Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Еее значи и понатаму разочаруваат. Уште не ја изгледав новата епизода, ама според ова што го читам од Трендафилка, ми останува да мислам дека веќе им снемало идеи за серијава.
    Ама за среќа има и други интересни серии. А Госип веќе одамна ми е некаде подолу на листата на омилени :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Епа мора да признаам дека крајот многу ми се допадна. Многу сакам Блер да биде среќна, веќе жал ми е, се изнамачи со Чак.
     
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Ептен ја тупат!!! Од најомилена серија ми прејде во најдосадна! Ја гледам онака колку да видам што се случува.
    Оваа па Ванеса ми иде преку монитор бокс да и манам, што се меша кај што не ја бере!!!
    Ко првачиња ајде ќе си играме еее знаеш Ден ја бакна Блаир бла бла бла!!!
    Па и Блаир и Чак го тупат веќе те сакам , не те сакам, ама ти сега не си спремен за врска.
    Ми се смачи!
     
    На elcezelce и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Е аман веќе те Блер сака да се смират, а Чак неќе, после 3 епизоди обратно.Ама како и да е јас мислам дека до крајов не сезонава сигурно ќе бидат заедно.Ама и тој погледот на сестрата на Лили накај ќерка и и Ден ми чуден, може и они нешто ќе направат.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    |( |( |(

    Си биле двајца и се сакале. И после стигнал третиот и му рекол не се сакајте и не се сакале.
    Подосадна епизода немало.

    Нејт - Една сцена, ама барем вредна да беше, неприметлив, досаден, иритира!
    Женцка му Рајна (знам дека Рејна се пишува ама вака јас ја викам) ---||----
    Серена ---||----

    Чак/Ден/Блер - Ги испозапустија сите 3 ликови, на нив се однесува мојана прва реченица од постов.

    И мене појма немаш колку!

    +1

    Georgina Sparks NEEDED! Итно!
     
    На dancing.queen и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Добро, поинтересна беше оваа епизода за разлика од другите од сезонава, ама пак не е тоа тоа.
    Оваа Серина ептен е глупа |( Ама фустанот :inlove:
    Што се случува со веѓите на Блер? :^) Ама фустанот :inlove: И тие чевлите што пак си ги соедини :inlove:
    Абе само за гардеробата би ја гледала серијава :D
    Ми е жал за Ден.
    Нејт е најдосадниот лик во историјата на серијалите |(
    Рејна не ми е толку грда ко порано.
    Чак се губи.
    Принцот убав.
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Од толку убава и интересна серија до кое ниво се спушти... зевам на секоја нова епизода.
    Сезонава си ја етикетирав како една развлечена мастика - џвакаш, џвакаш, џвакаш и на крајот ја плукаш зашто е веќе растегнета и без вкус.
    :(

    Златна прва сезона, возбуда во секоја минутка, мислам дека очите ми беа ококорени и подголтнував од радост ... сега веќе одвај чекам да поминат тие 40-тина минутки.
    Не знам како ќе заврши сезонава, мислам дека ќе биде млако и никакво, и мислам дека 5тата сезона ќе биде последна.
    Не сум го проверила рејтингот, верувам дека е најнизок на гледаност од сите сезони досега.

    Инаку, не знам зошто ја тргнаа Џени сосем, ликот и беше сосем ок, откако ја швркнаа и почнаа да ја шминкаат како панда ми се одмили, онака беше кул.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Уште се надевам дека до крај ќе им текне нешто интересно. Обично последната епизода ја прават интересна, ќе видиме.
    Ама што е слабо слабо е.
    Првата сезона? Јас почнав летоска да ја гледам и буквално цел ден бев пред компјутер :$
    Си завршував епизода и одма пуштав друга (ретадирано смајли).
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Добро е епизодава ми беше интересна. Многу ми е мило за Блер и за принцот, баш ми се убав пар, доста се замараше со Чак. И многу беше рмантично што и ја врати штиклата. Серена пак неможе без дечко, сега тој французинот го бара.
    А ми текна на Џени, никаде ја нема бе, а беше една од главните личности. Она бар правеше сплеттки во серијава :)
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Истото па истото. За две епизоди ќе се врати стрикото на Чак и пак ќе се обиде да го уништи, Блер ќе биде растргната меѓу принцот и Чак... Аман веќе нека измислат нешто ново, не го бидува веќе :^)
     
