1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Од пракса,обука,курс до вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од one87, 22 ноември 2012.

  1. one87

    one87 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Здраво. дали има некоја со вакво искуство да оди на пракса некаде и да ја задржатна работа? Имам одено на пракса на неколку места и на крајот е секогаш чао. Сега се мислам за пракса во банка ама незнам дали вреди ...
     
  2. joanna90

    joanna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    31
    од пракса до вработување

    Немам искуство да сум одела на пракса и да ме задржале, ама имам искуство со пракса во 4 наши банки и 2 други иституции и секаде е истото, завршуваш со пракса, поздрав мило ни беше и тоа :) А сум се трудела максимално, прекувремено останував заедно со нив до ниедно време, до 20h имало денови кога сум работела.
     
  3. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    од пракса до вработување

    Во странство да.
    а во Македонија не знам.
    но јас би ти препорачала да прашаш пред да пробаш со праксата дали и колку има шанси да те задржат таму па тогаш одлучи се.. со срека :)
     
  4. Ani.cka

    Ani.cka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    26
    Од искуство ти кажувам- Не си давај само лажна надеж... :| Практикантите се само за да пополнат место и време на некој/некоја што веке е сигурно дека ке се вработат само се чека да се досредат документи, дипломи, факултет и слично. ПОГОТОВО во банките!
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа беше порано во комунизмот, од школска клупа на работа ама сега ЈОК!
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.758
    Јас имам еден близок кој по праксата го примија, и тоа во солидна компанија, со сосема ОК плата. Мислам дека имаше многу среќа, затоа што двајца вработени кои работеа во истата област дадоа отказ, а во фирмата немаа друг што го работи тоа.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Можеби до скоро. Ама откако праксата ја направила задолжителна,ова е само уште едно средство за ползување на работна сила за без пари.
    Можам да набројам неколку поголеми фирми во земјава кои многу добро го искористуваат тоа на сметка на својот углед...
    Дрско и безобразно е,ама тоа е.
    Нема повеќе вработување пракса,па работа. Едино ако бидеш среќник да се ослободи некое работно место во фирмата меѓувремено,ма да и за тоа ако е посилна,ти требаат дебели врски или нешто за компензација.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    ^ Жива вистина.

    Експлоатација до ниво на ангарија. Кога ќе размислам подобро, тоа Е ангарија по дефиниција. Лажат млади луѓе и им ја креваат надежта дека ќе ги вработат по шест (?!) месеци пракса, арно ама ретко кој може да го издржи тоа. Требаат пари.

    Па ќе си отиде еден, ќе дојде друг, нова надеж, ама пак истата приказна. 90% од друштвото ми се има најдено во таква ситуација.

    Јас изгледа ептен одличен сплет на околности имав, прво почнав со пракса, ама ме вработија по нецели три недели.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    ^ Да знаеш дека треба да си среќна.
    Јас ова и од свое искуство кое за среќа се опаметив по некој месец до душа,а и од искуство на други.
    Да не ги именувам кои големи фирми тоа го прават,мислам срамно и бедно е. А после ќе чуеш некого вработиле,а ни оглас немало. Онака од нигде никаде баш. За чудо сега една голема фабрика (да не ја именувам,ама навистина успешна) исто така интервјуа,вработувања,ама се чуло,па ајде на брзака испраќале оглас за да не ги казнат.

    Значи зборувам за големи фирми од по над 500 вработени...

    Секаде е така. Ти даваат крилја па ти ги сечат. Имам прекрасни препораки, прекрасни зборови, не за лепе очи, зошто навистина сум се трудела,ама за џабе. До душа искуството што го стекнав навистина ми е одлично и не само професионално и воопшто работата со луѓе, а и научив колку може некој да биде расипан. Зошто си практикант, нели те гледаат како фин,млад и наивен,неискусен и секој си дозволува свашта да збори за секого пред тебе и сите така... Значи ајде тоа што професионално си се надградив на различни сегменти , ама ова искуство секаде го имав. За сите се научив и онака ми одеше пред да си заминам да им раскажам на сите кој што за кого мисли,баш ќе беше забавно. :D Ама научив дека на работно место во никого не можеш да имаш доверба,па дури и во тие што мислиш дека ти се супер колеги. Зошто гледав повеќе ситуации на добри колеги кои пред мене се оговараа што беше незанемарливо зошто имаше и кодошења и цинкања кои можеа и да повлечат последици.
    На едното место ме ставија во долга процедура, шта да ти причам,кога на крајот нема шанси да ме вработат или ќе биде неизвесно и нервозно цело време,душата да ти пукне. И жал ми е што гледам дека се повеќе се лажат да одат низ тој процес,ако ме разберете за што зборам,можам само да ви кажам, немојте. На другото ВМРО-вска врска се бара,а на третото СДСМ-овска и блиски на нив. А во секторите каде што бев вработените беа супер задоволни и на совети со шефовите сите ми го рекоа истото,имаш препорака од нас,ама барај врски да останеш... Е тоа... не го коментирам. На четврто место хонорарец, ама тоа беше сосема трета ствар и се вбројува во баш работа, најмногу се пронајдов. Барем вака-така се пронаоѓаш за каде си и што сакаш,ако не работа.

    Не знам,жално е во државава ова,што секаде треба некој да те пикне, секаде нешто треба да дадеш за да добиеш и нема пазар на труд.
     
    На eliesaab, Saya, Puflice и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Лилит,колку сум само во иста ситуација.Те разбирам многу добро и сочуствувам со тебе,шефот да ти каже те сакаме овде,ни требаш ама потруди се да си најдеш врски за решение да добиеш,катастрофа.Цел живот ти е на пауза поради таа неизвесност.
     
  11. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Секојдневно се соочуваме со коментари од типот: „Овде во нашава држава нема работа“, „Џабе ни се дипломите, само фаќаат прашина по дома“ и сл. вакви изјави.
    Но, дали воопшто ние преземаме нешто во однос на овие прашања?
    Според мене, има работа, секојдневно нови огласи за работа и сл. Дали верувате на огласи или сметате дека е „наместена“ работа?
    Исто така, многу често имаме огласи за разни обуки, курсеви и пракси кои по завршувањето ни нудат реална можност за вработување...
    Каде да го бараме виновникот за огромниот процент на невработеност во нашата земја?
    Дали некој дел од вас на форумов дошле до вработување по завршувањето на обука,курс,пракса?
    Би сакала да споделувате мислења и искуства, верувам дека би ни биле од корист :)
     
    На edenandrej и fallenangel им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Познавам едно девојче беше на практиканство како медицинска сестра во една ординација. Работеше 3 месеци толку трае нели и практиканството па не ја вработија.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Убаво е да одиш на обуки,курсеви т.е. да имаш неформално образование покрај формалното. Но ако немаш врски само ќе те користат и ништо озбилно нема да излезе а времето минува.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.