Нова серија (11 Март 2014) базирана на еден од моите омилени филмови ( Од самрак до зори) и повторно под режисерска палка на Родригез. Приказната е истата, ликовите се истите Сет и Ричи, само со подлабоко прикажување на настаните кои претходеле пред пристигнувањето во Titty Twister. Новиот Сет навистина достојна замена за George Clooney . Првава сезона ке има 10 епизоди, втората веќе најавена со 13 епизоди. Ја препорачувам на љубителите на филмот или на овај жанр. http://www.imdb.com/title/tt3337194/?ref_=ttep_ep_tt
Се израдував кога видов дека има тема за ова серија. Многу слабо активна ама да си кажам... ова серија ми стана омилена! Поразлична е од останатите серии и тоа ми се допаѓа. Првпат кога ја почнав ми беше многу досадна, ама како одев подлабоко се подобра и подобра стануваше и сега сум опседната... Сите ликови се навистина добри, всушност тоа е тоа што ме влече во серијата, ликовите, од кои омилени ми се Кејт и Сет, но Ричи и Киса се тука некаде исто така. Браќата се навистина одлични, обожавам кога работат заедно а и добри се на око. Но многу ми се допаѓа врската помеѓу Кејт и Сет (без разлика дали романтична или не), втората сезона беше навистина добра. И сега едвај чекам за втората епизода од трета сезона, ке биде многу интересно со новиот лик Амару!