^ Jaс ја изгледав првата сезона и морам да кажам дека таа Џени ми е ужасно антипатична личност , го става носот кај што не и го собира , едвај чекам да не ја гледам веќе
Онаа Елизабет Харли нека ја мавнат што побргу оти отиде и онака уништената серија. Каква глуперда, па тоа акцентот, со сила лигавење и преправање демек -види ме колку сум луда и забавна на 43 Нејт, исто како твоите другари-, ми гази по ганглии.
Да бре, на 11 Октомври и беше роденден Епа среќен нека и е, да ја следи долга и успешна кариера, да прифаќа повеќе да глуми лошка оти и одговара 100%. Сепак ликот на Џорџина е еден и единствен, во срце си го носам уште од 2007 година Не знам дали сакам да се врати во серијава, зошто како што ве читам (не сум ги гледала последните 2) за епизодиве да кажеш дека се ужас е комплимент. Подобро ќе ја памтам како главниот лошотилук во прва и втора сезона отколку како лош лик во 5. Уште еднаш среќен нека и е.
Ликот на Џени почна да забегува откако се земаа Лили и Руфус и се збогатија овие со вафливе. Инаку отсликуваше навистина добар лик - desperate wannabe, започнувајќи од minion на Блер, па откако се здружи со нејзините другарки, па стана малку главна едно време, ама се' уште немаа пари, па мораше да го украде црвениот фустан на Валентино, дешавката со тој богатиот што глумеше дека и е дечко, а уствари испадна дека е геј, само за да биде во елитата и да одржи забава... понатаму епизодите кога ќе работи за Елеонор, ревијата со Агнес... многу добро осмислен лик, и не беше толку одвратна на почетокот, навистина, можеше да се научи многу од Џени - како не треба да се однесуваш и да си пронајдеш свое јас. Ама тоа е, парите го расипаа девојчето. После ќе ја направат невидена лигла и идиот. Затоа велам дека сценаристите ликот го упропастија.
Па вака, објективно, Џени беше можеби и најкомплексен лик. Девојче во пубертетски години со реални проблеми, тешкотии во вклопување, селење, раздор во семејство и сл. за разлика од Серена што проблемите и се движат од тоа што да облече и во кој следно да се заљуби. Ми фали во серијата, зошто без неа се изгуби тој шмек, односно елементот што се занимаваше со семејство во целата серија. Без неа некако се е во рeд со фамилииве, нема нешто да ги размрда, некоја драма, бунтовност освен оваа братучедкава смотана. И Елеонор ич не е присутна во новата сезона. Три епизоди, а неа уво ја боли изглеа дали ќерка и е бремена, ќе се мажи и дали пати. Друго, знаеме дека Лејтон има шишки, ама побогу средете ги зошто не ја сакаме Блер со виткани кремчиња! И Ден со косата личи на оние хипстери англичани, со гнезденце на глава. Од вчерашната епизода само во еден момент имав наплив на емоции. Кога се изговори: A part of me wanted to be yours! И кога Чак лежеше во креветот со monkey. Другото гола вода.
За мене единствениот светол момент во новава сезона беше фустанот на Блер од последната епизода. И толку. И јас гледам од носталгија, ама не верувам уште долго да го правам тоа. Не можам да најдам слика од позадината на фустанот, навистина беше прекрасна во него. Спојлер
Ќе се согласам со Трендафилка и Старфиш, ликот на Џени беше еден од покомплексните, преку неа беа разработени повеќе проблеми на една тинејџерка. Знам дека и на дечко ми му го имав коментирано нејзинот лик, му зборував колку е тешко кога некој сиромашен ќе оди на училиште со богати деца, како и таа сака да биде како нив. За се што правеше постоеше причина. Колку и да беа подмолни нејзините постапки сепак беа резултат на нејзината состојба. Средината во која живееше бараа од неа така да се однесува. Нејзиниот лик имаше И таква цел, да предизвикува одвратност и одбивност кај гледачите, оти ваквото однесување на тинејџиерите тоа и го предизвикува. Добро беше осмислен овој лик, кој за жал го тргнаа од серијата. Ликот на Џорџина беше извртен, малумен. Таа беше кучка, ама што би рекла јас кучка на ниво. Шлакната ми беше, ама интересна. Додека Ванеса беше патетична. Оваа братучетката е досадна.
Џени ми беше океј дури не се поремети 3 мислам, и особено 4 сезона, ја упропастија комплет. Иако, признавам дека недостига. Повеќе сакам да гледам како Блер прави партали од Џени него ли било кој друг, ни Ванеса шо е патетики до небо-лик не ми прави толкав ќеф да гледам кај што ѝ спуштаат. И онаа исто ја нејќев, Кејти Кесиди што ја глумеше, сестрата на Бен, ама и таа не се споредува со Џени. Патем, Спојлер убедена сум дека детето не е на Луи, 99 посто сум сигурна дека излажа и дека е на Чак.
Не е тоа тоа ако детето не е на Чак. Блер не ги ни отвори резултатите, го кажа тоа од тепка, па сеуште имам надеж. Чак ми е многу прираснат за срце и признавам дека пуштив солза кога заплака со кучето. А Ден ми е одвратен и точка. Серијава пополека се претвора во шпанска сапуница. Ја упропастуваат со тоа што немаат идеја што понатака. Досадни се многу, ако не ја оправат во брзо време никој нема да гледа. И да, се чувствува празнина без Џени, Џорџина и компанија. Многу ми одеа на живци, ама всушност сега сфаќам дека голем дел од интересните заплети го правеа тие. Ги симнувам новите епизоди со надеж дека ќе се подобрат, а и секако да ги дочекам Чак и Блер заедно. Како доаѓаат епизодиве, се помалку се надевам дека Госип Грл ќе биде тоа што беше во минатите сезони.
