Eте денска гледав од сезона 5, и Боже мој, рано е уште но да си кажам, морам. Дај упоравете и ја косата на Блер како почеток, блескаше во 3та и 4та сезона, на што личе тоа, нели Квин Б е тоа?! А за сценариото, незнам, рано е уште да го искритукувам. како шо гледам мнозинството не сте задоволни, па ајде да дадиме шанса, мене најмн ми се свиѓа што онаа идиоткана мала Џени не глуми веќе, и Ванеца, остај тоа шо ликовите им ги направија бетер од на Серена, туку на нерви ми одеа нивните фаци Ден, Ден, осеќам ќе ми ја униште сезоната, не го личе да е заљубен во Блер, и воопшто не ми се свиѓа последните 2 сезони како и што глуме, го направија и него демек изопачен. Нејт, греота е да се коментира, толку неоформен лик ми е тој дечко, еднаш добар, грижлив, заљубен.. а некогаш толку занесен, лош само го преметкаат. А Чак... ах Чак.. на времето те обожавав, многу поубаво му стои улогата на лошо момче, кое е скротено од Блер Но Блер се матка со нејзиниот принц, кој е прекрасен, но премногу добар, и осеќам нешто лошо ќе испадне од тоа, а Чак, сега демек некоја нова девојка оваона, ма не, тој е најдобар само со Блер во пакет, сега оваа нова улога на недопирливо, и заштитено од емоции лошо момче не му стои, не му лепи, што е така, така е. Серена..1ва и 2ра сезона ми беше стварно ок, и ми беше интересна, сега последните 3 сезони не ја можам, упте нешто да и додадат во ликот? Пренатрупан е нејзиниот лик, ја направија тешка к*урва во едни епизоди, а некогаш толку наивна и неодлучна, некогаш толку зрела .. Се на се, не е тоа шо беше, и не ни очекував, ама за да ги кренам до небо, или па да ги распарчам со зборови, ќе дочекам нови епизоди, па ќе пишам тогаш. Сеуште има шанси, нели
Само мене ли принцот ми е ужасно смотан и малку грд? Посебно тоа устулето кога ќе му го видам, малечко, а некако чудно испрчено...
Мене принцот ми е ок, и сакам Блер со него да остане. Смачено ми е од врски како онаа на Блер и Чак, во животов насекаде околу мене гледам луѓе како така се мачат, па мислам дека време е да си тргнат и овие двајца по својот пат. Онаа братучедка и на Серена сеа ќе праи збрки некои осеќам. Интересно е така кога ќе се вмеша некој нов лик. Ете и таа сестра му на принцот. Има надеж дека ќе има интересни случувања. Ми фали Лили, не ја видов овие две епизоди, знам дека трудна беше во приватен живот, па кај и да е ќе се врати ваљда. Многу ги сакам со Руфус. Само Блеј ја критикувате, на Ден фризурата? Запуштено ми делува некако.
Не бе трендафилкеее и мене ми е грдичок, само акцентот некако сексуЉав му е ... не цело време ама така знае да скокотне. А таа братучетката не ја поднесувам бре ама ич. Не знам зошто ја направиле постојана улога. Јас па сакам Блер со Чак да си заврши, каков ти принц какви бакрачи Шта че ти тој луксуз
И јас сум фан на Блер и Чак, сакам да се заедно, баш ми се пар. Принцот ми делува како да и е постар брат. И да, грд е . Туку на Блер што не и е миена косата, не и е, ама и шишката на Ден нејќе шала .
Не, бе ова не е нормално. Цела сезона мистеријата ќе биде чие ооо чие е бебето, за на крај да излезе и дека не била бремена него некој и подменувал тампони во спиење и затоа немала добиено!!!! Не знам зошто е тешко за продуцентите да сфатат кога треба една серија да заврши пред да ја направат ваква глупост. Според мене ни на актерите веќе не им се глуми ова, немаат никаков ентузијазам. Косата на Блер мислам може слободно да добие и посебна улога колку да пополнат место. Исто и накитот кој го носи Серена, мислам што е работава милион дизајнери сакале таа да носи нивни ланчиња па ај ќе идеме по 10 одеднаш???
