Се случува да имаме некои состојки дома, а да не знаеме што со нив. Па може тука да се наведат и да добиеме интересна идеја. Јас моментално имам брашно, јагоди, банани, сода, какао, јајца, шеќер. Би сакала нешто благо да испадне, ама не сум ич креативна, па ако може некоја идеја.
@RainBow наjдов еден линк ( подоле ке го ставам). Колач со банани. Е сега во рецептот има и ореви, се надевам може да помине и без нив доколку немаш. Не сум до толку готвач и jас. Но доколку не ти помогне тебе, на некоj друг може ке му се наjде. http://skopjeinfo.mk/bez-jajca-bez-brashno-i-bez-pechenje-recept-za-chokoladen-kolach-so-banana
Охооо за домаќинка како мене супер е рецептов, фала ти. Ќе земам утре лешници не сакам баш ореви и ќе го направам.
Супер ти е темава Гледам немаш млеко, па еве ти ваква варијанта. http://www.yummly.co/#recipe/Strawberry-Bundt-Cake-1073908 Какаото не го видов нигде во рецептот, ама можеш да го додадеш во сувите состојки ако сакаш. Инаку странава - jummly е супер, затоа што можеш да си селектираш филтри според состојките што ги имаш. Нешто ко идејава за темата што ти е.
Не ни знаев дека постојат вакви страници (иако, нели, нормално дека постојат), ама ту компликејтед ми е по такви рецепти да се водам, и нешто немам обавезно, а и едвај ги погодувам овие нашиве со точни мерки што се, па затоа тука да си прашам најубаво. А мислам ќе послужи и на други безидејни души темава.
Сигурна сум дека имаше другарка ми ваква апликација каде пишуваш што имаш па ти дава рецепт, баш ќе ја прашам после дали се уште ја чува. Многу ми се допаѓа темата. Јас обично си берам видео рецепти и кога вака сум лимитирана во фрижидер си отворам таму да видам што можам да смачкам колку да не останам гладна. @RainBow имам рецепт само има плус јогурт од ова што имаш пишано, на лето редовно го правам со било кое овошје, многу е освежителен: 2 јајца и 5 филџани шеќер (оние кои се помали) - се матат. Се додава една шолја јогурт, 7 филџани (пак истите) брашно, едно пециво и два филџани масло. Од горе се реди овошката, а кога имам водлести овошки како праска ги мешам заедно да биди овошката внатре и иди многу сочно. Се печи и посипува со шеќер во прав. До сега го имам правено еднаш со праски, друг пат со банана, па со јаготка и еднаш со грозје. ---> Палачинки со банана внатре. ---> И ова можи со банана да се направи и домашно чоколадо за кое ти треба какао.
Еј супер тема! Баш денес размислував да направам нешто благо и тоа конкретно како колач-торта, она јајца, брашно, пециво и... и не знам што друго требаше? За на крај од горе да ставиш некое овошје(во случајов имам замрзнати малини и сакав да ги искористам) и да се допече и после може шеќер во прав. Ама точно што се требаше и колку не знам Ако знаете кажувајте! Или нешто слично во тој стил. Имам и јагоди свежи @theowndemon дали е тоа што си пишала, тоа што го барам? сега убаво те прочитав
Дали имате нешто со пилешко или телешко? Имам компири, златна мешавина, јогурт, млеко такви работи, неколку јајца, малку брашно, домат. Знам дека многу работи со ова можи да се направат ама јас не сум најспретна в кујна и сем да насецкам и да печам поинаку не знам, а ветувам многу добро се држам до рецепт. Еве сега гледам и на нет нешто, мајка се сожали ме остава да прам ручек.
@theowndemon испржи го пилешкото, направи бешамел сос со брашното и млекото, компирите свари ги заедно со златната мешавина и од доматот можеш салата да направиш.