http://www.monova.org/details/3921092/G ... .XVID-P0W4.[VTV].TORRENT.html еве торент, инаку од сите серии излегува по една еп. неделно. Нема тука нервирање за тоа, и јас немам трпение, ама така е со сите што ги гледам. Добро почна 4-тата сезона. Не знам само кој е типот во затворот. Ќе откриеме. btw - можеа поубава девојка да му најдат на Чак од таа плавушата. Ко некоја погача е .
леле таа на чак многу е никаква и редно беше да внесат нови глумци,да освежат малку,се беше тоа па тоа,а толкав милионски град...
Стварно девојката на Чак е потпросечна... Се нервирам дека компјутеров не ми работи како што треба и не ќе можам да ја гледам денешната епизода! Ќе морам да почекам. А инаку, мн ја сакам серијава, не се гордеам со тоа - голема сум за тинејџ серии, ама ете, си ја дозволувам заради прекрасните облекииии
Ги гледав првите две сезони, добра е но не е нешто посебно серијава...само забави прават, секој со секого се сплетка...ама пак вреди да се гледа за стајлингот и облеката што ја носат, стварно има многу убави парчиња.
Тинејџ серија? Млади бунтовници е пример за тинејџ серија, а ја гледаа од 1 до 77 години. Па и цртани филмови гледаме цел живот, не е за срамота ич. Девојкиве во серијава имаат околу 20 години. Тоа не е тинејџерство. Плус спијат со секоја будала, во тинејџерски серии има само бакнежи Така да ај да речеше имам 45 години и голема си, 24 години имаме иста возраст сме и ни се случуваат работи баш како на оговарачкиве. Не се прави стара тетка, јас се осеќам ко дете
вчера конечно малку повеќе заплет имаше,а посебно ме израдуваа со тој новиот глумец и во очајни домаќинки се појави минатата сезона,многу е убав
Во Америка игра на телевизијата The CW Иначе сите ние ја симнуваме од интернет. На наша телевизија ЈОК! Секоја недела во текот на ноќта има во америка премиера, значи ние македончињата во понеделник рано сабајле ја имаме епизодата. На замунда или арена БГ јас веднаш ги симнувам. Вчера ја гледав од 4та сезона 5тата епизода. Ги обожавам
Па не ги гледав Млади Бунтовници кога ми беше времето, тогаш се правев тетка А GG си ја гледам, иако можам да замислам да правам и нешто попаметно
Кој е тој тип во затворот (братот на Џулија) и што мајка има толку против Серина? Иако мене не ми пречи да има некој нешто против неа, тотално ми е антипатична.
не и е брат на Џулија... не знам кој е, можда е некој од таа вечерта кога починал тој типот од предозирање ама не сум сигурна...
И јас мислам така. Најверојатно овој бил виновникот и сега е изреволтиран бидејки е во затвор , па сака да и врати на Серена.
Ми се чини дека глумат 17-18 годишни... Да не бидам оф-топик, серијава ја обожавам, но не ја гледам баш често. Уште не сум завршила со првата сезона бидејќи немам време