Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Знае некој кога ќе излезе следнава епизода???
     
  2. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    На 24.01.2011 :(
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Старо е неколку денови, ама сепак...

    Блер си оди од Gossip Girl

    За жал, ова не е шпекулација. Лејтон Мистер попозната како Блер од ултра популарната серија Gossip Girl вели дека е цврсто одлучена да ја напушти серијата...

    ...но за 2 години од сега.

    Лејтон, која што глуми во новата музичка драма “Country Strong” изјавила за EW дека иако ужива во работењето на серијата и живеењето во Њујорк, време е да се посвети на следните нејзини проекти.

    Па, зошто 2 години? “Затоа што сум врзана со договор”, вели таа.

    Според шпекулациите, минатиов август нејзината колешка Блејк Ливли (Серена) исто така сакала да излезе од серијата, но овие гласини биле негирани од главниот продуцент на серијата, Џош Шварц.

    Покрај Серена, овие гласини се слушнаа и за контроверзната Тејлор Момсен (Џени), но не на нејзино на барање. Продуцентите сериозно размислувале да ја отпуштат поради нејзиното крајно недолично однесување.

    Дали со заминувањето на Блер од серијата, истата ќе заврши останува да видиме за 2 години од сега.

    Извор
     
  4. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Новостите напишани погоре од Sparks и ја ги прочитав пред некој ден, и баш се израдував си реков: добро е, ќе има уште 2 години ГГ :) Шест сезони се сосем доволни за една серија според мое мислење. Ќе биде супер да продолжат уште некоја година, но јас лично не верувам. Баш добро од Лејтон што кажа во јавност уште колку години се обврзани да снимаат ГГ, да не бидеме изненадени после :)

    Баш би било јако доколку ја вратат Џорџина од јануари па натаму, или пак Џулиет да ја вратат да прави сплетки, баш ми се допадна. А за Тејлор, па и имаат право, нека ја избркаат, па слушнала ли таа девојка за облека или што? Се само по прслуци и брусхалтери се шета ццц..... Иако и Џени ми се допаѓаше кога правеше сплетки. Ма сите негативци ми се допаѓаат, само сплетки и напнатост нека има :) И да го вратат Чак од прва сезона, bad boy :inlove: :D
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ако си заминат Лејтон и Блејк, и ако продолжи да се емитува Госип Грл без нив, нема тоа да биде ТОА... :)
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    во книжара видов дека имаше 11ти дел книга gossip girl.Е сега дали една книга одговара на една сезона не знам :)
     
  7. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Јас колку што знам во неколку книги од Госип Грл писателката имаше пишувано за скандалозниот живот на едно семејство Карлајл, па мислам дека кога ќе си заминат овие од серијата, на нивно место ќе стават нови што ќе ги играат Карлајл. Ама сепак не е интересно без нив :(
     
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Прво, супер ќе биде ако се направат 6 сезони од серијава. Не знам од каде ќе најдат инспирација за уште 2 сезони, но по мое тоа е супер. А Лејтон исто така по мое НИКОГАШ нема да си замине од серијава (се разбира доколку има еден грам мозок во неа). Моментално е на пат да постане новата Кери Бредшо, мал милион тинејџерки ја именуваат како нивни идол, и се пробуваат да ја копираат. Исто така огромен е бројот на фанови кои кога ќе ги прашаат кој им е омилен ТВ пар, веднаш ќе кажат Chair (oдносно Чак и Блер нели). Карактерно, речиси сите сакаат да се Блер, ретко кој ја кажува Серена во тоа поле. Поголема слава од оваа нема никогаш да доживее. Затоа верувам дека менаџерот (ако го има) порадо ќе ја обеси, отколку да ја пушти да си замине. Јас барем не би ја пуштила.

    А ако во некоја случај си замине пред да заврши ГГ, на серијава се знае што и следува, иста судбина како на Округот Оринџ по смртта на Мариса.

    Така да, по мое најдобро ќе и е да си седи и да си ги ужива уште тие години слава што и престојуваат како нашата омилена Блер Валдорф.
     
  9. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Па нема да си заминат дури не им истече договорот, ама после е многу веројатно дека ќе ја напуштат серијата.
     
