Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Зашто секоја квалитетна серија на крај мора да се усере? :^)
    Со цел да се направат се повеќе епизоди и да се заработат повеќе пари, ете и од ова шпанска серија ќе се роди. |(
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Очигледно сакаат Госип Грл да ја претворат во шпанска серија.Затоа што со вакво сценарио таму идат работите.И јас се согласувам дека во средно школо беа интересните настани затоа што ова е тинејџерска серија и сето тоа мажење и имање деца не се вклопува во целата приказна.
    Ќе гледам и понатаму,од чиста љубопитност што ќе се случи но дефинитивно го нема тоа уживање кога се работеше за првата и втората сезона - според мене најдобрите.
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aј дајте кратка рецензија за серијава,да не вртам 60 страни назад :wasntme:
    да знам дали да ја почнам или не :^)
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Значи вака: Дејството се одвива во Њу Јорк и е сконцентрирано најмногу на елитата што живее таму. Започнува кога главните ликови се во средно(приватно се разбира) и имаш милион збрчки, љубовни афери и тракатанци, семејни проблеми и слично. Тинејџери во свет на возрасни. Првите сезони беа доста интересни и прилично заразни, ама како што читаш последнава некако не ја бивет.

    Иако никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, серијата е доста добра и заради изборот на алишта. Бидејќи главните ликови не знаат колку пари имаат има ненормално добри комбинации онака лигички да ти пуштат.

    Се надевам бар малку ти помогнав. :D
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Новата епизода повторно ништо посебно,некако очајно очекувам да ја поправат серијата но изгледа нема.Малце но само малце повеќе ми се допадна од претходните три.
    Не ми е јасно што толку другите му се лутеа на Ден кога тој си кажа дека ликовите во книгата не се во целост вистински.Нејт му се лути затоа што не му дал поважна улога во книгата |( глупости, немаат што да измислат па поради глупости ќе се караат демек епизодата ќе биде повозбудлива.Ме фати малку жал за Чак,кога зборуваше на крајот со Лили.А Блер сериозно толку го сака принцот :^),некако воопшто не ми иде во глава дека го сака не знам зошто.
    И дај веќе еднаш нека ја средат Блер,на ништо не личи.Косата,веѓите,облеката и се катастрофа,како друга Блер да гледам.Серена ми е далеку подобро облечена а и косата и е прекрасна оваа сезона.
    Не,не можам да се помирам со тоа Серена да изгледа подобро од Блер.Квин Б врати се :) .
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Прво, ако не си фан на лесни шпански-like серии не ја почнувај воопшто!
    зашто мора да признаеме во последниве епизоди баш се претвори во шпанска серија |(
    се работи за елитата од New York, upper east side Мanhattan! Група на млади и убава момци и девојки и нивните проблеми и љубовни аванури! искрено тематиката не е ништо ново, но глумата е на завидно ниво,сценографија, за КОСТИМОГРАФИЈА да не зборувам! :lol: Главни улоги:
    Blair-[​IMG]
    Serena-[​IMG]
    Chuck-[​IMG]
    Nate[​IMG]
    Dan-[​IMG]

    И да не должам дај и шанса на првата епизода најубаво ќе си видиш дали ќе ти го привлече вниманието или не :)

    P.s еве ти дури и линк да си ја симнеш првата епизода само :)
    http://btjunkie.org/torrent/Gossip-Girl ... 83dc181b27
     
  7. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Има некој линк од најновата епизода? :wasntme:
     
  8. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    http://www.megavideo.com/?v=VZU5DI81 повели :)
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Колку е глупава оваа Чарли (Ајви). |( Си го зема едвај назад телефонот, место да го уништи, да направи да исчезне, момата си се јавува фино лепо и уште се претставува која е. Па и малоумен ќе ја откриеше, толку ме изнервираа со тој дел, прелошо сценарио, детско и простачко. Нели требаше сплеткарка да биде, абер нема... :yawn:

    И Даниел Дел Луис дури од Ирска слушна за Серина/Сабрина и нејзините скандали од книгата и затоа го одби проектот. |(
    Да, да, сигурно.

    Како може волку нереални случки да се случуваат?
    Жити Чак што изреагира нормално на книгата и имаше поента неговото.
     
    На JuLleE, AlicaInWonderland и starfish им се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Можеа да ја вратат Џорџина за сплетки да прави, оваа Ајви ми е како од Марс падната... |(
    Summa summarum - книгата на Ден и бременоста на Блер ќе ја водат сезонава. Не знам дали имаат друг материјал, ама мене ова досадно ми делува. Врти сучи - се околу едно исто се вртат. :?:
    Чак многу депресивен лик го направија :worried:
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Факат безвезен лик е братучедкава!
    Си стојам на зборот. Мутава една!

    Скроз на друг начин го замислував моментот кога ќе се обајви книгата на Ден! Не очекував да биде во првите епизоди, туку сосема на крај. И реакциите им беа страшно глупави. Демек сите очекуваа дека ќе бидат во најдобро светло претставени во книгата, сите паметни, убави, забавни. Ептен како шок им дојде!

