И мене ми се слатки Блер и Ден. Јас сум заколнат Чак и Блер лав фанатик, ама некако... ова ми е добро. Дури кога го гледаа Розмариното бебе на крај, секој сам од дома и разговараа на телефон, па можеби една од најемотивните сцени досега низ новиве епизоди. Овој Чак го направија тешко муле. Епизодава мааааалку, сосем малку подобра од претходните.
Уф, добро е, малку од малку се подобруваат. Изгледа сфатија продуцентите дека го тупат. Спојлер многу ми беше тажно кога Блер виде дека Чак ја сака таа црнкињата смотана и кога Ден ја фати за рака, а она го одби. Маестрално одглумена сцена од Лејтон Мистер, браво Буквално можеш да почуствуваш дека и е скршено срцето. По оваа сцена речиси и престанав да бидам навивач за Блер и Чак. Не дека не сакам да си бидат пак заедно ама... некако многу се исповредија еден со друг низ сезониве, посебно Блер. Више се троши страста и љубовта меѓу нив... или мене така ми се чини. А Чак, ох Боже Јес да сакам кога е лош Ама претера со она што го направи на Лили. Мило ми е што е сам сега, само Нејт остана да му прави друштво Епа ај кога веќе сите ги споија, нели би било интересно да ги спојат Нејт и Џорџи или Џорџи и Чак Знам дека ќе ме каменувате за ова, ама... Нека ја вратат и Џени да прави малку сплетки, ми недостига нешто. Ако е у пакет со Џорџи, уште поубаво
Ех, кога ќе се сетам лани како трите сезони ги изгледав наеднаш, во здив, ептен интересни ми беа. Сега мислам дека ги гледам онака, дека сум почнала од почеток па ме интересира што-како, ама дефинитивно сезонава е послаба.И го претераа веќе секој со секого, толкав град, мора нови ликови, а не ќе донесат за во две-три епизоди и толку.Ние во мали градови што сме па не сме секој со секого, а не па во Њујорк. И не ми се свиѓа што така нагло ги менуваат ликовите.Не може Чак три сезони да е гад, себичен, да не може на Блер да и каже едно те сакам, а сега да трчка по онаа црнкињана.Или Блер не го поднесуваше Ден, сега со него за филмови на телефон збори.
Точно, Чак тотално го пореметија. Ко лоботомија на мозокот да му направија во една сезона. Сега дури и да се спојат повторно со Блер, сеедно ми е, не скокам пред компјутер како порано. Мене и онака омилениот момент ми е во првата сезона со нив двајца и од тогаш, мислам дека од моментот наречен Snowflake Ball кога почнаа да си местат други луѓе, па да се тегнат, дојди да покривот, дојди ваму, дојди таму... ми омрзна некако целата драма...
Јас ги гледам на sidereel, направи си акаунт, не ти бараат ништо освен е-маил, па од таму ти даваат линкови од епизодата (бирај ги тие од мегавидео,бесплатни се и сигурни). Јас моментално ја гледам новата епизода таму еве ти го линкот http://www.sidereel.com/Gossip_Girl/season-4 Едит: Спојлер Доста напната епизода, според мене. Ме изнервира што ја вратија Ванеса, ужасно ја мрзам. Сега откако го виде Бен со Демијан се засекира за Серена па и вртеше? Абе ајде. Блер и Ден и јас не знам како ама ми станаа ептен симпатични заедно. Исто има хемијата и меѓу Нејт и Реина, баш ме интересира дали ќе бидат пар. Не ми се свиѓа шо Чак не може да се извади од ситуацијава со епизоди веќе, досадно ми станува колку многу луѓе и врски се вмешаа во зделката со Empire. Серена не ми е ништо посебно интересна оваа сезона,многу се смири со Бен Ама мора да признаам ме закопка крајот кога Демијан отиде кај Расел, како ќе ја нападнат Bass-Van der Woodsen-Humphrey коалицијата
Серина со изгребан црн лак? Се обложувам дека ќе биде нов моден тренд И на Чак пудрата му ја утнале во новава епизода, едно две-три-пет-шест нијанси претемна . Е толку, имав време само 10 мин да гледам и тоа да го забележам
