Значи ја обожавам серијата..Прекрасна глума, актерки и актери..Мислам дека нема смисла да се спредува со оние шпанските и актуелните турски сапуници ..Навистина серија што вреди да се гледа и да се троши времето на неа..Најмногу ја сакаам Блер(идол ми е) :lol,а со Чак се најубаав пар..
Излезе уште едно промо. Го немам погледнато, така си ги расипав претходните епизоди, не сакам и оваа. Кој сака, повелете Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=Jg5NG8eiQp0
Промово нема звук. Така е зашто е правено со screen capture, на некој сајт (ми личи на тој официјалниот сајт на ГГ) е гледано видеото со screen capture го снимале и одма на youtube. Дефинитивно интересна ќе биде епизодата, едвај чекам!! Спојлер Во промото најинтересно ми беше кога Блер го зграпчи Нејт за задникот. Штета што не можев да слушнам што му кажа пред тоа
Омилени? Чак и Блер! Каква хемија постои меѓу нив двајца, ниту еден друг пар во серијата ја нема http://www.youtube.com/watch?v=iYsnBaBq ... re=related Еден од најубавите моменти во сите сезони Едвај чекам понеделник
Камо торент од новата епизода? s04e12 ? Сега симнувам еден, Бог знае фејк ли е, или не. Успат ако најдете и од 90210 нема да штети да го постирате. Благодарам.
Трендафилка, сигурно е лажен торентот, епизодата се уште не е ни емитувана.Оригинал ќе има накај 5 сабајле
девојки ај кажете ми сега вака,јас филмот си го гледам на цели сезони,неможам да дочекам една по една епизода да ги гледам,ама додека не заврши емитувањето на 4тата сезона неможам да јас спуштам нели? значи треба да чекам некаде до средината на февруари или...а може ли барем сите до сега што се емитувани да си ги симнам?ако ме разбравте што сакам да прашам...
Да, во право си. Така си е, во вторник сабајле излегуваат кај нас. Од возбуда не ни помислив на датумот, утнав сосем, а и од многу серии ми се испомешаа сите. Девојки, се извинувам, во право е Феминчето наше, утре излегуваат и двете, уште во 09-10 сабајле има веќе торент. Моја грешка.
И јас се зезнав така еднаш во понеделник, си се симнуваше нешто долго време, јас си чекав си чекав, мислејки дека ми се смнува новата епизода...И на крај гледам ми се симнале сите претходни епизоди од сезоната, и отиде нетот за цел месец... Утре едвај чекам да ги гледам и ГГ и 9210...
Eх што сакам Савиџ и Шварц утре едно изненадување да ми удрат - да ја има Џорџинка во епизодата и сите да ги ремети... Мора да ја вратат до крајот на сезонава, мора! А да, и ако ги спарат Ден и Блер, ќе ги скролам тие сцени. Не морам таа "врска" да ја гледам.
Oпааа, и вечер (кај нас заостанатите утре сабајле) конечно , после месец дена хистеришање (ШТООО, на 24 Јануари нова епизода, што им е нив !!!)нова епизода. За прв пат во годинава, па уште какви сцени во трејлерот мх мх, абе да не заспиеш вечер ))) еден поздрав со совршенствово
Најубавата серија....... а посебно ЧАК МОЈ... го обожавам! Kолку пати сум скокала од радост на некои сцени ..Тие што не имат изгледано ниедна епизода нека почнат, има и што да видат! поздрав до вас
Да бре они се 5 часа назад - позаостанати, или можеби не се .. кога ќе подразмислам )) се, ама само со време, ама пак сме заостанати бре не можеме онлајн да гледаме, "Sorry, this content is not available in your location " ова на официјалниот сајт на cwtv ме излудува