Па нели Серина направи таму да не се снима филмот по книгата на Ден во којшто тој би бил претставен како најрасипан, лажго, дрн-дрн, а тој помисли дека го направила тоа зашто не и се допаѓало како го претставил нејзиниот лик во книгата, па уште и ја навредуваше. Ете, затоа се лути госпоѓицата на Ден Инаку, немам коментар, се сте кажале, се согласувам со сите, само да дополнам: конечно се поправа стилот на Блер, преубава ми е во последните 2 епизоди Спојлер значи, дали е до бременоста или нешто друго, ама барем тоа не се менува кај неа Ама ужасно ме нервираше со понашањето во последната епизода ауууууууууууууу
Јас да си прашам,подолго време ја немам гледано али сега сакав да ја гледам на прва српска програма во 14 часот али ја немаше,да не е завршена?
Да, заврши таму. Јас скеогаш ќе ја сакам Госип но оваа сезона ми е напорна за гледање. Повторно Блер Чак, повторно Серена со нови дечковци и во потрага по работа, повторно Нејт со стара жена, досадниот Ден и така натака. Првите три сезони ми беа супер интересни, четвртатата ми стана досадна во втората половина, а оваа ја гледам на стара слава.
Бидејќи, нели, темата кај што треба да си прашам не постои, ќе прашам тука: Чиј фустан носи Серена на каверот на 2 сезона? Е за овој мислам: Ако некоја феминка знае, ве молам да ме извести.
Оваа епизода ми беше дефинитивно најдобра до сега сезонава! Спојлер За Луи од секогаш знаев дека е покварен ама денес ја премина секоја можна граница! И таа сестра му покварена! Баш ме интересира што е врската со Харли со дедово на Нејт? Ајде некој јак скандал нека имаа!
:up: за последната епизода Ми дава надеж дека серијава се враќа во форма Спојлер Ми се допаѓа насоката кон која се одвиваат настаниве, барем што се однесува до Чак и Блер Оној Луи изгледа си го покажа вистинското лице, не бил ни тој толку невин. Нека го тргаат со време од серијава, мене ми е неподнослив. Не знам Харли дали ќе се врати, ама thank God ја снема и неа со нејзиниот толку вештачки акцент. Ситуацијава со Ајви добива интересни димензии, сега откако и Макс се вмеша. Имаат основа продуцентиве за сплетки. Ден и понатаму е досаден. И тој и неговата (во оваа епизода) колку-толку потсредена фризура. Нека му смислат некоја нова окупација, ова со книгава веќе досадно стана. Па сега наводно и тој бил заљубен во Блер... Последната сцена... Ми дава надеж
Конечно дочекавме една фина епизода. Интересно, indeed. Спојлер Ден шишкица цело време си е вљубен во Блер? Aha, dream on lonely boy. Кој покварењак излезе значи ова принцчето криво усте... А кое лакомо суштество е овој бившиов на Ајви... па и си додаде уште една нула, 500 000 долари бара, алооо, математика слаба страна.
Не верував дека јас некогаш ке го пишам ова.... ама стануваат малку досадни, или па мене ми помина интересот за серијава, најинтересна ми беше дефф 1вата сезона, па 4тата имаше повеке возбудливи моменти. Како и да е мислам на сите ни е јасно дека Блер и Чак на крај ке бидат заедно! xoxox love, Sparky
Ајде ајде станува се поиспреплетено,тоа се бараше. Се знаеше дека Чак и Блер ќе завршат заедно,ама да видиме како ќе се случи тоа Овој принцов знаев дека ќе испадне идиот.Нека си оди веќе не го можам. Само незнам што му требаше на Ден да се полета по Блер сега.Јас си се надевав дека можеби ќе испадне нешто помеѓу него и Серина А овој Макс па колку ми иде на нерви сега со париве
Најдосадната сезона. Не ми се ни приближно интересни ко во средно кога беа, безвезе ми се пораснати. Многу безвезе. Ќе ја изгледам, нормално, ама првите 2-3 сезони се неспоредливи со последниве.
И јас сакам забава како на Блер!! И сакам Блер да му се џитне на Чак и да прават безобрази работи следната епизода! Задоволна сум од оваа епизода иначе, интересно ми станува... Патем, да си искоментирам за аутфитите на забавата Не ми е јасно како Блер се појави во фустанов од Диор, кога ја убедуваа дека забавата ќе биде многу кежуал со грчка храна?! Не сум фан на моделот, чудно и стои. Ова ми беше катастрофа. На таков фустан, со таков принт, толку бисери изналупале, хаос се случува!
Абе Блер ми е многу како теткица оваа сезона.Од млада девојка ја прават како 40-годишна. Арна си беше во претходните четири сезони а сега .
И мене не ми се допадна стајлингот на ниту една. Фустанот од забавата имаше чуден крој, а таа џиновска машна беше просто одвратна. Овој фустан исто беше грд. Квалитетот е лош, зашто директно од епизодата го копирав, не можев да го најдам на нет. Едно врз друго додавано, сфаќаме дека е трудна демек, ама па не ја облекувајте во вреќи. И што ја форсираат толку таа портокалова боја и сите нејзини варијации?
Eпа ги износеа сите убави фустани во 5ве сезони и сеа останаа на ред грдите Али стварно Тифани забава по повод свадбата на Блер и јас си викам ухуууу фустанчиња ќе има А тука ги гледаме едни од најужасните комбинации во серијава до сега. Абе забавите на оговарачките ти се плакнење на очи, а не дреч комбинации, пренатрупани, а и бабски комплети. Инаку по повод 100те епизоди во Госип Грл се одржа забава. И еве некоја фотка
Туф ама ми фали Џорџи . Каде е бре да напраи некој скандал. Да не знае некој дали понатаму ќе се врати? Инаку јас заглавив со гледањето, ама еве сега надокнадувам. Низ предходните сезони плакневме очи, а сега? Некако утнати ми се. Ја пуштив дури и првата сезона прва епизода. Се потсетив на тогашната забава. Фустаните што ги носеа беа сон. И гледам некако се подобрува сезонава, не е како што почна.
Ете ваква Лејтон сакам да видам едноставна и природна . Ова подоле Џорџинка ќе да е,многу ми се допаѓа како е облечена. А Блејк како и секогаш со вештачката насмевка,мислеш секој момент ќе и се испадне вилицата.И фустанот не ми се допаѓа. Хаха Пен и Ед ми се како од некој цртан излезени .Чејс е преубав .
Спојлер Ќе се врати Џорџи, ќе се врати Инаку епизодата со свадбата ќе била дури накај крајот на јануари, значи решиле ептен да тегнат
Аууу кој од кој погрдо облечен на тоа забавата по повод 100 епизоди Госип Грл, ниедна комбинација не ми се допадна. И последната епизода баш не ми се допадна, Спојлер Чак и Ден најдобри другари, ма молим те. Некако многу исфорсирана и вештачка ми делуваше епизодава, Спојлер ама крајот дефинитивно ме заинтригира, ќе паднат ли добри и жешки сцени наредната епизода, останува да видиме