Спојлер Многу ми беше глупаво тоа со Чак, аман веќе аман! Те сакам премногу, затоа те оставам на другиот. А таа - и јас те сакам премногу, ама чим така ај ќе одам со другиов Џорџина ми беше интересна. Слаба, слаба сезона... Од почеток до крај.
Спојлер Епа Блер е трудна од Чак... така да, џабе им е оставањето Мене ме расплака делот кога си кажуваа Гудбај, Ај вил олвејс лав ју...Ме имитираа мене од пред месец дена кога раскинав со дечкото Не се оригинални Што и да биде, овој Чак како би го пробала на една вечер, а може и мене едно детенце
Спојлер Па не беше толку лоша последната епизода, со исклучок на делот со спасувањето на Блер. Та-даааам!!! Супер-херојот Чак дојде и ја гушна, а циганката во оринџ дрес ја грабна запалката... Оф, Боже, драматика - патетика. Што беше со веѓите на Серина во последната сцена, пожолтени од сонцето? Девојката апсолутно нема абер од глумење, како ја гледам се' повеќе ми станува поодвратна и повештачка. Па уште и ја вработија. Прочитала дури едно романче, добро е. Глупача. Блер е трудна, веројатно од Чак. Тука има да се развиваат интересни дешавки. Интересно беше и со психопатчето Чарли, а.к.а. Ајви. Допрва ќе видиме развој на настани. Не ми е по мерак што повторно сакаат да ја вратат Џорџина во серијата. Едноставно ми делува малоумна - земете ме да правиме белја, I'm bored. Ко некое мало дете. Продефилираа подобри негативни ликови, Агнес беше една од нив, штета што ја врзаа стриктно за Џени, па тука заврши. И тоа е тоа, Нејт мекотелецот се прилепи повторно до Чак, мајмунчето среќа се откачи, премногу епизоди и' дадоа. Ванеса, како и секогаш, непотребна запршка во секоја манџа. Па уште и паричка ќе си ќари од туѓ труд. Тоа е, животот во Барселона е скап. Се' на се' , сезоната разочара тотално, најслаба од сите. Приказната млака и невозбудлива, фризурите очајни, облеката исто не воодушеви како порано. Имаше еден краток момент помеѓу Блер и Чак, после бар-мицвата на тоа дебелкото, кога се плеснаа, потсети малку на старите добри времиња од првата сезона во бурлеска барот и лимузината, ама ни одблиску со ист сјај. Да се надеваме на поубава 5-та сезона во која ќе се искупат за овој промашај од 22 епизоди. XoXo, Gossip Girl
Спојлер Не бе, барем да дадеа сцена кај што се плескаат, овие само наговестија Не стварно, ни одблизу како порано. А веѓите на Серина отсекогаш биле одвратни, сега и’ ги доупропастија. Спојлер Кој им е веѓокубач во серијана, да ми е да знам?
Најслаба сезона до сега, со исклучок на 7 епизода (piano sex) и неколкуте после тоа, како и во мал дел последната - во која малку ме расплакаа . Епизодите во средина на сезонава беа толку досадни што ми идеше да ги скокнам. Спојлер Супер што Ванеса ќе ја нема во 5 сезона бидејќи е неподнослива. Нејт поголем глупак во целата сезона не можеше да биде. Обидот Ден и Блер да бидат заедно ми се виде катастрофален. Чак и понатаму останува мој омилен лик Како и да е, да се надеваме дека ќе се оправдаат во петта. Колку повеќе сезони има толку се поголеми шансите секоја наредна да биде полоша. Што се однесува до гардеробата би издвоила неколку фустани а посебно овој на Серена и обетките - бојата ми е
Таман мислев дека синојка ќе заспијам гледајки ја последната епизода и оп тест за бременост ме расони во последните 5 секунди. Дефинитивно најдосадна сезона, најдосадна последна епизода уф кога ќе споредам со ланската последна па и претходно. Ставија вчера само една јаготка со последната сцена, а претходно заборавија и јаготки и шлаг и прелив да стават. Ме разочараа бе. Само една сцена ми останува во дуго сечавање oд сезонава. Комплетна сцена од А до Ш, дури мислам дека и солза пуштив http://www.youtube.com/watch?v=LCVPpJlZ ... re=related
