Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Ги имам изгледано сите 4 сезони, дури 2рата и 3тата по два пати. Поинтересни ми беа 2 и 3.
    Блер - не ја сакам толку многу. Да, има епизоди каде што добро ги заплескува, но сите тие сплетки, па тоа избирањето на кралица заедно со тие нејзините другарки - некако многу детски се однесува, како недорасната. Со Чак најмногу си одговараат. Само и веќе тоа нивното не е тоа што беше. Трчам јас по тебе, ти не сакаш да бидеш со мене, трчаш ти по мене, јас не сакам да бидам со тебе.
    Серена - подобра ми е од Блер. Има проклето добри коминации, мислам дека секое парче би го носела. Знае да ме изнервира во некои ситуации, ама позрело се однесува. Само претераа со сите нејзини дечковци - сите ги сака, со сите ќе бега, за нив се кара или со семејството или со Блер, и на крај ништо.
    Чак - д бед бој. Да не го глумеше Ед мислам дека немаше толку да го сакам. Во 1ва сезона не можев да го смислам - толку ми беше одвратен, си има пари, се замара само за секс и забава. Ама од 2ра па навака се повеќе и повеќе изненадува.
    Нејт - срцка ми е. Најубав е од сите. :lol: Незнам овој ми е многу недефиниран лик, некогаш е добар, ама некогаш знае ептен да те зае*е.
    Лили - можеби најомилената. Жената си има став, држење, иако е во елитата не се замара кој што зборува за неа, дали ја сакаат или не, не пати од таков комплекс. Иако изгледа можеби построга сепак е родител - се грижи за Ерик и Серена. Има направено грешки во минатото, но од 1ва сезона па навака ( од кога е со Руфус ) - се подобра и подобра ми станува.
    Џени, Ванеса, Џорџина - не ги сакам. Сите ми се само Блер wannabe. Толку многу пробуваат да се вклопат, со злобни и себични начини. Фала богу од 5та веќе нема да ги има.
    Не ми се свиѓа во серијава што секој со секого беше во врска, ептен се испомешаа. Убаво е да видиш дека и покрај тоа што се караат, секогаш се тука кога треба.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Последната епизода која ја гледав беше преубава и драго ми е што Блер и Нејт ќе бидат повторно заедно но по се изгледа нема да потрае.
    Една од поубавите сцени во Госип Грл :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=su8Loled8Gk
     
  3. Kristinna92

    Kristinna92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    168
    јас па Џени си ја сакав најмногу од сите жал ми е што ќе ја нема повеќе.... :(
     
    На pll му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ги имам изгледано сите 4 сезони и се навлеков на серијава, само за тоа го тупам. :$

    Епизодата со матурската забава... Мислам дека единствено во оваа епизода се доловува начинот на кој Чак ја сака Блер. Кога го кажа тоа „Because I love her“, почна да ми се стега срцето, многу ми падна жал. Чак и Блер многу си одговараат, а и убаво изгледаат како пар. Блер и Нејт - не баш.

    Нејт повеќе ми се допаѓа од Чак. Поубав е и поприземјен, но Чак е пошармантен и го има тоа „нешто“.

    Чак е многу комплициран, но најгревче ми е од сите. Многу е несреќен, дури и премногу, а и татко му му има набиено комплекс дека не вреди доволно за да ја заслужи неговата љубов. Од татко му научил да биде ладен, без чувства, затоа мислам и дека многу му беше тешко да и каже на Блер дека ја сака. Најмногу го сакам од сите ликови, но никако не го оправдувам неговото однесување во четвртата сезона кон Блер, посебно тоа што се обиде да ја удри. Во погледот на Блер можеше да се види дека беше исплашена, како за себе, така и за Чак.

    Џени... Во првата сезона ми беше фина, ја сфаќав некако, сакаше да се вклопи, но од крајот на втората сезона па натака е Блер во полоша верзија, и секако позлобна.

    Две нешта што не ми се допаѓаат во серијава: прво, секој бил со секого. Второ, ликовите се однесуваат многу возрасно за годините. Блер, Серена, Чак и останатите имаат 18 години во сезона 4, а патуваат каде сакаат без прашање, бегаат од дома и што ли не. Џени кога прв пат беше на забава со Блер на слипоувр кога ја украде јакната имаше 14 години. Несфативо ми е тоа.

    Искрено, мило ми е што ќе ја нема Џени од 5та сезона. Навистина ја претераа со сплетките. :puke:
     
  5. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Ги изгледав сите 4 сезони, и сега немам што да гледам ќе почнам пак истите да ги гледам од почеток. :^) Кога ќе излезе 5 сезона знае некој? :?:
    И многу ми е мило што ќе ги нема Џени и Ванеса не ги сакам ич! А и многу ми е криво за Блер и Чак, ептен си одговараат, ама мислам дека на крај на серијата ќе бидат заедно :)
     
  6. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Петта сезона почнува крајот на Септември:
    Прва епизота - 26 Септември
    Втора епизода - 3 Октомври
    Трета епизода - 10 Октомври
     
  7. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ме нервира Серина што мора се што сака да добие по секоја цена,па и да биде најголема курва..
    Блер ваква-таква,ама си го има Чак и гајле и е.Дај и оваа Серина нека си биде со Ден и нека не замара. :D Ајде ајде 5та сезона се чека :)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А трејлерче за следнава сезона што викате? :wasntme:
    Кој е во венчаницата? Блер бремена ли е? Ден и Блер центар на внимание во сезона 5? Книга на Ден и проблеми во семејството? Одвај чекам 26ти да дојде, се надевам на добри 22 епизоди :)
    http://www.youtube.com/watch?v=amJdewqxH0A
     
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не го гледам трејлеров, не сакам да си расипам.
    Ама ако не зафркнат како во 4та сезона, одлични први 2 епизоди и одлична средина ќе ја откажам серијава. Лани најубава сцена беше таа на железничката, па после тоа ниту една убава епизода немаше (Освен со пијаното и тие 2 по неа).

