Иииии ова црнчево е ненормално бе, болно! Aх одвај чекам сеа понеделник да дојде, веројатно ќе дојде тука храбриот спасувач Чак. Принцот осеќам ќе лета рикверц за Монако. Aли се е можно, не верувам ни дека ќе биде пепелашка крај на приказната, ама чак мора да има добра улога, предосечај некој Ама знаејки како завршува секоја сезона очекувам одлична епизода за 6 дена. И после ќе се туфкам 4 месеци и одвај ќе чекам да почне следната сезона. Лани ќе си пукнев од мака зашто заврши така и зашто го прободеа Чак. Дајте ве молам посмирувачка епизода, за да не ги мислам цуриве и момциве цело лето A и оваа братучеткава ненормална! Све ненормални тука и сите под лекарства во лудници во затвори ... хо-хо т.е. ипсилон о - ипсилон о оговарачка!
Нема шанси да е книгата подобра од серијата. Нема шанси да се долови на хартија тоа што го гледаме, сите тие совршено организирани забави, ненормално добри фустани, тоа шепотливото гласче на Чак итн, итн. Ова серија што секоја модерна девојка МОРА да ја гледа
Еј да, последната епизода секогаш е многу добра, очекувам и оваа да е таква. Претходната сезона беше преслаба и ја извадија само со крајот, веројатно и сега ќе е така, ама останува да се види. Колкава пауза ќе има?
Да не го тупам вон темата, ама баш сега ја изгледав прва сезона на Јутјуб, али вторава нигде ја нема, ни да се симне, ни на Јутјуб
Неможам да ги прочитам коментарите многу се...ама да се надоврзам и јас со мислење бидејки јас сум до средината на 3тата сезона на филмов. Многу ми се допаѓа..дијалозите помеѓу ликовите, случувањата ама мое мислење е дека првата и втората сезона беа најдобри...добро сеуште не сум ја догледала 3тата ама ке видиме. Ги слегнав сите три сезони и дел од четвртата..да поминат колоквиуми па ке гледам по цели вечери Омилени ликови?? Блер и Чак...ГИ ОБОЖАВАМ!!!
Само мене ли не ми се допдна последната епизода? Спојлер Знаев дека Џек ќе застане од страната на Чак, им ја научив финтата, секогаш во првиот дел од епизодата даваат некоја сцена за која потоа излегува дека е наместена, и дека од тие што го прават договорот, едниот секогаш договара нешто со некој друг и го извисува првиот. Приметете, ќе видите дека секогаш е така. Серена и даваше совети на Чарли за како да го фати Ден и не и замери, а и замери за фустанот . Бог да чува беше минатата епизода ми дојде да ја изгаснам најискрено. Предпоставувам што ќе се случи и во следната Спојлер Чак ќе биди мен оф д деј, Блер ќе сфати дека не може без него и среќно ќе си живеат. Предолго беа разделени, сега мора да ги спојат. Во третата на крај ги разделија затоа што цело време беа заедно. Оној црнецон ништо не и прави на Блер, впроочем верувам дека "ќе се покае", ќе ја пушти тој Блер. Нејт поглупав не можеле да го направат, сега Чак убаво му рече да молчи многу личности ќе бидат повредени, тој од нигде никаде и ја кажа вистината. Можеше да ја смири на друг начин, ама бидејќи има ај кју кое е трагикомично, мораше онака дебилно да го направи тоа. Ми фали ГОСИП ГРЛ, онаа која ги следеше на секој чекор и им зезнуваше план во секој момент. Ми фали она што ја правеше Госип интересна серија, интересни дијалози без лигавења. И ќе ве замолам нешто, тоа што допрва треба да се случи, предупредувајте дека е дупли спојлер. Јас на пример не гледам промоа, не читам спојлери, не сакам да знам што ќе се случи во идните епизоди. Искрено не ни сакав да знам дека Џорџина ќе се појави, сакав да се изненадам... Ливинг убаво го напишала во спојлер, ама потоа тој спојлер беше искоментиран и сфатив дека во финалето ќе се појави. Значи ве молам внимавајте во иднина, пишувајте спојлери за натамошниот тек на сезоните, ама напоменувајте дека е дупли спојлер.