Абе девојки, серијава повеќе постои и се емитува заради промовирање на мода и спонзори, отколку поради желба и креативност на режисерите и продуцентите
Мене тоа ми е омилената сериа Точно дека содржината е далеку од нашата реалност, но сепак има некои допирни точки, и сепак карактерите на ликовите се еден вид на уметност, спој од видливи мани и доблести... И сепак сплетот е интересен
Заначи страшно многу е оглупена серијата,порано прва ја гледав од сите серии и одвај цекав да излезе на секој 2 мин провервав на замунда,а во однос на модата порано појке ми се средваја сега не сфакам зошто серина е таква во косата ко искубна,само Лили секогаш ми е средена и преуба
Спојлер Blair: I'm pregnant... (и јас целата подзинувам ) Blair: It's Louis's... what?! Ми се скрши филм кога му кажа дека бебето е на принцот. Ама последната сцена некако ме замисли, не ќе да е на Луи
Спојлер Нема шанси да е на Луи.Што ќе биде после, ќе се земе со принцот и толку?!На Чак е сигурно, ама ќе го отупат додека да откријат официјално.И ајде време е, колку сезони се веќе разделени.Е вистина е дека малку претераа со Блер и нејзината бременост, на Серена ама баш ништо не и се случува, едвај во неколку сцени ја даваат.А и којзнае што се случило со вистинската Чарли
Глупчо. Можеше целава приказна со принцов да биде далеку поинтересна а и да најдеа некој баш згоден висок стокмен принц во оделце. А не овој, како на Ден другарче од факултет за книжевност изгледа. Не стварно ја отупеа приказнава. И да ... Спојлер мислам од толку што е досадно и веќе претпоставувам какви глупости смислуваат режисериве знам однапред што ќе се случи. Не само јас пола од нас ги претпоставуваат следните сцени. Нема веќе возбуда. Блер го гледа писмото, знаев дека ќе оди кај Чак и ќе рече дека е на принцот. А не е, 100% не е. Али нема врзе. Исто и со Чарли приказната отупеа се знаеше дека на забавата ќе се сретнат со мајка и. Тие па тие 10 пати една иста приказна се тегнат иди ми дојди ми. Тој па Нејт најнаивно створење на планетава. Досада досада станува серијава. Само една сцена ми предизвика насмевка, Чак и кученцето, срцки
Ама ич немам желба да ја гледам оваа сезона.Само кога ќе излезе нова епизода ја превртувам за да видам што отприлика се случува,и дејствието потапа не може да биде. Спојлер Ако Блер е навистина трудна па и од Чак,мислам дека серијата треба да заврши,затоа што не ми е логично да думкаат бебе во раце,сепак тоа не е стилот на Госип Грл.Ако е пак од принцот трудна тогаш исто нема што понатаму да се случува,ќе се земат и крај.Не знам стварно како ќе се извадат од ова.А Серена и Нејт што уствари улога играт??? Серена трчка ваму онаму со тие смешните гердани а Нејт ми беше омилен лик до третата сезона а сега се мува пак со некои теткички,иако ептен е разубавен оваа сезона за тоа вреди само да се гледа. П.С. Само јас ли мислам дека Блер воопшто не го сака принцот,туку се мажи само поради титула на принцеза???
Не дека сум сто посто сигурна, но мислам дека Блер ќе го загуби бебете, е така ќе се извадат од ќорсокак, и ќе влезат во нов. Бебенцето, на принцот нема шанси да е, на Чак е сигурно, но ќе отупат да, додека да се дознае, па после знам Блер дека несреќа некоја да не ќе имала, на еден канал баш гледав шо збореа, шо да очекуваме од 5та сезона. Како и да е, Серена ја нема многу, и мило ми е, на живци нели ви оде, ја направија лом лом. Нејт жално за коментирање, само Чак и Блер можат пак да го дигнат рејтингот, па ќе видиме, а тој принцот нека живне малку зашо како овенат каранфил ми е.
Michelle Trachtenberg или Џорџина Спаркс денес слави роденден . Среќен Роденден Џорџи, се надеваме дека ќе ни се вратиш во серијата .
Ужасии... од сите серии што ги вртам моментално на репертоар, некаде на број 10, оваа ми е со најнизок рејтинг, лично за мене. Ја симнувам секоја епизода поради носталгија. И колку навистина да ги дочекам Чак и Блер заедно, за вечни векови, амин. За косичето на Блер веќе не ми се ни коментира, шишката на Ден, вечната неодлучност и правичност на досадниот Дееееен, леле татко му со вафлите ми е поинтересен. Ова е само една блед и ужасен отсјај на прекрасните сезони, 1, 2 и 3. Добро, Елизабет Харли освен што држи јако тело на 40 и кусур, што улога има побогу? Како да излегла од филмов http://www.imdb.com/title/tt0230030/ и дошла директно тука, и нема некоја разлика во глумата. Кој што сака нека каже, серијата без Џени стана инстантно глупава. Ликот и го направија идиотски, па ја протераа после. И ајде ќе правиме серија со малоумни ликови и приказна без душа... е ајде.