Сезонава имала 18 епизоди, затоа толкави паузи прават, после следната епизода пак ќе има пауза од месец ипол И јас приметив за тоа пудрите дека многу ги шлакаат Чак и Нејт, повеќе од женските
Леле, ми се идеше да убијам некој од сценаристите. Serena: Blair, we need your help with a scheme. Добро, аман, не се веќе во средно, многу ги прават да се занесуваат, ги обликуваат во тотални морончиња. Па и тоа Ванесата, со таа одвратна фацка накисната... Оваа Рејна сега ќе се залета по Нејт. Демек дечко со кој може да прави сосем обични работи, леле кутрата мала богаташка, не видела лизгалиште. Целата, ама целата епизода ми одеше на нерви, со исклучок на последната сцена, на 3 секунди ги покажаа Ден и Блер како нанаат заедно. Готово, навивам за Ден и Блер. Сите ликови ги упропастија, оваа Серина блескаше како елкица во тој аутфит Грда, грда, грда епизода. И требаше од старт да и се каже на Лили дека Демијан знае и ја уценува, возрасни сепак подобро решаваат проблеми, отколку овие изгубениве сите... Сега ќе им се врати дупло. Ако!
Спојлер Ванеса кога ја видов ми се стемни, уште па колку очајна беше кога се појави на роденденот А морам да кажам дека и оној професорон на Серена ми е мнооогу антипатичен, на негово место требале да го стават тој братучедот убавиот Овој ми е грд и досаден. Лили, ваква таква, сепак ми е мудра и паметна и фала богу се смирија со Серена.На ништо не личеше Серена да не збори со фамилијата, а Бен без проблем си контактира со Џулиет. Рејна е нели посебна приказна, во една епизода она е силна и самостална, во друга е татина маза и неизживеана што паѓа на лизгалиште и трева
femina90 за каков братучед правиш муабет? Не знам за вас, мене ми се допадна епизодата Се подобрија, сега барем има некоја напнатост во серијата, да те тера да ја гледаш следната епизода да видиш што ќе се случи. И да... Спојлер сакам да ги видам Ден и Блер што поскоро заедно Ама нешто ми кажува дека ќе ги разделат
Аааа ми текна сега за Колин, е да, тој е многу поубав од Бен Глумеше и во Очајните во 6-тата сезона мислам.
Чак ми го уништија Па јас бев заљубена во неговиот лик Спојлер http://www.facebook.com/pages/I-blame-Chuck-Bass-for-my-high-expectations-of-men/127017900648073 а сега?? Никаков, лигав станал и трча по девојка која.. најверојатно ќе му ја преземе другар му Мислам, многу сакам да му се случи тоа за да си ја чукне главата од ѕид да си го врати достоинството и (нормално) да се врати кај Блер.. А какви заљубени гулапчиња ми се Блер и Ден, ај више нека ги спојат, доста чекавме
http://www.youtube.com/watch?v=DobjOoXVq8k После сценава со Џулиет значително се смени моето мислење за Нејт
Аууу јас па Чак ич не го сакав..Сега го обожавам..се прави лош дека е,а знам дека мек е одвнатре Мене Џени очајно ме нервира..И таа црнката(како се вика ја заборавам )што си прави оди си,дојди си кај Ден ја замразив во оваа сезона,а слатка ми беше.. И не укапирав кој е тој во затвор што беше..Не сфаќам која е поврзаноста со Серена и зошто го вадеше од затвор??(за ова е крива Спаркс,ми утна една епизода ).. И уште едно прашање..до каде се епизодите на нет...До 12та имам само гледано од последнава сезона..
Спојлер Eпа тој од затворот и бил професор на Серена порано и излегле неколку пати, се свиѓале.Излегол трач дека спијат што не е точно и Лили за да го заштити семејството и Серена го фалсификувала нејзиниот потпис и овој невин лежел во затвор 3години Последна е 16та епизода.
?? Немој да ми кажеш дека грешен торент сум ти пратила некој? Ќе ми ја расипиш репутацијата на торент-мајстор