Убедливооооо најдосадна сезона, катастрофа. Лоша глума (незнам зошто на почетокот беа многу подобри), лош стајлинг, посебно на Блер многу несредена цела сезона а каква беше на почетокот , маживе ги разгаднеа до немајкаде, никаква возбуда, ништо ново и атрактивно. Интересно што Блер е трудна па пак ќе има нешто интересно околу неа и Чак а се надевам нема да е детксо. Серена ми беше супер на почеток сеа леле досаднаа, улогава никаква и стана. Нејт смотан ко секогаш, па и го разгаднеа, Ден просечен, Чак најдобар ама далеку понеатрактивен од порано. Чарли знаев дека нешто мафта, прочитав дека ќе ја има и во 5та сезона па кој знае што ќе има. Мислам дека Џорџина им фали во серијава ама не у детска улога туку саглам негативец како во првата сезона кога се појави. Ама сигурно ќе направат нешто со Чарли заедно. Се надевам дека новава во сезона од корен ќе се поправат иначе ништо од добри рејтинзи. You know you love me, xoxo Gossip girl (и таа не е тоа што беше)!
И јас ја изгледав последната епизода. Ќе се сложам со сите вас, дека ова е најлошата сезона на Госип. Исклучок беше сцената што ја постирала Росоњерка, таа со пијаното и уште наредните 2 епизоди кога Чак и Блер беа непријатели со бенефиции Приказна 0, глума 0, возбудливост 0, ОЗБОРУВАЊЕ 0 (всушност она што ја правеше Госип грл, девојката која ги откриваше сите тајни во најдобрите моменти, сега е само наратор во почетокот и крајот на епизодата... Девојката која сите сакаа да знаат која е, сега е само блед читач на текст. Единственото нешто што ме прерадува беше идолката моја, што убаво си кажа одам да се опијанам за да можи да ми изгледате сите интересни Таква е, од нигде никаде се појавува и ги ремети сите. Е убавината во првата сезона беше што ја реметеше Сереничка, и тоа здраво ја испоремети, а во втората и третата сезона ја реметеше Блер, која исто така убаво ја испоремети Овојпат чекам да и ја вратат првично функцијата најголем маниплуатор и најлош кошмар на апер ист дечкиве. Џорџинке ај лав ју. За ликовиве кој од кој покатастрофа, Ванеса имало Господ нема веќе да ја гледаме, Ден, Нејт, Серена, Рајна, па дури и Чак и Блер, тотално антипатични цела сезона. Ова со Блер и Чак на крајов ништо не личеше, те сакам ме сакаш ама оди си кај принцот, тој те чекал јас не те чекав. Па тоа со тестот дека е позитивен се изназевав и реков уатевр. Или нека ја сменат 5та сезона на подобро или нека ја прекинат серијава. Порадо ќе памтам 2 одлични сезони, отколку 5 лоши. И да, ич нема да ми фали серијава летово за разлика од вампирите, Шелдонче и Спартакус.
Сигурно е од Чак... последниот пак кога беа заедно неможеа да се воздржат не пазеа децата Или сега Блер нема да знае кој е таткото или ќе го лаже принцот дека е негово, нема да му каже на Чак... (сеа можам уште пола саат да го филмам муабетов ама ај не ) Спаркс и ја сакам да ја вратат Џорџина само од неа слушам добри фрази и ептен добро глуми.
Спојлер Морам да признаам дека ми се свиѓа што серијава станува повозрасна, свадба, дете, доста беше тоа тинејџерското Или ние старееме Досадна, недосадна, сепак си ја гледав секоја епизода по ред и си се внесував во друг свет Ама за жал Ванеса пак ќе ја гледаме во следна сезона кога ќе се открие што направила, па она пак ќе се лигави и извинува. Баш сакам и Серена да си најде некој поасален, ах, како можеа да го тргнат оној професорот од првите епизоди
Значи при крај сум со четврта сезона и имам едно голеееемо прашање: Што е по ѓаволите улогата на Руфус, или јаде или носи на некому јадење????? Не ми е јасно, навистина. Мило ми е што Џени ја иам помалку, а понамату нема веќе да ја има затоа што многу напнува. Кога ќе преврти со очи ми иде да и ја акнам една Апсолутно се согласувам со нечиј коментар, дека и Госип Гирл, не е тоа што беше. Уствари е како спикер на вести. Се надевам 5 сезона ќе ја подобрат, вака имам чувство дека ја гледам ради реда, не затоа што ми е интересна.
