Е баш поради тоа ми е одвратен Ден.Толку велеше дека ја сака Серена а за глупости и раскина,чисти глупости.Тој ја изневери неа со Џорџина а после ја обвини неа дека му криела работи а тој отсекогаш знаеше дека она е Серена Ван дер Вудсон која спиела со незнам колку таму и ја прифати како таква па што има тогаш да и се лути? Исто ми беше одвратен во тие епизоди кога спиеше со на Серена професорката јес да беа раскинале али сепак . Не дека ја бранам Серена и она ми е одвратна со тоа нејзино од маж на маж но кога се однесува за нивната врска Ден испадна голем лигло. Море каков сака карактер нека има одмор ми е за очите А и што фали на неговиот карактер,дечкото не се дига во облаци за разлика од Чак.Чак ми е премногу умислен и префинет,за машко толкава префинетост и елеганција ми е ту мач.Па уште кога ќе го видам со тие црвените трегери или марамата врзана околу врат боже мили .
Почнав да ја гледам серијава пред 4-5 месеци. Ги спуштив првите три сезони и моментално сум до средина на втората. Не знам зошто, престанав да ги гледам на почетоков на летово. И, Нејт... Сонце тоа убаво.
Спаркс ма, дај шанса на серијата, ете гледаш Елизабет Харли ќе глуми Јес да им се истрошија идеи и веќе не знаат што да снимаат, ама ГГ секогаш ќе ми биде серија таман за опуштање, ма колку и да ја тупат во последно. А промото стварно е безврска, ама едно е сигурно ЧАКИ ИС БЕК Ќе ја гледам и сезонава само заради него, па и Нејт се проубавел уф, уф, значи таа е, колку повеќе стареат маживе толку се посекси Спојлер Ми мириса ли и на мене камбек на Серина и Нејт или така ми се чини? Се надевам ќе ги вратат зашто ми беа омилен пар, иако кратко траеја Бизнисмен е, мора таков стил да има Сепак, се е прашање на вкус, Нејт за мене ми е too sweet Јас сакам поозбилни како Чаки
Е да се си е до вкус . Ви завидувам на вас што веќе ќе гледате петта сезона,а јас уште трета не сум ја завршила . Ама ќе биде,штом сезона ипол изгледав за еден месец.
Се секава ли некој на епизодата кога Џејн беше матурантка.Ако некој се сети за која епизода се работи молам да ми пиши во пораки
искрено во почетокот не ни сакав да почнам да ја гледам серијава зашто мислев обични американски глупости,како и во секој филм(љубов,омраза,неверство)..бла бла бла Но, на почетокот на летово во горештините кога не се излегуваше од дома,ги данлодирав и за помалку од еден месец ги изгледав сите сезони ТОТАЛНА ЗАРАЗА! завршила едната епизода,нема време за претпоставки,веднаш на плеј да видам што ке се случи следно и кој со кого хихихих Најомилен машки лик дефинитивно Нејт(што поради убавина,заштитнички став и сл.) а од женските Селена, ма да ликот и е малку блед исто како и стилот,недоволно изградена личност која што и притоа нема некој стил на облекување дефиниран(најчесто најпознатите и најнови парчиња од модните писти) Чак дефинитивно не можев да го смислам првата сезона,но после втората веќе го засакав заедно со неговиот заводнички глас Така еве сега 2 месеци без ниедна епизода,почнувам да се нервирам и не можам да ја дочекам новава 5та сезона која мислам започнува 26ти септември и секој понеделник нова епизода,ке си ги данлодирам,гледам и уживам во таа убавина! хехе -сигурно не ме знаете,нова сум на форумов,но долго време го читав и ете решив и јас да се регистрирам и заедно со сите вас девојки да споделувам мислења и слично
Е овие епизоди од третата сезона најдосадни дефинитивно . Ми се допаѓаше само почетокот на сезоната а сега се испорасипаа.Мора ли баш секој со секој да биде .Некако нереално делува две најдобри другарки да си ги делат дечковците и да се однесуваат како да не е ништо страшно. Ден па сега со Ванеса кој одвратен пар Дотичната Серена Ван Дер Вудсон почна да ми гази на нервите со тоа нејзино овој го сакам,па утредента друг сакам.Нели до пред некоја епизода се ќе направеше за Картер,па избега со конгресменот за на крај да се сплетка и со Нејт.Само молам бога да не остане со него (не дека се сомневам) ич не ми се пар,Нејт заслужува подобра . А не знам само зошто ви се интересни Чак и Блер како пар.Подосаден пар амин.Се едно исто се врти околу нив.А што и направија на Блер со облеката во оваа сезона.Се некои бабински парчиња,како да не е она.Кога се сетам како добро ја облекуваа во претходните сезони.Но сепак ми останува омилен лик. А Џени Хамфри ми стана еден од омилените ликови.Точно е дека е кучкица и се прави некои проблеми но некако ми се свиѓа нејзиниот карактер и ја прави поинтересна серијата.А и супер се облекува,само да не ја става таа црната сенка повеќе. Дај боже да ја оправат работата затоа што серијата почна на ништо да не личи.Сите се измуваа,сите се испокараа а на крајот на денот сеуште се најдобри пријатели и пријателки.
