Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Можеш да ги симнеш епизодите од четврта сезона посебно. Јас ги имам симнато до 11 епизода од Zamunda, не сум проверила дали ја имаат ставено и 12.
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    http://www.megavideo.com/?v=1038PP8U
    ^ линк за онлајн гледање.
    И јас се возбудив, наполнив и сега седнувам со кафето :)
     
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Излезеноват епизода ...
    Но ништо посебно во оваа епизода,изгледа дека многу очекував :?:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Исто и јас, потполно исто.
    Сакав да почекам да ја изгледаат повеќето девојки, па да си пооговараме, ама... :|
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Добро, епизодава е снимена уште пред Нова година, а финтите со Џулиет се истрошија, па и од олку колку што снимиле, добро беше. Сега не беше најсјајна епизода, како минатите од четвртава сезона, кои беа прекрасни, но сепак не беше лоша.

    Ајде да видиме татково и ќеркава како ќе се покажат како негативци, иако не ми влеваат многу многу надеж. Чак и Блер сцени фалат, одма се приметува тоа. Со сцените со Серена е подобрено, не трча веќе со маж под рака кога нејзе што ќе и се присака, но мора уште малку да ја заозбилат и да снимат епизода во која што воопшто не е поврзана со некој маж.

    И да, пресреќна сум што ги нема Џени и Ванеса. Штом нив ги нема, епизодите автоматски поубави ми се. Само нека не се вратат, аман!
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Луѓе, си купи ли некоја од вас од маичките од Страдивариус со ликовите од Госсип? Јас кога бев немаше :worried:
     
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ 19.50 евра беа, не мислам толку пари да давам за обична маичка, поарно ќе однесам во копирница ќе ми испресираат слика врз обична блуза, каде каде поефтино ќе ме фати.

    И не беа ништо посебно блузичките, обична бела маица со ликовите од глумците. Од Чак имаше, од Чак заедно со Блер и од сите заедно.

    Да не ти е криво ;)
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ау 20 евра? Не се нормални... Мене вака на изглед ми личеа ко да се 5 евра.. Епа не ми е криво :lol:
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Епизода без Чак и Блер сцени е досадна... факт.
    Фустанот и накитот на Блер на забавата :inlove: .
    А новата на Чак е грда :devil:
     
  10. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Само што ја изгледав, се разочарав, очекував мноооооооооогу повеќе. :(
    Ама не беше ни ептен лоша епизодата, воведоа некои нови изненадувања и тајни, ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму работите.
    Ми недостига Џулиет :( Не знам зошто не ја оставија.

    Иако мислев дека ќе ми се повраќа од сцените помеѓу Блер и Ден (како голем фан на Чак и Блер) сепак некако ми излгедаат слатки заедно. Па си одговараат карактерно :lol: Едвај чекам да видам како ќе се одвиваат работите помеѓу нив, ќе биде интересно. Ама сакам на крај да си се вратат Блер и Чак :lol:
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Е редно е на Чак да му најдат некоја убава.Прво Украинкана, сега оваа, не дека ми е он преубав, ама па сепак можат да му најдат некоја попретставителна.
     
  12. TeAmoTeAmo

    TeAmoTeAmo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Јас сакам да ја има оваа серија и на нашите канали инаку преубаваааааа е!!!!! :inlove: :*
     
  13. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Морам да кажам дека Блер и Ден ми се многу интересни сега , Серена ги прашува како си поминале и двајцата исто и одговориај и Серена чудно и стана . А што ке биде со овој Бен , можеби ќе почне да излегува со Серена , не и е веќе наставник :lol:
     
  14. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Епа вака.. и јас многу очекував од епизодавата а ме разочара. Затоа веќе не читам нишо претходно и ќе чекам да гледам што ќе се случи! :)
    Но... Сепак не беше толку тапа. Ми се свиѓа тоа што донесоа нови ликови(ќе има заплети/расплети со новава фамилија :P ) и баш ми се свиѓа новата (потенцијална) девојка на Чак. Сакам да биде со Блер, но у меѓувреме додека да сфатат дека не можат еден без друг оваа е добра замена(силна е, има карактер за разлика од досадната Ева |( ). Ден и Блер ми се слатки заедно, ако немат страст меѓу нив има муабет де! :!: Ах Серена Серена... љубовник број 100? во кој пак ќе биде Најзаљубена?? Каква мајка таква ќерка..
     
    На LadyN и poison.ivy им се допаѓа ова.
  15. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    SuperGirl2010 не можам повеќе да се согласам со тебе :)
     
  16. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Малку заостанувам со серијата,срам ме било.
    Досега ми ја спуштале други серијата и морам да си прашам нешто..дали може цела 4 сезона да се спушти комплет или мора епизода по епизода...? :^)
    И секако торент ако може зошто на btjunkie неможам да најдам ]:)
    Фала :)
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Зошто на Btjunkie бе? Thepiratebay подобри се.

    И еве сега збарав, нема пакет од сите епизоди сеуште, ќе излези веројатно кога ќе ја доснимат сезоната. Ќе мора една по една да симнуваш :)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Замунда и АренаБГ се најдобри и ги вратија. Зашто не си направите на нив за 1 минута акаунт? Знам замунда нема секогаш слободно место, ама арена има. А арена зима од Замунда торенти, поврзани се.

    А епизодава беше потпросечна, чекавме месец и нешто за без везе.
    Требаше да снимат божиќна епизода, тие ми се баш добри епизоди. Ама затоа не очекувам големи паузи сега до мај, може само преку 1 недела. За таман да заврши во мај.
    Али Блер и овој копиљов ич не ми се за во врска ич не ги сакам во комбинација.
    Иначе го сакам на блер ланчето :$
    [​IMG]
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Морам да признаам дека таа релација Ден-Блер не ме изнервира толку како што очекував.
    Јес да сум Чак-Блер фанатик, ама тука има нешто... интересно. :)
    А таа црната, ќерката на Расел Торп е невидено грда. :puke:
    При толку убави црни девојки, кај го најдоа тој мајмун?
    Инаку сцените со Серина јас ги зевам.
    Одамна ми е сосем антипатична, изгубена у свемирот, гласот и е ко на машко, се' е она жртва, се' на неа никој не и верува и не и дава втора шанса, многу досаден лик... |(
    Едино што е болно згодна, тука и пружам рака, онака одамна прекинав да се интересирам за неа, едноставно ми е тиквеста.
    Тоа Ванесата ја снема... Thank God.
    И таткото на Ден некако прекина да прави вафли, тој момент ептен ми фали... :rofl: :rofl: :rofl:
    Некако почнаа да го тупат, ко да немаат идеја што повеќе.
    Не знам колку сезони ќе издржи вака.
     
    На rossonerka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мене не ми ги отвора од овде ниту замунда ниту арена. Иначе имам акаунти и на двата.

    И јас тоа ќе викав, се зачудив колку души си го сменија мислењето за Ден и Блер... Абе луѓе како ви се интересни, мене ми се напорни кога се заедно. Се знае Блер и Чак се еден за друг. Чак со оваа новава пак ќе го снајде истата судбина како со другите девојки, повреден и пак ќе трча кај Блер.

    Инаку знаете што би можело да биде интересно? Да ја вратат Агнес, непријателката на Џени. Интересни беа тие епизоди, оваа Агнес добра негативка беше за разлика од Попи заедно со љубениот и Габриел, и многу други "негативци".

    И баш има evil look

    [​IMG]