Јас сега почнав да ја гледам.Многу ми е интересна,на ден гледам по 10 епизоди и за 2 недели стасав до 3 сезона
Ги има во книжарата кари Мек Доналдс во Центар(името не ми текнува па да ме утепаш), ама само на англиски.
Ја обожавам серијата ме релаксира само 5 сезона нешто ми е слаба со случувања единствено бременоста на кралицата на серијата направи неквово случување инаку е баш монотоно... треба да сменат нешто под итно ...
До пред 2 дена, серијава ја сметав за тотална глупост...и целосен промашај ! Иако во серијата ми се милениците Чејс и Пен, никогаш не се нафатив да ја гледам. Ама од кога изгледав 3-4 филма со Blake Lively, и ми стана преногу симпатична, решив да почнам да ја гледам. И плус дознав дека дечкото на мојата омилена актерка, Phoebe Tonkin, го игра Чак (бум !).... Стигнав негде до половина на 2ра сезона, и досега доста ме бендиса, ама сепак не успеа да ме доведи во еуфорија (како што успеа некој од новите серии шо ги гледам- Pretty Little Liars, The Secret Circle..). Сега за сега омилен лик ми е Серена- само заради љубезноста, не стереотипното гледање на луѓето и приземноста, и исто така то шо е богата а не се умислува како нешто посебно заради то, како на пр. Чак и Блер. А пак парот кој шо горе го спомнав (Чак и Блер), значи неможам да ги сварам....Тие се слика за луѓето кој мене лично ни во најмала рака не ми се допаѓаат (не само во серија/филм туку и во приватниот живот) Се надевам дека до крајо на распустот ке ги завршам сите сезони, ако не здравје боже ке расипиме и некоја оцена xD
Ги има и во матица. Ја првиот дел го имам, ми го подарија.Ама крш е книгата! Се разочарав, тотално е различна со серијата. Обично сите викаме дека е обратно, кога филм се снима по некоја книга, дека книгата е подобра демек, неможе се да се опфати во серијата. Ама кај гг е обратно хахаха. Не верував дека некогаш ке пишам дека гг полека ама сигурно стануваат досадни. Не се интересни ко 1вата и 4тата сезона. Тие сезони највеке впечаток ми оставија. И 90210 некако како да ги копираат гг со последната епизода.. ама ај да не бидам оффтопик си има посебна тема за таа серија.
На каналите од Макс ТВ не ја даваат оваа серија. Јас ја спуштав од на торент, сега ја спуштам четвртата сезона, претходните ги изгледав. Предобра идеја за серијава )
Од вчера почнав да ја гледам 4та сезона. We don't need tickets. I'm Chuck Buss. Аууу брате роботе! Овој ти е ко Чак Норис у видоизменет облик и издање, на денешницава. Море мани се таму, не можам да те гледам. Бре, бре. За мене овој е арогантно копиле, и ништо повеќе од тоа.
То бре ЛилБејби и во ова се согласуваме . Конечно да имам некој истомисленик по тој повод.Мислев дека јас сум единствена која не може органски да го поднесе Чак.
Дури ме чуди фактот што само ние две сме истомисленици за ова прашање. Де бре луѓе, ствар укуса, али ова бре? А најсмешното е што вакво ку*чало вечина од луѓето не поднесуваат in real life, арно ама овде колективно влажнење се создава на момаков. Арогантно, повеќе од самобендисано, исфорсирано - клучот за моето необожавање и неподнесување на ликов. Толку од мене, а од Чак имате едно иск*рназено: I'm Chuck Bass. K*рофанка, драго ми е!
Ама барем убав да беше а он и тоа не е.Како патче во костум ми е. И да и мене дефинитивно такви машки по нерви ми газат.И што ако рекол "Im Chuck Bass",јаката фора како којзнае што да кажал.
LIl baby ме пресмеа Се согласувам со тебе. Mене на почетокот ми беше, ај даа не речам јак , но со текот на серијата, почнав да забележувам дека не само што не е убав, туку дури и ми стана антипатичен, арогантен, самобендисан,нискоумен... Ако збориме за убавина искрено, Нејт е милон пати поубав не само од Чак, туку од сите у серијава, само малце можеби е мутав како лик и не се истакнуваше толку многу на почетокот. Најдов некои слика на нет од него, оу мај гаду Спојлер