    Па кој беше тој глуп момент кога принцов си отиде, како навреден и разочаран. Таман си викам две епизоди ќе паузираме од неговата млитава фацка, таман ќе се деси уште некој заплет.... И ете ти го се појавува од никаде, спремен да и прости на Блер, идеален принц, ма што да ти кажувам....

    Мене ми изгледа дека сакаат многу брзо да направат и запет и расплет во секоја епизода поединечно. Подобро три епизоди да се влече еден заплет, ама барем да биде интересно, заплеткано и драматично. Ептен брзаат и ја форсираат сезонава.
     
    На JuLleE, AlicaInWonderland и Bunny2 им се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Или јас оглупавувам или не ми е мене јасна серијава.
    Принцон прво се лути, готово ќе ја остава, после одеднаш се извинува за однесувањето.Онаа Чарли, толку смотана да беше, прво јасно ќе беше дека она го земала телефонот штом беше во канцеларијата, второ се јавува :fubar: Се беше недокажано.Лили го гушна Чак и му кажа дека и е жал и толку, можеа нешто посодржајно нели.И Чак исто ништо значајно не му кажа на принцот, а кога ги застанаа еден до друг мислиш којзнае што ќе се случи.Блер и се доверува на Серена и оп, еве го принцот на врата.Сите лути на Ден, а јасно е дека си измислувал и додавал.Серена па уште невинашица глуми.Плус сите глумеа за никаде, со исклучок на постариве.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Не се секирај не си сама, ама не е до нас до серијата е! |( веќе одамна почнаа да отупуваат,ама сега шпанска ја направија!
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Добро во последнава епизода кажа братучетката барем два збора или само така тупо зјапаше???

    Дали јас ја немам гледано Елизабет Харли многу по филмови ама многу и е дебилен акцентот, како квачка е. А одењето и е како Хајди низ планина, како да подрипнува на штиклички.

    Е сега драмата со книгата на Ден ич не ја сфаќам. Серена е толку глупа или си живее типката во некој нејзин свет. Па се што пишал Ден барем за неа е точно. Чаки од секси мужјак станува жена во пмс. Требало пудла да му тутнат место она куче што во една епизода 15 пати го однесе на мочање сред Њу Јорк.
    Принцот не го ни коментирам, типот а е тука а го нема исто ми се фаќа, не го ни приметувам од што му е битна улогата.
    И уште за Нејт да си кажам. Сите се бунат што ги има, овој зошто па мене ме нема. Кога му рекоа педер го направил овој во книгата, не се бунеше многу. Може треба педер да стане.

    Серијава мислам ја гледам само за да си вежбам критикување, ни ме плени веќе ни ништо. Само жолтиот фустан на Серена ме бендиса од 40 минути.
     
  15. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    1.113
    Епизодава е најглупа до сега. Сериозно размислувам да не гледам повеќе, уште следната ја симнувам и тоа е тоа, не мислам да трошам време ни интернет на бљувотини. Серена никогаш не изгледала полошо, косата ко сено ѝ е направена. Елизабет Харли не можам веќе да ја гледам кај што се лигави, Нејт ми е тотално непотребен и досаден лик, Блер личи на се` освен идна мајка. До утре можам да критикувам, како и да е - не чини. Една светла точка ми е Чак со џукелчето, ептен му стои, мили ми се.
     
  16. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Па, подобра беше епизодата за разлика од претходните 3. Што да кажам, се сте искоментирале. Ајви стварно глупача невидена испадна, уф, и мене ме изнервира. Па и Ден како си го опишал татко му, божееее :tmi:

    Глупост до глупост, не ми се верува дека GG ја гледам сега заради Нејт, страшно секси ми е со новата фризура, не знам зошто Чак му ја искритикува во епизодава :lol:

    Лиз што ли планира со Ајви? Сигурно некоја глупост :lol:

    Не го коментирате „бакнежот“ на Ден и Блер? :) Како се зграпчија, уууух чиниш страсти летаат :lol: :lol:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се ми се чини дека ќе ја принудува да ги шпионира Лили, Серена, Блер и другиве нели ја интересираа трачеви, особено за Блер како идна принцеза. :?:
     
    На poison.ivy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Како што реков, глупост :lol:
    Смешно е 45-годишна како Елизабет да изиграва Gossip Gril или не знам што, да ги шпиунира Блер и компанија што можат деца да и бидат |(
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Може и поголема глупост ќе испадне, од кај знаеш :D
    Баш барав на интернет што ќе се случува во сезонава, ама нема буквално ниедна информација.Кријат ко којзнае што да е.Рејтингот од 3 милиони во прва и втора сезона е паднат на скоро милион.
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дали некој друг освен мене сумња дека детето е на Чак:?:?
     
    На KalaV му/ѝ се допаѓа ова.