пред малку ми кажаа дека госип грл ќе имало 8 сезони... незнам колку е точно ама ако има 8 треба мноооогу да се подрудат и да се подобрат
Јас пак сонувам да ја вратат Џени. Омилен лик ми е....се надевам нема да морам да пишувам "ми беше" Баш ми е кул, а најмногу сакам да ја гледам ради стајлингот. Ма најинтересни беа додека беа уште во средно Како ги облекуваа порано, абе ништо да не се дешава неможам очи да тргнам и после епизодата барам слики по интернет со фустаните нивни сеа онака....neeh. А во последнава епизода, очекував да се воодушевам од Блер, барем на венчавката нејзина ама едвај успеав да сфатам што носи, хаос и беше тоа фустанот. Барем Серена се покажа. Али девојкава тема талент за глума. Тело гром али фаца лом. Ја форсираат ептен низ Холивуд, а не е ништо посебно, жими нога што има. Него, LivingGlam што спомна за веѓите абе стварно кој ги чупа, на С и се крајно селски, а пак на Б ко да заборавиле да и ги исчупаат, малу треба да фатат и горе Сезонава слабо, да не се повторувам. Само се молам да не го уништат ликот на Џорџина со вакви глупи работи ко во последнава епизода. Порано беше хард кор злобна, коа прави нешто знаеме сите страдаат. А сега изгледа ко некој смешен wanna be негативец кој неможеш да го мразиш и само можеш онака со насмавка да речеш "види ја бе жалче". Не, не, тоа не е Џорџина Чак порано беше шмекер, да те извади од кожа, сеа ми е ко некој плачко.
Кога ќе ми текне дека порано серијата ми беше најнајомилена па дури и пред Сексот и градот ја ставав... не ми се верува како успеаја да ја упропастат. Сите мои омилени ликови како успеаја да ги упропастат, ццццц.... алал да им е. и крајот, бог да чува ми идеше да Како шпанска серија стана веќе ова Спојлер И шо сега, Ден од нигде никаде, сака да стане главна фаца на Апер Ист Сајд? И го остава она по што беше препознатлив, пишувањето? За да стане Џени втор дел? Не ми е јасно. Па и Блер на млади години мајка, па и Серина работа си најде во Холивуд, хахаха па и начинот на кој ја доби, чиста среќа, се надевам таму и ќе остане, да не ја враќаат во Њу Јорк, одвратна ми стана со тоа менувањето мажи како чорапи низ сезониве Ама барем Џорџина ја вратија Се надевам нема и нејзе да ја упропастат, и ќе прави многу сплетки во петта сезона. Сакам и Џени да ја вратат, ама ај тоа е. Сака да си се посвети Тејлор на музиката, шо да и правиме
Многу ме интересира серијава, а со вашите коментари повеќе ме заинтересира. немам гледано ниту една епизода досега, ама затоа, си олучив летото ќе си седнам и сите сезони по ред на убаво ќе се ги гледам. Е тогаш ќе ви пишам некои импресии, и ќе ви се прилучам во дискусијата
Јас каснам со серијава само што ги изгледав 2те последни и ми беа интересни. Спојлер Ден како што спомнавте Џени два. Венеса ептен антипатична ми стана, ако не вмеша не ја бива- Тетка Веѓета. Мислев Чарли ми изгледаше симпатична,мирна... а излезе спротивно На Серена нека и најдат некој не само ги менува. И се согласувам во делот со веѓите, никакви и се на Серена. Малку ја исончале ма ни е ни познават, а пак на Блер ко да не се чупани цела сезона И да прашам имали некое промо за 5та сезона ?