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Многу долга пауза е ова бе. Месец ипол.
    Ме изненадува зашто очекував божиќна епизода.
    Штета... ме разочараа.
    Нема да го видам дури ни на филм Њујорк во новогодишно 2010/11 руво ;(
     
  11. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Атеншн атеншн!
    Спаркс се бара!
    Пушти А1, еве ти ја аватарката :) .
    Филмов што го даваат моментално го имам гледано многу пати, а Џорџина ја знам од негде од негде... не ми текнуваше никогаш од каде :lol: .
     
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Хехе, филмов го имам триста милиони пати гледано, и пак ми е интересен. Само неможам Мишел да ја замислам во улога на добар карактер, како Џорџина многу повеќе и лежи. Во втора сезона кога Чак ја најде "просветлена" срцето ќе ме стегнеше за малце, реков појде во неповрат, ама се излажав :D

    Eдвај чекам нови епизоди со неа :)

    П.С што не ме праша, одма ќе ти кажев од каде ти е позната :D


    П.П.С САМО ШТО ДОЗНАВ НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНАТАМОШНИОТ ТЕК НА ГГ. ИМА ОГРОМНИ СПОЈЛЕРИ И ТОЈ ШТО НЕ САКА ДА СИ РАСИПУВА НЕКА НЕ ОТВОРА. ИМА ПРЕМНОГУ НОВИ ШОКАНТНИ СИТУАЦИИ.

    Ден и Блер ќе се смуваат, тоа е потврдено. Серена ќе дознае, и толку ќе се налути на Блер, што Блер ќе одлучи да си замине. Потоа ќе се сретне со Принцот Луис, кој го памтиме од почетокот на 4 сезона. Чак ќе има нова девојка Рејна или така некако, за која најпрвин ќе биди од интерес, но после ќе ја засака. Во хотелот ќе се случи пожар, за кој ќе биде обвинет Чак. Чак не е крив, и има само еден сведок, а тоа е Блер, но не сака да ја вмешува во целата ситуација, ја превзема вината и ќе заврши во затвор. Потоа Рејна ќе го изневери со Нејт.

    Ова не да биди драма, драма и пол ќе биди.
     
  14. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    ^^ лелееее :o :o :o
    значи секој со секого излезе работава.. а до крај може мажите ќе се смуваат меѓусебно, и жените, зашто не остана друго.. глупости |( |( и чак и нејт до кога ќе мењаат девојки? не ми се свиѓа....но ајде ќе видиме може нема толку лошо да изгледа :)
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    И на мене не ми се свиѓа!!!Значи Блер на некој начин ќе и се одолжи на Сереничка.
    Тие нашле да даваат пример за другарство, кога ниту еден не успеа да се воздржи од мување со бивш/а или дечко на другар/другарка.
    Тогаш незнам што би се случувало во петта или шеста сезона???
     
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Хех, ако (Дај Боже) има нови сезони, само нека ги направат добри како четвртава. Во оваа сезона немаше досадни епизоди, за разлика од третата, која не беше ништо посебно.

    Серена и Блер се караат во секоја сезона и пак се смируваат, и во оваа така ќе биде, но мислам дека тоа ќе трае мноооооогу подолго отколку обично што ги смируваа на 2-3 епизоди.

    А за Нејт, очекувано дека ќе го смуваат со нова девојка, кај издржал тој епизоди сам :lol: :lol:

    П.С си имам нов аватар од Џорџинка.
     
  17. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Моја проценка е дека ќе има уште 2 сезони, незнам, многу е голема гледаноста, и обично тогаш повеќе се снима. Како што прочитав и договорот им важел уште 2 години.
    Според тоа што го пишаа некои форумџики Блер сакала да ја напушти серијата, изгледа си ја кренала цената, неверувам дека поголема популарност од оваа со ГГ може да доживее.

    Јака ти е Џорџинка :lol:
     
  18. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Спаркс јас се надевав дека не е точно тоа шо го мислев дека ќе го направат, сега ти ми потврди :(
    Инаку 4тава сезона е неверојатна, се надевам нема да ја упропастат, а и дека и 5-та и 6-та ќе ги направат како оваа :)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    January 24, 2011
    January 31, 2011
    February 7, 2011
    February 14, 2011
    February 21, 2011

    гледате како ќе ни надокнадат за волку чекање :D
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    На Sparks му/ѝ се допаѓа ова.