  11. Miss.M

    Miss.M Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Госип Гирл вака, Госип Гирл онака.. Цело време госип госип госип!!!
    И дојде момент ко немав шо да гледам. И ај, Госип да ја ѕирниме. Првите две епизоди ги симнав од прва сезона. И.. Се заразив премногу! Се околу мене запоставив за ова Госип Гирл бре. Многу реални случки им се дешаваат. А и, секој можиме да се пронајдиме во една од сите тие дешавки кое многу ми се бендиса. Еве скоро две три недели ја гледам до 4та сезона сум стасана. Нејчам да одам погоре да читам што имате напишано пошто знам дека некој има коментирано за што уствари happens во филмот. Така да само мое мислење оставам. А за дискусии, на др тема ;)
    П.С Чак Бас е мажот!!! Ај лоф хим
    Чао, Пријатно :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Нашето Блерче - a bride to be.
    ;)
     
    На LadyN, SuperGirl2010 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Си ја глеам сеа 3та сезона, прво шо ми паѓа на памет во слободно време е ГГ ! :D :inlove:
     
  14. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав епизодата и.. ми се свиѓаше бре.
    Некако многу работи се случија. И кога почнуваше со прстенот на рака кога ја видов, мислев дека го одбрала Чак. Но, грешка сум била. И сакав да го одбере принцот, заслужува малку среќа девојчето. Секако на крај ќе остане со Чак, барем епизода- две да се порадува како принцеза :lol: На Ден се некои вакви му се погодуваат- гревче. А Серена -кучка! :devil: На другарка тоа не се прави. Мислам дека редно време е да ги созреат малку ликовите. Според сезониве веќе 20 години имаат.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Ај нека и’ ги средат веѓите на Блер, греота е девојчето :^)
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    После долго време многу ми беше интересна епизодава
    Многу ми беше жал за Чак, ми одеше преку монитор да го гушнам.Сега или ќе пропадне или ептен ќе се засили.А Нејт ме изненади, какви другари се, а сега кога најмногу му треба го остави :x
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Нејт е страшен без'рбетник.
    Chuck, I really like this girl.

    Од едно обично допаѓање, си го откачи најдобриот другар.
    Не ја сака ниту.
    Многу млак, блед, невпечатлив и непотребен лик.
    Да го пратат некаде на пат околу светот и да го откачат наредната сезона.
     
    На Marossa, Neytiri и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Гледам редовно ГГ, секој вторник нова епизода...
    првите 3 сезони ми беа екстра, неможев да престанам да ги гледам... возбудено ја изначекав четвртава сезона... и се разочарав, џабе чекање... ај последниве 2-3 епизоди ок се...ама претходните ужас во споредба со другите сезони посебно првата и третата. Иначе го обозавам/(в) Чак... ама и тој не ми е веќе тоа што беше... :)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А да ја вратат Џени, аман девојчево во сезонава се појави 2 пати :^)

    Мене серијава во последнава сезона ми се претвори во шпанска серија. Сите со сите си го имаа на ти го, дај ми го.
    Веќе и заборавив дека серијава почна како Нејт и Блер беа во долгогодишна врска. Оние двајца, плус и минус, свашта. Овој па Ден ги помина сите Венеса, Блер, Серена па сега и оваа новава. Среќа Серена има брат,да имаше сестра и со неа ќе одеше :^)
    Чак сите ги легна. Штета Серена сестра му е, неможе да ја има :D
    Нејт исто Блер, Серена, нели се шуткаше и со Венеса? :?: Со Џени, со црнкињава еве.
    5 машки и 5 женски сите со сите идеа.
    И пак сите се дружат, пак сите се најдобри другари.
    Браво бе, ова американциве многу добар народ се :D

    ми фалат првата и втората сезона, беа вовед за прееееедобра серија, сега почнав да ги гледам ради облеката, ради чевлите, ради баловите, да навивам за Чак и Блер и толку. Другото ми е досадно |-)
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас па веќе несакам Чак и Блер да бидат заедно. Искрено ми се смачи од двајцата. Сакам Блер да остане со принцот :)