Леле ке умрам блазе си ти,ама најмногу ти љубоморан за сликата со Чак леле видето го каков е збора пак онака на телефон уфффф лелел а со Серина немаш слика?
Овој па Ден сите ги сака,многу љубов има во човекот! Колку дволично створење,ми се гади од него.Многу беше поубав на почетокот. Веќе не се знае кој со кого е. Принцов мамино синче,многу лигав тип ми е. Само да не ја вратат Ванеса.Не ја можам неа. Блер ми е многу грда сеа.Што е со веѓите и косата? Чарли ми е мило што ја вратија.Многу мил лик. Ќе видиме,тек почна сезонава.
^Ако имаш акаунт на замунда ги има скоро сите саундтракови од филмови и серии. Инаку можеш и на гугл да пишеш госип грл саундтрак даунлоад и ќе ти излезат линкови .
Ужасна епизода. Фризурата на Блер е се' уште одвратна, сестрата на Луи - уште поодвратна, дејствието е глупаво, дури онака ти кине живци, Чак сега ја изгубил способноста да чувствува после голема емотивна траума, па плаќа луѓе да го тепаат во мрачни улички... Нејт е убедливо најголемиот глупчо во серијата, тотален без'рбетник со сериозни mommy issues... Размислувам да ја скинам од листата на серии за гледање, беспотребно трошење даунлоуд и време. Од најомилените ми стана убедливо најодвратна серија. Никаква драма, никаков квалитет, очајно сценарио, лош развој на настани и ликови... КАТАСТРОФА ! Зевам.
незнам како не сум икоментирала до сега си се самозачудувам Ја обожавав на почетокот кога почнав да ја гледам сега слабо ми здодеа секој со сокого стана работава. Ја обожавам Блер, единствена ми е П.с ако ги нема на замунда новиве епизоди одма излегуваат на btjunkie, барем до 4 сезина сите илегуваа одма
Спојлер Блер е бремена? That's it? Јас мислев подолго време ќе не држат во неизвесност и дека на крај ќе испадне нешто што не сме го очекувале. Па ептен не наведоа на тоа уште при крајот на минатата созена. И цело лето се зборуваше за Bass baby... Се надевам дека не е бремена од тој принцот, леле одвратен ми е! Некако ми беше „празна“ епизодава, може затоа што бев навикната да ги гледам сите на купче. Ја нема фамилијава на Серена, тук таму ќе се појавеше татко му или мајка му на Нејт, сега ни нив ги нема. Другарките на Блер што некако ја зачинуваа серијата веќе одамна не напуштија. А и GG не е нешто креативна со постовите... Се надевам дека ќе го повторат успехот од втора и трета сезона и дека нема да има вакви полудосадни епизоди, туку ќе ги направат поинтересни и неизвесни.
Јас не ја догледав епизодата од што ми беше досадна... Ништо не се случува барем малку во неизвесност да не држеа ама ништо ни од тоа. Првите епизоди од 5 сезона не наговестуваат дека ќе ја поправат серијава....
Вчерашната епизода ми беше просечна, со понормален тек на настаните од претходната. Треба многу да внимаваат каков понатамошен тек на настаните ќе смислат, дури мислам пресудно е за серијава. Спојлер Се надевам дека Блер нема на денот на свадба да се предомисли.Само таква сцена да нема
Потполно се согласувам со femina90, инаку мислам дека „неизвесноста“ во сезонава е дали Спојлер Блер ќе се омажи за принцот? Ама како што тргнала серијава со шпанскиот тек на настаните, тешко дека ова е неизвесност Спојлер Elizabeth Hurley is hot... but Nate is even hotter
Па и повеќе од јасно е, дека целава сезона ќе биде насочена кон одлуката на Блер. И уште појасно е дека нема да остане со принцот. Во спортивно ќе ги тужам за претрпена траума. Јас сум искрено разочарана од стартот на сезонава. Ја нема таа драма, тензија, напнатост и исчекување како претходно. А заради тоа ја загледав серијава.
Точно, ама после 4 години, изгубиле идеја сценаристите. А и секогаш истите ликови, и тоа е па тоа. Мора да измислат нешто интересно ако сакаат да не им опадне до нула гледаноста и да не им биде последна оваа сезона. А колку плукавме лани по 4-тата сезона. Па таа е измислена за оваа П.С. Спојлер Ден/Блер anyone? Ќе бидне нешто?
Ако сценаристите ја изгубиле идејата нека ја прекинат серијата, вака не бива. Овие сценаристите веројатно идеите ги црпат од Латино- американците, па не ме чуди ако Блер крие дека детето е од Чак и гледаш после 20 години, детето личе на Ден . Тоа ти е шпанска серија . Јас како љубител на срцепаталните шпански серии ќе продолжам да видам дали оваа сестрата на принцот ќе и го украде детето на Блер или пак ќе го замени со на Дорота .
Зарем е можно во ГГ да гледав вакви ултра глупи сценарија? Спојлер Блер бремена, и се лоши и оваа трча по вециња, и се гади...а глуми нешто, измислува глупости ко да е толку тешко да излаже дека и е лошо и неможе да јаде. Крај на приказната. Го отупеа за ништо. Па и уште еден шпанска серија момент: Блер вели дека е бремена токму кога позади неа на врата стои некој што не требало да слушне И Чак демек фраер беше и кажа на Блер да се омажи за принцот, па сега наеднаш има некое пореметување и немал никакви чувства, seriously? па и Серена и онаа "братучедката", поглуп изговор, амин. Оваа неможеше да ја одбие никако, абе ајде. Па и во Њу Јорк тргна со неа побледо сценарио неможат да смислат Jullie, ми се свиѓа последната идеа и да ти кажам ќе живне серијата, подосадно од ова неможе да биде Дури ни како се облечени веќе не ме воодушевува
Ништо, ништо. Откако ја симнав, дури синоќа ја гледав. Спојлер Цело време ваква бев . Ептен ја упропастија серијата. Ниту во оваа епизода не се случи ништо посебно. Абе знам јас им фали Џорџи Спаркс . Не е исто без неа. Сфаќам јас секоја сезона да има промени кај нив во врска со изгледот, но косата на Блер овојпат е ужас. Нека ја средат таму нели за принц ќе се мажи. Глумата во врска со бременоста и симптомите некако ми се претерана . Нејт одвратен ми е веќе. Незнам што повеќе да кажам за него. Чак останува таков. Ако Блер е со него ќе биде добар, ако не или е со други жени или губи контрола над себе. Другите несакам ни да ги коментирам. Абе и по пет сезони нели можеа нешто да променат.
Почетокот на сезонава не беше нешто бомбастично, ама се надевам дека текот на настаните понатаму ќе биде повозбудлив и интересен. Спојлер Не очекував дека Блер ќе биде бремена, некако тоа ептен на тацна ни го сервираа минатата сезона, па мислев дека ќе испадне нешто сосема друго. Оваа „братучеткава“ на Серена се повеќе ми оди на нерви и не знам зошто воопшто ја вратија во игра. Колку што успеав да дознаам, сега нешто ќе се матка со Нејт. Не знам што планираат да прават со Џени и Венеса, ама тотално им ги изопачија ликовите. Од фини прибрани девојки, станаа прави кучки. Па и овој Ден веќе аман, не знае ни он што сака. Сега ќе испадне дека ја сака Блер, а она спрема венчавка, па уште и не знам од кого е бремена... И се надевам дека не е од принцот, зошто во спротивно ќе бидам многу разочарана.