во намастена тепсија, па се посолува убаво и се потпекува. Точно не знам како е. Ама е вкусно. Тетка ми останува да ја прашам, на мајка ми сестра. Убаво е да имаш кого да прашаш.
Јас потпржувам колбавчиња и маслото од заедно со колбацчињата го турам ги мешам убо убо да упиет лебчето и после врелна го потпеквам..убајни
Уште едно рецептче од кујната на баба Нашите баби го готвеле само во летниот период кога намирниците ги береле директно од зеленчуковата градина... Ние денес сме "привилегирани" домакинки, во секој период од годината си имаме се Ѓувеч Се пропржува кромид и морков, се додава модар домат и сецкано лукче. По кратко пржење се додава мелено месо или парченца месо Откако ке се упржи месото се додаваат домати, па останатиот зеленчук, грашок, боранија и коцкички компир Се додава сол, зачин, бибер и црвен пипер. Се промешува, се полева со вода и се вари додека омекне зеленчукот
Пак јас Ако не го постирам моето најомилено јадење од кујната на баба ми, џабе везам на темава Тава ориз со пилешко Едноставно, лесно, но за мене кога бев дете, најубаво од кујната на баба. И јас го подготвувам, но не е исто. Пред 45 години оризот беше од домашното производство на дедо, а кокошката / петелот беше истрчано живинче по двор... Тие вкусови се неспоредливи со денешните
Руска салата, витаминска салата, сецкана салата... има повеќе имиња, ноо прекрасна е во зима Сите рецепти за зимници ми се од тефтерот на баба ПС Оваа година касно се сетив да сликнам... салаткава ја правев последна. Ајварот, лутеницата, џемот, потпечените пиперки... ги оставам за други години
Баба ми правеше млечник со тиква и кори (со купени кори), ако има некој рецепт за таков млечник со тиква нека пише рецепта, сега е сезона на тиквите и сакам да направам.....Тој десерт ме потсеќа на есен од детството.
Парени полжавчиња... мммм Сум ги заборавила колаченцава... барајки посни колачи ги најдов во старит тефтер. Нашите баби многу често правеле слатки попарени со шербет
Колачиња од детството,мајка ми кај нас ги правеше. Одкако ќе впиеја ос шерберот следеше мојата работа,валкање во кокос Ај рецепче плис
Парени полжавчиња 3 шољи вода 2 шољи зејтин 3 шољи гриз 1 квасец прстофат сол 1 ванилин шеќер 2 лажици какао Брашно по потреба 600 гр шеќер 500 мл вода 2 ванилин шеќер 1/2 сок од лимон * Шољите се од 100мл Се меси средно меко тесто, се дели на два дела. Во едниот дел се додава какао. Се формираат по две топчиња од двете теста. Се расукува кора од секое топче. Врз белата кора се става кафеава, се расукува малку да се залепат и се формира ролат. Се сечат парченца, "стасуваат" и се печат на хартија. Оладените колаченца се ставаат во врел шербет. ПС Јас не ги валкам во кокос. Во тестото ставам цимет
Старинска каша Ако ги пржите кофтинњата зачувајте го зејтинот ,ако ги печите користете нов зејтин На загреан зејтин ставите 3 големи лажици брашно да се пржи,после додадете 1 л голема црвен пипер. Веднаш додадете ладна вода околу 1л Изсецкајте многу лук ,изрендајте еден патлиџан и ставете некоја кофтинка внатре,црн бибер повеке ,вегета и сол Намалете ја температурата (во мојот случај 3 од 6 ) и оставете да се вари некои 20 минути
Значи @ALISA0000 ептен фала за рецептов.Како си ме израдувала. Па маж ми неколку години веќе спомнува за ваква каша дека му се јадело а јас не знаев како се спрема. Кај мајка ми не сме јаделе вакво нешто,не ни правела и појма немав. А сега по сликиве гледам дека тоа е тоа он што ми зборувал .Верувам дека многу е вкусна. Ќе го израдувам некој ден. Фала ти многу
Е што ви требаше сеа ова ,ме настрвивте ептен со кашава. Ви верувам дека е превкусна. Јас секако си сакам каша ама оваа на сликава сега ептен ја мислам. Ќе се прави обавезно.