    Ми изгуби одамна серијава, Биг Бенг, вампирите и Спартакус ги чекам со нетрпение, ова веќе сеедно ми е дали ќе се емитува или не.
    Само да не направат серија како Шпанцине па да се натегнуваат кој е таткото и исто како во сапуницине да се подметнуваат бебиња и слично.

    Немам некои големи очекувања.
     
  11. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    овој трејлер е fanmade, еве еден со неколку сцени од 5 сезона
    http://www.youtube.com/watch?v=v9aq2sNdEyI&feature=channel_video_title
     
  12. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Ги обожавам Serena & Naite, совршен пар се :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    А секако и Blair & Chuck
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Во денешнава епизода онаа новова што дојде Кејти како се вика не знам точно, Хилари Даф е?
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не знам која ти е таа денешна епизода, инаку да, Хилари Даф ја глумеше онаа Оливиа филмската звезда.За Кејт некоја не ми текнува во моментов.
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Нема врска,јас ја гледам на една српска програма и зато реков денешнава.Бидејќи денеска беше таа епизода
     
  16. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ Да, Хилари Даф е, се претставува со своето средно име Кејт изгледа беше, а инаку се вика Оливија како што кажа фемина90.
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    И јас баш стигнав до тие епизоди со Оливија или Кејт но ја гледам на интернет.
    Иначе овие епизоди ми се ептен интересни,со факултетот па со цимерката на Блер Џорџинка :D .А иначе морам да признаам дека Блер и Чак не се лоши како пар но некако не сум луда по нив како повеќето.
    А Серена сега со Картер :) се прашувам кој ќе биде следен на листата :^) .Нејт срцка се поубав и поубав е :inlove: а Ден де со оваа де со онаа види го ти лонли бој каков женскар стана :) .А кога ќе се сетам дека ми беше најсимпатичен во првите епизоди ми иде да се обесам :D подосаден и безличен лик здравје.
    Џени полека но сигурно се претвара во кучкица но за разлика од Блер оваа ми е многу одвратна во такво издание па и таа шминката црна се направила како панда а претходно беше баш симпатична.
     
  18. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    ^ Хахахаха, чекај да видиш каква ќе стане Серинка понатаму, од една од поомилените ликови ми стана најодвратна со тоа нејзино понашање. А па мене Ден сега ми е симпатичен, порано не го ни приметував :)

    А Нејт, лепотанецот наш, само за украс е, така да го гледаш и да му се восхитуваш на убавината :)
     
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    http://www.youtube.com/watch?v=kQWpm7Kl ... r_embedded

    Ви го представувам најлошото промо што некогаш било направено. Мислам дека поглупава сезона од оваа нема да излезе. Ќе и дадам на првата епизода шанса, евентуално за да видам дали Џорџина ќе се појави, ако не, тоа е тоа ја откажувам серијава.

    Не можам да поверувам колку е глупаво и идиотско промово.
    Видете што беше промо
    http://www.youtube.com/watch?v=6CTgydGg ... re=related
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    251.651
    Не можам да си го најдам постот каде пишував дека никогаш нема да ја гледам серијата. На шала решив да видам што се случува со серијата по која се дига толку врева.
    И да, видов!
    Секоја вечер до 6 наутро јас ја гледам серијата, за неколку дена стасав и до 3 сезона. Ја сакам серијата, ете признав :tmi: .
    Првата сезона ми беше врв, најдобра до сега. Втората истотака, ама третата некако не ми прави многу ќееф. И давам шанса, бидејќи сеуште не сум дошла до пола сезона.
    Од ликовите на почетокот најмногу ја сакав Серена. Посериозна, поприземна ми беше од Блер, но таа едноставно не знае што сака. Ќе се согласам со останатите дека е недефиниран лик, кој игра двојна улога. Сепак не е толку лоша и уште си ја сакам. За облеката не коментирам, се нејзино би носела и сакам да го имам.
    Блер на почетокот толку ми одеше на нерви, одвратна ми беше, но со тек на време ја засакав. Значи Блер е Блер, цело време е таа, не глуми лудило, како што тоа го прави Серена. Кучка бе кучка ;) .
    Стлот и го поштувам, би носела и нејзини парчиња.
    Чак е ликот кој заедно со Лили го обожавам. Фраер ипол, му се може. Го сакам, за разлика од детето Нејт кој потпаѓа по сечије влијание. А што е убав, убав е :) .
    Лили, заедно со Чак се ликовите кои најмногу ги сакам во серијата. Само се нервирам што е со Руфус, бидејќи тој заедно со Ден и Џени ми се најодвратните ликови во серијта. Уф не ги можам, ис ту мач за мојот желудниг. Толку досадни ликови, што радо би ја гледала Џорџина и Венеса отколку нив. Мене ми се итересни и двете, за разлика од онаа Џени и вафлите на Руфус.
    И овој Ден откако раскина со Серена кој фраер стана.
    Од семејството Хамфри ми се :puke: . Сакам да ги нема!