Денес беше премиерата Долго се чекаше петата сезона, едвај чекам повторно да ја гледам. http://www.youtube.com/watch?v=7dDoXTmK ... _embedded#! Ме разнжни видеото
Спојлер Неверојатно е како може премиерата на 5-тата сезона да се провлече со 40 минутки pure crap и 5 минути солидна драма и сплетки. Не ја оправија косата на Блер и не ја оправија. Во првата сцена Елизабет Харли ми изгледаше толку престарено, збабичкосано, просто одвратно. Мора да се признае Серина изгледаше предобро, освен оние два ѓердани кои стилски беа оддалечени едно 10 години... ама затоа елечето... прекрасно изгледаше девојката. Се' друго млако и сосем невпечатливо, ниту запаметливо. Освен последните 5 минути. Слаб почеток на сезоната, се надевам ќе се подобри уште во втората епизода.
^Нема сеуште превод, јас така ја гледав, повеќето разбрав. Спојлер Инаку навистина оваа Елизабет ко бабиште ми е, па и каков длабок глас има, бљак. Нејт толку ми е убав а почна да ми станува одбивен поради бабетините што ги легна . Серена беше преубаво облечена, освен ланчињата што бодеа очи. На крај кога се гушкаа со Нејт и Чак преубава и беше косата, само не можев да сфатам како и е фатена . Ден многу огрознел. Ништо посебно не ме влече да ги гледам, само ради реда, да мине време.
Па добро Лиз Харли има 46 години, сигурно нема да е подмладена. Баш изгледаше преубаво според мене. Таа е и улогата - постара жена. Инаку првава епизода ништо посебно. Се слагам, 5 минути ако беа интересни, другото - достојно за премотување.
Јас не ја гледам веќе. Ја изгледав денешнава епизода и како што бев уморна подзаспав на 2-3 сцени. Удав. Веќе видено, Нејт ист како во минатите сезони, Чак исто, Блер иста, Серена пак иста (Уште е глупава). Имам малку слободно време, сакам да го искористам на квалитетни серии. Оваа освен облека ништо друго квалитетно нема веќе. Штета, од омилена серија ми стана најодбивна. Goodbye Gossip Girl... Нема да ми недостасуваш.
Колку многу очекував од епизодава.... Многу млака приказна за вовед во нова сезона, не се случи ништо интересно, без кулминација, без некој убав заплет, без драма. Некако исфорсирано ми делуваше. Се молам само да почнат да го менуваат ликот на Серена, зошто е време малку да созрее како карактер. А и ликот на Нејт треба да се дооформи.
Само што ја симнав првата епизода од петтата сезона и сега ќе ја гледам. Инаку женски, превод има на БС плеер. Едит. Епизодава не беше ништо посебно како за прва епизода од сезона, ама имало и полоши во претходните сезони. Блер иста како и секогаш и воопшто не ми се допадна косата на почетокот. Затоа Чак... Спичлес. Каков е на мотор, да го грабнеш и да бегаш.
Епизодава беше... Спојлер ..НИШТО! Бавно и досадно поминаа 40 минути. Но не се откажувам, уште се надевам дека ќе ги оправат. Туку што и направија на Блер? Цела епизода беше со оваа фацка: А фризурата на Ден? Сам се ишишал? Чак го разубавеле, Нејт- истотака.. А и не знам зашто во спојлер ги ставам описиве кога ништо не се случи и нема што да се коментира, (освен физички изглед) Еве ајде да не биде без ич.. чие е бебето на Блер?! Не верувам дека некој не знае
НЕветувачки почеток. Се знаеше дека серијата нема да биде толку интересна како некои. Но нема да престанам да ја гледам. Ќе плакнам очи на облеката. И вреди да се гледа само ради релаксација. Барем ги разубавеа ако не друго. Само на Ден мора да му се потшиша косата. Инаку и ''заплетот'' што го имаше не беше тоа тоа. Ајде можеби натаму ќе се оправат, иако не верувам. Инаку кои беа овие двете новите? Ќе имаат некоја значајна улога понатаму?
Епизодата не беше ништо посебно, башка што беше многу предвидлива, ама вредеше да се гледа заради Нејт, кој официјално го прогласувам за најубав и најсекси сезонава Гардеробата си е стандард прекрасна, барем тоа не се менува во Gossip Girl Серина конечно си најде друга занимација што не е поврзана со мажи Аплауз за неа, како охрабрување да продолжи така Ама стварно ме копка што крие оваа Елизабет Харли. Спојлер Блер е бремена? Ох, Боже Едит: Спојлер И сега Серинка останува во Лос Анџелес, а другиве во Њу Јорк? WTF!? А таман се понадевав дека би можеле со Нејт да бидат пак заедно.
Слаб почеток на сезоната со која треба да се извадат за лошата 4 сезона. Не е тоа серијата што беше во прва и втора сезона. И третта сезона беше далеку подобра од четвртата. Ако не ја подобрат, дефенитивно паѓа рејтингот на серијата и нејзината гледаност. Доколку немаат идеја што да прават, нека ја завршат серијава, џабе што ќе снимат уште 2 сезони кога ќе бидат лоши. Но тоа е, американски среии, ретко ќе сретнеш среија со добри 5 сезони. Сите ги упропастуваат! Доклоку Блер е трудна од Чак и се омажи со принцот дефенитивно серијата ќе прерасне во шпанска серија. Се надевам дека имаат смислено добро сценарио за следните епизоди, бидеќи отиде серијата во неповрат.
Јас не очекував нешто посебно од првава епизода, зашто не може веднаш да има којзнае си какво интересно дејство.Повеќе беше прикажување кој како е, со кој е и така и мислев дека ќе биде.Малку пренатрупано беше, од овој, на оној, ама се надеваме на подобри епизоди