Се пресели лани, т.е. во 4-та сезона, за да бидат цимерки и заедно да одат на факс Бај д веј, од факсот ни ф не гледаме сезонава, лани барем нешто имаше
Колку ја измелезија серијава тоа чудо некое !! Коа ќе се сетам 1ва,2ра сезона како маѓепсана бев по 10 епизоди на ден гледав......сега веќе не е тоа шо беше..уште ја гледам серијава и ќе ја изгледам ама не со тој мерак исто како порано
Мене оваа серија многу ми се допаѓа. Заљубена сум во Серена. Моментално сум на 5-та сезона и чекам да излезат уште епизоди за да гледам. Се согласувам дека има некои промени во серијата, но јас сеуште со мерак ја гледам. Серена ми е многу променета во оваа сезона. Единствено што ја интересира(до сега) е нејзината работа, а љубовта ја занемерува. Ќе видиме што ќе се случи понатаму.
Е тоа и јас се чудам.Нели Блер не се вклопи на тој првиот факултет па наредната година тргна на Колумбија па и таму не и беше нешто по ќеф изгледа и толку бидна од факсот .Цела средна ја помина сонувајќи за Јеил и на крај ништо не и испадна . А само не знам кога имаа време да учат.Цело време по забави,коктели,балови.
Спојлер Па поарно и да се случи тоа,јас него нај не го поднесувам од цела серија.Мислам дека серијата би била многу подобра без тоа Блер и Чак млатење на празна слама. А од каде ти информацијата?
10 епизода ОМГ! Спојлер се очекуваше дека ќе биде драматична, ама ова? не дај боже Чак да умре, што ќе биде после серијата, ништо!! Таман си признаа дека се сакаат, се ќе беше совршено! Многу ме интересира Елизабет што му е на Чак.
Спојлер Не сум ја гледала 10 епизода, но ги ѕирнав спојлерите и имам сaмо едно да кажам ако Чак умре дефинитивно престанувам да ја гледам серијата и ич око нема да ми трепни. Серијата без Чак и Блер не би била иста.
Нема шанса Чак да умре. Или Блер го изгубила бебето, или Чак ќе остане привремено неподвижен или наказа во лицето, нешто такво. Возбудлива епизода при крајот. Арно му текна на девојчево да си отиде веќе. Стварно, ја сфаќам потребата да имаш семејство, ама не е твое бре жено, живееш лага. Сакам да дознаам што улога има навистина Дајана во врска со Чак. И мислам дека ова ќе биде последната сезона на GG.
Спојлер Да не е Елизабет уште една од тие што му ги сакаат парите на Чак??? И Џејк на крај, не беше вујко му на Чак??? Или збунка сум???
Ја изгледав до крај минатата сезона. Голем фан сум , но зас новава сезона немам ни време ни живци ама на зимски распуст ќе си гледам
Спојлер Се врати GG во форма, добро е Направија пак сплетки и интриги, некаква содржина, па да те остави во неисчекување за следната епизода. Ајви си отиде, онаа Елизабет пак се врати Ама уште не можам да ја откријам поврзаноста меѓу неа и Чак. Принцон не можам веќе да го гледам од што ми е одвратен. И таман се поклопија работите, оп! - сообраќајка. Се очекуваше такво нешто, најмногу превидувањата одеа на тоа дека Блер ќе го загуби бебето. Шпанска серија... ама како и да е, интересно е. Ми се чини последнава епизода целата беше свртена кон Чак и Блер. Останатите уз пролаз се појавуваа, без некои посебно интересни случувања. Не ми се чека цел декември за новата епизода
Ако умре Чак ќе ги тужам продуцентите!!!! Мислам дека епизодава имаше највозбудлив крај до сега, се собраа некако многу работи одеднаш, и несреќава и Ајви. Срцево ми застана на крајот. Поготово се израдував кога беа Блер и Чак заедно. Немало таква сцена којзнае од кога, редно беше. Се стопив буквално две секунди пред да им се лупне колата. Сега се смеам со дечко ми, вика, или Чак ќе заврши како Мануел од Млади Бунтовници со изгубена меморија или Блер ќе го изгуби бебето. Шпанска серија стана ова, ама интересно е! И мене баш ме интересира што е со оваа Дајана и од каде со сите е поврзана?! Инаку, пофалби за излгедот на Серена и Ајви. Многу убаво скоцкани ми беа и двете на забавата.
Конечно Чак и Блер заедно, и оп мораше да се случи ова. Кога Блер му се јави на Чак, и кога ги видов на забавата си пуштив солза. Значи колку се промени Чак, и колкава беше неговата жртва да прифати дете кое не беше негово. Но мораше да се случи ова. Стварно режисерите не се фер. Но не би било интересно без ова. Мое мислење, Чак нема да умре. Ќе биде некоја епизода во болница и ќе се опорави. Дај боже да биде така, зошто без него нема да биде тоа тоа. Гледав промо за наредната епизода, но ќе мораме да почекаме и за GG до 16 Јануари .
А овој фустан од забавата на мадам Серла не е ист како на Ева Лонгорија од пред некоја година, на Марчеса? Само малку во боите долу беше сменет. Фин е фустанот, само косата и беше катастрофална на С. Да не зборувам за тие зелени обетки... Едит - тој е, тој е! What She's Wearing ? Marchesa Ombre Fringed Dress
Спојлер Каква умирачка, нормално дека нема да умре. Туку ништо чудно Блер да се земе со Чак сезонава, зашто гледавме слики од неа во невестински фустан, а со Луи сигурно нема ништо да бидне. Ама они двајца стварно даваат шмек на серијата, а и долго време не беа заедно. За Серена уште сум загрижена да не ја испратат во манастир Се мислев цела епизода кај сум го видела фустанот, ама ете Трендафилка разоткри
Бре изронив солзи крокодилски Ваљда нема да умре Чак. Ма неможе, главен лик е. Кој ќе чека до 16 ти јануари, мфмфмфмф!
Лелеле моментот кога разговараа лили и чак срце ми стопија ... па и секоја секунда меѓу блер и чак ... уф уф уф уф уф уф конечно веќе ... а сообраќајката за нејт беше местена ... блив ми, од тој конгресменот, јас таков заклучок донесов, затоа што шоферов му рече демек мислев одиш на апер ист сајд за таму луѓе чекал, ама ги смешале колите.