Hey there. Темава апстинира . Чекате септември а? м? Епа јас неодамна ја изгледав првата сезона. Моите импресии не можам да ги преточам во зборови. Сте го доживеале истото, знам. Моментално ми се симнува втората сезона. До септември ке биде изгледана и четвртата сезона. Така да од наведениот месец + уште една верна членка во темава.
Јас сум прикрај 3та сезона и признавам интересни се . Гледам епизода за епизода. Џени како Џени ми е одвратна во текот на сите сезони, погрозна здравје. Дорота ми е многу интересна . Конечно да ги видам Нејт и Серена заедно, толку ми се слатки како пар Исто Серена и Блер како другарки многу ми се слатки, многу ми се интересни кога се скарани . Живеат во различни светови а толку многу се сакаат. И Блер и Чак како пар ми се ептен интересни. Лили ја обожавам ама почна да ме нервира у последно време.
Јас си заглавив со втората сезона.Ја гледав првата епизода и никако да најдам време да гледам понатаму (многу сум зафатена) но од септември ќе си продолжам.А иначе од изгледаната прва сезона сум воодушевена особено од последните три епизоди кои буквално ги одгледав во еден здив.А не знам ама мене Нејт ми е многу секси и многу поубав од Чак и со Блер ми се супер пар но и Блер и Чак како пар не се лоши (имаат интересна врска бидејки и двајцата се слични карактери) а онаа Серена толку ми беше добра и фина во првите три епизоди но сега ми е многу одвратна па уште и што слушам дека понатаму често ке ги менела фраерите абе нестабилна и глупа личност .А Џорџина донесе многу возбуда во серијата и покрај тоа што ми беше одвртна некако беа интересни тие епизоди со неа.Се на се серијата е одлична и секако дека сум голем фан на облеката што ја носи првенствено Блер абе секое парче би и го украла .
Конечно ги имам и на француски! Одвај чекам да почнам да си ги гледам. Сега јазикот малце ќе ми руши филм, ама ако ништо друго веќе изгледани епизоди, ем ќе ги повторам бидејќи сум голем фан, плус добар начин за учење јазик е. Книгите морам да кажам се далеку далеееку поразлични од серијата. Скоро и да нема сличности. Првиот обид да гледам ГГ беше катастрофален. Првите 15 мин од епизода еден и веќе ја мразев. Не сакав да ја гледам серијата бидејќи сите беа толку напалени, а обично таквите работи по дифолт антипатични ми стануваат. За чудо Госип грл стварно ми се допадна. Единствено онаа Џени душата ми ја вади.
При крај сум на втората сезона и што ми текна пак почнав од прва да си ја гледам Џени ми е одвратна, се надевам во трета и четврта сезона ќе се поправи малце, бидејќи мразам кога ќе видам сцена во која ја има неа. Серијата е прекрасна. Баш би сакала и книгата да ја прочитам.
Веќе неколку коментари читам дека Серена била нестабилна личност ради тоа што ги мењала партнерите. Ние не ги мениме? -со еден исти цепаме цел живот? не знам секој со своето мислење ама мене ми е баш кул, само на моменти знае добро да ме изнервира како сега во последната епизода од 3та сезона. Кажете ми дека Џени ќе ја нема во 4та сезона и ќе ме израдувате за цел ден. Ги размажа го*ната низ Менхетен и си ги собра куферите . Леле колку беше плашило кога плачеше . Кога ја видов Џорџина е ваква бев- .
Па точно е дека не може со еден партнер цел живот да поминеш ама Серенка претера те овој го сака те оној не знае ни таа самата за кого да се одлучи.Некако ми е без карактер за разлика од Блер.
За Џени : Спојлер ќе се појави накратко во неколку епизоди во 4-та сезона, ама тоа е тоа, ништо страшно И да, нема да ја има повеќе од 5-та натаму, заедно со Ванеса За Серина: Ужасно ме нервираше цела 4-та сезона, на почетокот баш ми беше супер, ама тоа траеше се додека Спојлер не го одбра женетиот конгресмен, наместо Нејт. Глуперда Не можам да се согласам повеќе со тебе! Баш така како што опиша е Друго БИ сакала да продискутирам со оние што ја изгледале 4-та сезона за Ден, што мислите во каков лик ќе се претвори? Да бидам искрена, најмногу заради него чекам да почне 5-тава сезона, да видам што ќе се случи Не ми се верува дека за него се интересирам, а најнеприметен ми беше.
Ден ми е срцка да ти кажам право,ама премногу наивен..Која да му се пикни тој нема проблем,со секоја се мува...Не одбира и не одбива. Серена,Џорџина,Ванеса Спојлер ,едно време симпатии према Блер...ако не пресечеше таа тој ремче беше за заедно да се...сега пак и братучедката на Серена... Како да нема свое мислење,став,а и малце кукавица е...Мое мислење... Што се тиче Серена..ја сакав многу...али некако досадна ми е веќе.. Ако не е центар пажња,глуми наоколу.. Спојлер таа спиеше со Нејт додека тој одеше со Блер,нели..а за бакнежот помеѓу Ден и Блер направи 300 узбуни... Глупаво ми е што се муваат сите меѓусебно...секој со секој...Нереално малце...