^ Хехехе драга BlackSwan ова е само почеток Гледај понатаму, ќе видиш како уште повеќе ќе ја расипат серијата За жал Мене пак од 3-тата сезона само Нејт и Серина ми останаа во сеќавање, иако дотичната Серина ван дер Ор****ја и мене ужасно ми оди на нерви, сепак со Нејт ја сакам, голема навивачка сум за нив, баш ми се кул Си одговараат и по сексипил, и по карактер а богами и по размислување Ајде може сега во 5-тата сезона ќе ја оправат работата, па ќе коментираме после понеделник На 26-ти е во USA, кај нас е на 27-ми. Очајните почнуваат на 25-ти.
Конечно ги изгледав сите четири сезони. Четвртата е дефенитивно најлошата сезона! Бледа! Единствено ликот на Блер е веќе созреан. Од почетокот па се до сега! Ама затоа Серенка си е една иста! Никако да порасне. Го сменив и мислењето за Лили, не ја сакам веќе. Сакам да ги вратат Џорџина и онаа лудата братучетка на Серена, да биде поинтересно. Се надевам дека петта сезона нема да ја упропастат како четвртава и ќе се извадат. Се чека да дојде 27 .
Сите се жалиме на серијава, ама пак ја гледаме И колку и да е лоша 5та сезона, знам дека пак ќе ја гледам.Ако нема некакво си дејство, гламур и луксуз за плакнење очи има
Имаш право, и да е лоша ќе ја гледаме. И анатомијата е упропастија, ама ете пак ќе ја догледам. Но правиме споредба на сезоните, па оттаму се мисли најлоша. Американските серии се повеќето такви, првите сезони одлични, а останатите тапа. И не знаат кога е доста па да престанат со сезоните. Со тоа повеќе ги упропастуваат.
А не ли пишува дека премирата ке биде на 29ти Леле можам да замислам како ке биде кога ке излезе серијата.Сите ке навалат да ја слимнуваат од нет и една епизода ке слимнуваме по 5 часа со безброј вируси Баш ме интересира дали ова езона ке биде подобра од 3 и 4 сезона или уште по тапа.Како и да е јас секак ке ја гледам поради глумците
Според мене можеше и третата а како што слушам коментари и четвртата сезона да ги направат еднакво добри како претходните.Требаше да воведат повеќе нови ликови и да го избегнат тоа мување секој со секој.На пример ликот на Серена е тотално упропастен.Во првата сезона и беше добро осмислен,бед грл гон гуд која се заљубува во момче поразлично од нејзините бивши мувачи а сега ја направија Спојлер тешко к*рвиче .Дури мака ми е веќе да ја слушам како зборува со тој напатениот глас како за овој ќе се беси,па за оној.Аман нека си признае веќе дека си го прави кефот,не е можно некој толку лесно да се вљубува и одљубува .Блер си е стандардно добра и вистина е дека ликот и созреа со текот на сезоните.Чак ми е малце упропастен,повеќе ми се свиѓаше стариот Чак со смислата за хумор.Нејт тотално недефиниран лик,од една страна е добар пријател и гуд бој а од друга неодлучен во врска со девојките.Ден ми е од одамна одвратен кога почна да се мува со разни Џорџини,Ванеси,Оливии.Но сигурно ќе ми стане симпатичен кога ќе се сплетка со Блер.Некако тие двајцата ми се сладки заедно ,не се поднесуваат и се наизглед различни но всушност имаат многу сличности. И да,да многу ја критикуваме серијата но секако дека повеќе би гледала Госип Грл отколку турските глупости кои ги даваат на телевизија. Јас сум малку досадна во темата но морам да споделам импресии.Знам дека повеќето ги имате гледано овие епизоди и ја чекате петтата сезона па си правам уан мен шоу до тогаш .
^ Море BlackSwan ова твоето ко јас да сум го пишувала Тотално се сложувам, освен во делот кај Ден, тој ми е мене симпатичен (иако е на последно место од маживе ), шо има врска шо се плетка со секакви, па и Нејт не е никогаш сам, и за него не се жалите Спојлер Ама колку ми е смешен Нејт кога се плетка со постари, како таа војвотката хахахаха, па од промово што видов за 5-та сезона и со Елизабет Харли го споија Море сите ми се океј, освен Серинка кога не е со Нејт, е тогаш ми иде да ја исшамарам И да, колку и да е лоша серијата, ќе си ја гледаме заради одличната гардероба, убавите глумци и музика На крај краева за опуштање е 5-ка
За убав, убав е, преубав, од промово за 5-та епизода паднав во несвест, некако помажествен е, не е too cute како од првите сезони Еееее ај белки нешто интересно ќе му се дешава во сезонава, Спојлер во 4-та ништо не му се дешаваше, собираше прашина само Се чека понеделниииииик!!
Серијава ја следам на тв,ми се допаѓа како се облекуваат и ликовите али физички изглед.Но не ми се допаѓа самата тема на серијата како што кажавте и вие погоре.Секој со секого се сплетка,па веќе почина да личи на шпанските серии.Ме нервира Серена најмногу што мисли дека на сите може да им помогни и сегде се меша,а фактички самата на себе не може да си помогни.Нејт ми е онака сладок,интересен лик.Ден и тој е ок,само малце е глупо ситуацијава со него,Серена и нивните родители.До вчера дечко и девојка а сега семејство се.Нема врска,да не тупам си знаете си самите.Најубав пар ми се Чак и Блер.Некако најоригинални и најубави,се надевам дека ке останат и понатаму.Џени ме нервира пет минути се прави дека светица,пет минути грешница.Нема постојаност кај неа,сега е добра сите ја сакаат на сите им помага после се бега од дома,и се кара со сите.Најмногу ме нервира Венеса не знам оти али ич не ја сакам.