Мора да споделам еден скриншот од последнава сезона....не се секирајте, не открива ништо што не треба. Само еден апел да и ги средат на Блер веѓите....и косата успат и се приклучувам кон Џени фан тим. Имам кажано дека ми е омилен лик и ептен се надевав ќе ја вратат. Ама веќе слабо надежи и за тоа
Само што ја изгледав третта епизода. Импресии...немам! И така, косата и веѓите на Блер се ужас, фустанот е фантазија, како и на Чарли, мислам дека се заљубив во нив . Не мрчиме само ние за шишката на Ден, ами и Блер убаво му кажа дека е како лик од Мапет шоу . Серена салбо ја има, а ако ја има, стално некој прегрнува. Слатката таа, добрата, наивната. Ја сакав, ама сега еве што ми предизвикува. Нејт одамна не го ни приметувам во серијата. Тотално изгубен и блед. Единствено што ме разнежни е сцената со Чак и кучето. Ах милите тие . Досадно, досадно, па ни Руфус вафли не прави повеќе . Ама ќе си ја догледам серијата, ретко оставам серија недогледана. А кога ќе се земе во предвид дека сум бивш гледач на шпански серии, ова ќе ми дојде како освежување. Колку да останам во тек . Се гледаме наредната недела, а дотогаш ќе тупам глава на Fringe, во моментот нешто најдобро што гледам од серии. ХОХО ЗЛОБНИЦА (нема да ме чуди озборувачката да доби соодветно име како за шпанска серија )
Ох Боже, како, жити се, како актерка со „реномирана“ кариера како Елизабет Харли, прифатила да глуми 40-и-нешто годишна smoking hot новинарка со понашање на 13-годишна лигавешка од локалните основни училишта!? Е ај нека ми го објасни тоа некој. Јас си го обожавам британскиот акцент, така што акцентот на Лиз ми е едно од најдобрите нешта во 5-тава сезона И стварно можеле да донесат еден мнооооооооооогу посекси принц. Некој што би изгледал како овој Спојлер Спојлер Искрено да ви кажам баш ме брига веќе чие е детето на Блер, дали воопшто е трудна, што ќе биде со братучетката, дрн-дрн јариња. Само гледам и им се чудам на ак'лот на продуцентите, па што, интересни се бе во нивната глупавштина Секако ќе продолжам да ја гледам серијата заради тоа, заради новиот секси Нејт, акцентот на Лиз и Лилиииии конечно барем неа ја вратија.
Ги отвори резултатите после шоуто, Спојлер на улица кога стоеше со Ден. Ја на фацата мислам ѝ пишуваше на Чак дека е, и следна сцена одма на Чак му кажува трудна сум, на Луи е. И на самиот крај од епизодата го фати пликот го изгледа и го скри, т.е. го пикна во фиока. Убедена сум дека излажа, па ќе видиме понатаму. А косата ко покиснат глушец шо ѝ е и јас ја приметив, не знам зашо така. Додека веѓите ѝ ги обожавам, мене Серена ми е со одвратна веѓа.
Откривам што ќе се случи понатаму во ГГ, тие што не сакаат да знаат, нека не отвараат. Спојлер Значи Блер е трудна од Чак, и ќе има несреќа, ќе го загуби бебето мислам, и пак ќе бидат со Чак. Некаде го слушав на тв тоа, на некоја америчка програма а појма неам која беше, и за верба ми е цело тоа да ви кажам. Зашто Госип Грл нема да е ГГ со бееб во филм сепак. Јас синоќа 3 епизода ја гледав, и искрено, многу жал ми падна за Чак, срцка, сепак осеќа нешто. А косата на Блер а искоментиравме, демек пари ќе ни даваат, ама нема шо грда и е. Ами шишката на Ден, уффф, тој човек на нерви ми оде ногу. Принцот сакам да живне малку, како Спојлер издркан к*р е
Факт е дека GG беше поинтересна кога дејството се одвиваше во средно школо. Откако сите отидоа на колеџ, се вработија, се испоомажија, не е тоа веќе. Кога ќе ми текне какви смешни сцени имаше http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=t6203eIQQ8k Чепкав на интернет, барав за тоа што ќе се случува следно и има различни предвидувања... Спојлер ... меѓу кои и тоа дека Блер ќе го загуби бебето кое е на Чак всушност. Па ако продуцентите планираат понатаму да има уште сезони, најлогично ми е тоа. Otherwise, нема веќе да биде интересно...
Ако е вистина дека тоа ќе се случи, серијава ќе стане и повеќе од катастрофа. Спојлер Порадо ќе ја гледав Блер како лула бебе, отколку да гледам шпански сцени како губи бебе
http://www.youtube.com/watch?v=tOcbCwna1XU Apparently, ќе бидеме шокирани... Ај баш да видиме. Спојлер Ама ова "so, someone is pregnant" може на крај да испадне дека не е Блер (барем некои така предвидуваат).
Спојлер Е не може Блер да не е бремена, тоа јасно го прикажаа барем дека е Бремена е и Дорота.Ај и Серена нека биде, најубаво од Чак, за серијава да има вистински сапунски шмек :geek:
Спојлер Па не знам колку можеме да бидеме шокирани, со оглед на тоа колку шпански сапуници имаме изгледано. Нема да бидам шокирана ни ако испадне дека Блер е и мајка и татко на бебето
Спојлер абе ич не ме интересира чие е бебето сега (и онака нели ќе го изгуби) туку ме интересира што пишува во таа книга на Ден. Најубава сцена од претходната епизода ми беше не со Чак и Блер туку со Чак и кучето. Харли побогу што правиш?! Не ти личи на годините!