Да и мене ми е глупаво што сите меѓусебно се измуваа.. Серена да понекогаш многу идиотски постапува и верува на погрешни личности како конгресменот и татко и. Блер ми е ок на моменти, убава е, убаво ја облекуваат, во некои ситуации постапува правилно и се ама на почетокот ми изгледаше како да има комплекси што секогаш Серена ја сметаа подобра од неа. Некому му е интересно ама мене ми е глупаво девојките што одат по неа и да ги нарекува слугинки, што таа изиграва кралица, дури мило ми беше што во NYU не можеше да се вклопи.
Во целина земено интересен женски филм,опишан животот на милионерките(не им е се розево) јас сега ја гледам втора сезона па ке видиме што ке биди понатаму.Во прва сезона малку децки ми беше,на последните епозоди така стана поинтересен кога се појави Ѓорѓи а сега втората добра е до сега па едвај чекам да видам што понатаму
Многу интересна серија спрема мене. Многу ми е чудно начинот на кој сите си го чуваат грбот поготово во 4та сезона кога Ванеса, Џулиет и Џени сакаа да и напраат нешо на Серена па после коа и се ставија овие 4цава на Џулиет ептен им се дивев хаха. Ама малце е лошо пошо врз доста мои врсници има лошо влијание почнуваат да влагаат у не знам си какви филмови и се праат ко овие од серијава и пробуваат да праат некои "сплетки" ко у серијата и сето тоа гледано од страна е многу глупо!. Инаку овој Нејт е ааааааааааааааах
Ја обожавам серијава - особено Серена. Ја гледав до пред скоро онлајн на еден сајт, ама има лимит од некои 70 минути, па правиш пауза од 60 минути и се така.. а не сакам да ги симнувам епизодите - има некоја линкче каде ќе можам да ги гледам ГГ онлајн без лимити ?
Претпоставувам си ги гледала од овде,на megavideo.И јас ги гледав од тука.Има финта пробај така.Кога ќе ти каже дека си изгледала 70 мин. не чекај 60 мин.само дисконектирај се од нет,па пак конектирај се,направи и рефреш на страната и продолжи си да си гледаш до кај си застанала Инаку јас си ги сакам и Серена и Блаир.Глупо е тоа што сите се измуваа,ама пак.. . Многу ме нервираат девјки што ептен се соживеаа со филмов.Ги има многу такви низ градов.
http://www.sidereel.com/Gossip_Girl Пишав сигурно си ги гледала од овде а заборавив линкот да го ставам
Пред некое време решив да ја гледам серијата и само што го догледав сега крајот на 2-ра сезона. Значи ме остави вака . Не верував дека би можела да биде толку добра. Едвај чекам да ги догледам 3 и 4-та сезона. You can tell Jesus that the bitch is back! Дефинитивно Џорџина Спаркс ми е омилен лик од серијава. Уште во 1-ва сезона кога Серена се плашеше баш од нејзиното појавување, и баш кога се појави таа останав и знаев дека ќе ми биде омилен лик. Едноставно ја обожавам. Штета досега ја даваа многу малку, за натаму незнам. Блер и Серена ми се средни ликови. Не се лоши. Немам коментар. Машките исто така. Единствено најодвратни во цела серија ми се Џени и Ванеса. По досадни сцени кога се во кадар тие нема. Ајде нека ги исфрлат веќе еднаш. Ги гледавте овие ? Ептен се интересни. Може и затоа каснат во давањето на нова епизода. http://www.youtube.com/watch?v=mSAHcP16XYc http://www.youtube.com/watch?v=L9qZCp4nL5s http://www.youtube.com/watch?v=msFsMaXw ... re=related А и сакав на крај да прашам. Ќе се дознае некогаш која е Госип Грл? Толку од мене и мојот впечаток.
А што е битно која е Госип Грл? нема никаква функција, ораторка е само глумицата, се нема појавено ко лик во серијата. Нема ама баш никаква улога ниту поента да дознаваме Стварно неможам да сфатам зашто некои чекаат да дознаат која била Госип Грл, или пак која била мајката од HIMYM мене ми е баш онака ко база на приказнава, да не биде ептен безвеза, да си има некој тек
Кога би се дознала која е, нема да биде интересно, госип грл ги прави повеќето сплетки, кој со кој, каде... Мене искрено ме збунија кон крај на трета сезона кога почнаа сите да се прашуваат која е, ама сепак не открија.Би било интересно да ја откријат ама во последна сезона и последна епизода и само ако е некој/а од глумците.
Ама не е таа Госип Грл што ги дознава работите и ги прави сите сплетки. Нели си има маил и кој фати некоја фотка или ситуација и праќа нејзе и оваа само анонимно ги објавува. И коа да видиш они сами меѓу себе си прават сплетки