Јас имам поубави фустани од овој Серена што го носеше А Блер се извади затоа што фризурата и шминката ПРЕмногу ми се допаѓаа. Инаку два три пати ја вратив последната сцена кога Блер отиде кај Чак Ај оноа лигаво принцЧе(не знам дали е вака зборов ) нека го тргнат, се повеќе ме нервира. На цела среќа девојката на Нејт ја тргнаа, абе по нервите брејк денс ми играше кога збореше Уф имав злобни мисли да ја мучаааааааам додека не научи да зборува без да ја перчи коњската муцка Ајви ме нервира, и макс ме нервира, а таман мислев ете и нов дечко на Серена ... ама ете жална пустата, пајажина Стојна ќе и фати Сериозна девојка е сега Ај ќе си чекаме 9та епизода
Веќе сте кажале се . Лоши фустани, ама супер епизода за разлика од претходните. Се заплеткаа работите, а тоа се бараше. И конечно забава во стилот на Gossip girl. Теди оваа со Стојна и пајажината како ти текна , туку не е за смеење работа, ами за жалење е, си остана Серенчето недопрено, чуствувам дека загорела веќе за маж, долг период е ова за неа . Макс е надежта . Сцента со Блер и Чак ми го исполни срцето, ај конечно да се плеснат, време е веќе нели де .
Мислев дека Серена и Блер се новите Секс енд д сити....Серена новата Кели Бредшо. Абе убедена бев (имаште низ форумов тема или може во оваа беше муабетот) Господе прости ми. А забележувате како Чак има некако чудна фрома на телото, т.е како да глвата не му прилега на телото многу ми е смешен некако Па и тој ми беше секс симбол, dios mio Алис, каде ли биле очите
Интересни моменти имаше во новава епизода. Ама да го соблечат Чак барем еднаш од тоа костимот не ќе биде лошо. Барем кога треба да се релаксира со јога.
^^ Ма каква јога, Чак е роден во одело! Интересна епизода навистина. Воглавно се вртеше околу Чарли се, околу смејеството на Серена. Алал да и е на Чарли како изигра све, си обезбеди семејство, парички и го намести Макс. Само не знам до кога ќе тераат вака. Срцето ми затреперува кога ќе ги виам Блер и Чак заедно. Сега малку за облеката. Фустанот на Дона Каран што го носеше Блер ми е доста симпатичен. Ама па некако не ми се допаѓа како и стои на Блер целиот тој опуштен фазон. Не е она за ваква туника. Чевлите што ги носи тука се феноменални!!! Целиот изглед на Серена, во златно, од глава до пети, со таа диско фризурата, ми избоде очи! Едино тој фустанот на самиот почеток беше добар, тесен, со ракавчиња и убав дезен.
Нека не го соблакаат, гадно тело има Навистина, прво влакнест е, второ телото му е набиено некако, со нозете оди како Груевски и не знам што ви се свиѓа толку. Нејт е многу поубав
На Блер изгледа решиле да и го фураат тој стил со широки туники. Чисто колку да не заборавиме дека е бремена... Sneak peek од следната епизода Спојлер Ќе биде интересно Едит: Промо http://www.youtube.com/watch?v=8NKJYE7pJ24 Канадското http://www.youtube.com/watch?v=opIztjBvUEY
Епизодава во сите 41 минута ми одеше на нерви!! Да додадам за крајот, Gossip Girl is actually dead Ја гледам само за да видам како ќе заврши. That is it.
Спојлер Сообраќајка во Gossip Girl?И така Блер ќе го изгуби бебето? Е не им требало Meне Сиси ми беше најубава А Нејт преку ноќ опасен мангуп стана.
И мене Сиси ми беше најубава Инаку срцето ми застана кога беа кај психологот и Чак и кажа за прстенот .... уф уф уф. Прскаа емоции на сите страни Па и кога и отиде дома ..... лелеееее душа е душа И за ајви ми падна дури жал ако ми верувате кога оваа ја праша што сакаш ако не пари ... family ... А овој Нејт тешко фраериште стана откако престана да цица млеко од девојка му
Едвај чекам да излезе наредната епизода, многу ме интересира што ќе се случи! Многу ми падна жал за Блер кога свати дека она е крива зошто Чак станал лош. А и за Ајви кога со се што можеше се бореше да го задржи семејството!
Не се сеќавам, зошто Серена се пресели кај Блер и сега таму живее. Мислам дека се пресели минатата сезона, дали поради Лили или Чарли, не знам, но уште е кај Блер
во која сезона и епизода џени спиеше со чак? тоа беше последната епизода што ја гледав а беше многу одамна и сега сакам да почнам пак да ја гледам серијата но не сакам да почнам од почеток..