Не умира Чак бре, каква умирачка. Едино бебето може да го загуби. Слики има нели во венчален фустан по нет, сеа една опција е дека ќе бега од свадбата со Луи, друга дека ќе се мажи со Чак. А сите знаеме дека вака или онака на крај ќе се омажи со Чак.
Интензивна епизода, значи алал да им е на Лејтон и Ед како глумат, секоја чест. И мене ме растопија сите сцени помеѓу Чак и Блер. Спојлер За Серина ме фати жал едно време, таман да си одбере фино момче и и се вратија чувствата за Ден, оп, он не ја рецка. Ама мислам дека со Нејт повеќе си одговара, ај белки ќе и текне за Нејт, зашто покрај Блер и Чак, она и Нејт баш ми беа срцки во 3-та. Ај, забегав јас Инаку, се согласувам со teddybear, и јас заклучив дека сообраќајката за Нејт беше местена. И не верувам дека Чак ќе умре, но 90% ќе се десат шпанските сценарија што веќе ги кажавте до сега Кога сме кај шпанските сценарија, ништо чудно на крај да испадне дека Дајана му е мајка, а Џек татко на Чак. Whatever
Само што ја изгледав последната епизода, и се надевам дека Чак е жив! и дека КОНЕЧНО ке се смири со Блер и ке си останат до крај happily ever after! Се заради Ајви т.е Чарли само сплетки прави кој ке чека една недела до следната епизода... :/ напнат беше крајов Госип Грл без Чак=тапа
Јас некаде прочитав дека најверојатно ќе го загубела бебето ама не верувам.Kрајно време е да почнат работите на Чак и на Блер да им се средуваат. Мислам без нив филмов е тенџере Спојлер Eве што прочитав: "Чак е во кома и има сериозни повреди на главата.Изгубил многу крф. Блер има само мала посекотина на главата и оди да му се помоли на Бога за Чак. Во нејзината молитва, таа моли за да се случи чудо."Остави го да живее" ќе гласела нејзината молитва." Од самото читање на ова целата се наежив.
Е ова е епизодата што се бараше! Спојлер Емотивна епизода, време беше и Блер да се скрши и конечно да не тупи, да не прави интриги туку да каже што чуствува. Уф сцената со Чак беше тоа тоа. А сообраќајката е наместена од копиљон на Ајви и братучедот на Нејт, да го ликвидираат Нејт Абе само мене ми се проубавува Нејт, вака како шеф, со костимче, а јас сакам костумосани дечки или грешам Нема да загине Чак, но дал неподвижен, дал ќе има сериозни повреди, нешто ќе има. Па тој ќе ја замоли вајда Блер да се омажи за принцот но таа ќе избега. Моја претпоставка наравно. Ќе видиме... А мож и ќе ја изгуби меморијата А Серена ме нервира, ме нервира, љубоморна кучка
ах ах јас се зачитав коментари а заборавив дека последнава епизода не ми е гледана, амо ја симнав и немав време да ја гледам...значи интеренса била , ај денес ќе ја гледам..само ме интересираше да ве прашам, пликото со резултатите за тоа кој е таткото на бебето на Блер, отворено е некогаш или само шета од рака на рака? Јас си мислев дека сепак ќе испадни Чак татко....
Конечно добра епизода, од почеток до крај! Спојлер Сообраќајката беше дефинитивно местенка за Нејт. Не знам што е работава со Диана, ама уште кога ги гледаше досијата од Бас и кога ја фрли сликата се виде дека има нешто. И пак вујкото. Што ли сега бара . Сцените со Чак и Блер ме разнежнија, посебно моментот кога конечно Блер му кажа дека го сака, во лимузината. Посебна е за нив лимузината . И разговорот со Лили да не го заборавам. Туку има промо за наредната епизода? Ќе го постира некој? Пауза до 16 јануари, а на 30 е 100 епизода и свадбата на Блер. Значи тие две епизоди ќе бидат сигурно за Чак и неговата состојба. 100 ќе е свадбата, ама јас читав дека продуцентите изјавуваа дека можеби е свадбата, а можеби се работи и за сон. едит: еве промо и Чак Спојлер е жив http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... nVzl8XwunM
^^ Штом е жив, мора да има друга цака, а тоа е најверојатно како што претпоставувам, ќе ја изгуби меморијата. Нема шанси да нема последици од несреќава, нема!! А наредната епизода, осеќам дека ќе си пуштам солзичка. Плачка сум, плус за Чак е работава....
13тата епизода ќе е свадбата, 100%. Кој сака нека си го погледне клипчево, со слики е, иако едни исти се вртат најчесто, не е промо, но ги има родители на Блер, Ден го има, Блер во фустанот, а плус ЏОРЏИНА ИС БЕК Мене ми личи како Џорџина да е од кралско семејство па дошла на свадбата, по шапката и костимот, кој ли принц го смуфтала http://www.youtube.com/watch?feature=en ... zgAHU&NR=1 Блер е едноставно прекрасна
Ако свадбата е во 13 епизода или е сон или зетчето ќе биди Луис и јас секако ќе престанам да ја гледам серијата. Нема смисла свадбата да е на Блер и Чак во 13 епизода, а Чак во 10 епизода е во тешка состојба. Се согласувам дека Блер изгледа преубаво во венчаницата.
Блер бега, се гледа тоа од сликите, плус јасно е дека сама е во колата Just married. Значи свадбата е меѓу неа и принцот. Закажаната свадба. Но Блер нема да е идна принцеза повеќе од очигледно.
Не ја гледам серијава, но сите зборуваат за неа во последно време. Не знам ни колку сезони има ни ништо. Сакам да ја симнам од интернет првата сезона, па после тоа и другите, ако ми е интересна. Некој торент?
не сум ја гледала серијава но сум ја читала книгата Знаеш ли дека ме сакаш тоа е дел од серијата и многу е интересна се надевам дека ќе даваат на Фокслајф..
Season 5, Episode 11 Original Air Date—16 January 2012 Лелеле 5 недели пауза. Па ова не е фер, зар не оставаат после таква епизода да се нервираме повеќе од месец дена, ц ц ц
На 16 дури, а на 30 јануари е 100 епизода, т.е свадбата или што и да е. Кој ќе чека, многу голема пауза, барем уште оваа недела да пуштеа епизода, следната нека слават веќе.
Не ја можам веќе серијава, со мака ја гледам! Последнава сезона е полна глупост, де сака да се мажи Блер, де не сака да се мажи-пола сезона само за тоа. А свадбата колку ке трае- 2 сезони? А тек па породувањето... Веќе Озборувачката тотално си ја загуби улогата, а серијата својата смисла. Подобро да си останев на првата сезона пред година дена.
Јас сега почнав да ја гледам серијава. Првата сезона ја гледам, стигнав до 11 епизода и засега мие многу интересна. Сакам да ве прашам, колку сезони има ? 5?