Зошто имам впечаток дека во почетокот на епизодата како да се влечкаат настаните и при крајот оооп во 3 мин се се случува. Спојлер Последната епизода утка, како сапуница ми беше, на крај сите среќно си живееа...Добро де не ептен али се извади Чак од калта. Него муабетот ми беше Нејт, туп, глуп, неупотреблив! A братучеткава од по е болна побогу, не укапирав Тапа, ни траг од првата сезона
Серијата скроз излезе од колосек ама пак ми е омилена бе ептеееен си ги сакам Туку она што го кажав уште кога почнав да ја гледам и сеуште ни на момент не се променило е ЧАК го обожавам. Фала му на Господ оние двете коконите повеќе никогаш нема да ги видиме не мора ни како гости да ги носат одвратни створења Нека ја вратат Џорџина интересна е. Блер и Чак ако не се заедно не ја бива серијата не е тоа тоа. И уште едно мислење кое не ми се променило уште од почетокот НЕЈТ преглуп НАЈГЛУП. Серена па си мисли дека е цнетар на универзумот не на светот. Блер Ден ми беше многу интересен во првата сезона и толку...после тоа онака...обичен.
Сакам во последната епизода само: Спојлер Да и ја средат на Блер косата или шминката, облеката, уатевер. Ако не е добра епизодата, барем да има нешто за гледање. Иначе не ми се верува дека последна епизода е. Кој ќе издржи цело лето без Чак Бас. Ќе треба репризи да гледам по неколку пати
Јас прво почнав серијата да ја гледам и поради тоа што многу ми се допадна, а и сакам книги да читам, ги купив двете книги на македонски што се кога бев на саемот лани. Знам дека има уште 10-тина книги, ама само првите две ги има на македонски. Да ти кажам, немаат баш допирна точка серијата и книгите, нешто од книгите го има и во серијата, ама најголемиот дел си е како посебна приказна. Она што е исто се карактерите на ликовите, почетните врски, ама после се е измешано. Чак Бас во книгите е сосема спореден лик, небитен, додека во серијата е главен И сите лудуваме по него За последната епизода, само што ја изгледав, ќе кажам само ова: Бооооринг, ступид, тотално без врска. Не да ја забегаа серијата, веќе не знам на што личи. Нека прекинат веќе со таа драма за Чак и Блер, нека воведат нови ликови, измислат нешто ново, воведат нови дејствија, а не се истото та истото. Па и тие новите ликови што ги воведоа сега, се тотална утка. Многу се интересни Рејна и братучетката нема што. Глупости. Уффффффффф... ми се плаче кога ќе помислам колку добра серија ја направија турска сапуница, ми ја уништија најомилената серија ееееејјјј, ќе убијам некој ПС Спојлер дали уште има феминки тука што потајно се надеваат дека ќе ги спојат Ден и Блер? (како мене ) Мислам дека многу си одговараат еден за друг, барем можат да се обидат. Кога веќе секој со секого идеше... па и некако многу брзо ги запоставија, едно време беа главна тема...
Леле досадна епизода... едвај ја догледав. Се повеќе се разочарувам од филмов. Некако 4ва сезона врска ми нема со првите 3. Стварно глупости многу се разочарав од серијава, боље до 3та да гледав и толку да си имав барем совршено мислење за серијва.
И како што кажав... Спојлер Се ќе се дешава во оваа епизода... Судени си се Блер и Чак... Спаркс сигурно се радува на враќањето на Џорџина Ванеса, сељандура, тешка сељандура, сегде меша прсти, дај нека се гони веќе