Ама се разочарав од 3тата сезона... :/ Сите ликој ги остаја со ист шарм, ист карактер, исто се...а Серена ја расипаја фкрај :’( Заклучок: Серијата без “старата“ Серена, и без Ден и Серена (како пар)- НЕ ЈА БИВА, точка !
Госип гирл ја даваат на Хрватска тв 1,во 22.30 и реприза 03.40.Мислам од прва сезона се околу 5та епизода
А во кој деној ја дават,да не знај некој? оти јас барав и најдов само во 3 после полноќ дека ја дават
I adore GG ! Ги обожавам ликовиве т.е не сите само Чак,Нејт и Серена и Блер.Другиве ми се аудсајдер и повеќето неможам да ги поднесам на пример Ден и Џорџина И Ванеса досадната. Нејт и Серена ми се совршени заедно,најомилен пар ми се,епизодите во кои тие двајца прават нешто заедно ми се омилени и цела со насмевка од уво до уво гледам,мислиш мене Нејт ме бацува,аххх . Чак и Блер ги сакам и многу се нервирам кога не се заедно,особено зошто Блер не ми оди со никој од серијава освен со Чак,како создадени се еден за друг.Не ми одеа со Нејт,како да беа приморани да се заедно,без хемија ми беа,за разлика од љубовта со Чак Ден ми е тешко лигле,заедно со татко му и ги мотам тие сцени со нив двајца...Крајно досадни луѓе Џени ми е онака,ни таква ни ваква,ма да сега до каде што сум добра е,понатаму мислам дека ќе ја расипат... Џорџина самата појава неможам да и ја поднесам,нејзиното трепкање со очите,начинот на смеење,ах ми иде преку екран да ја задавам
На ХРТ се дава втора сезона, на ХРТ 2 е во 22 часот, а на ХРТ 1 е некаде по полноќ, ќе видите на телетекст ако сакате таму да ја гледате. Јас се потсетив на втората сезона Почнаа во школо да одат по летото во кое ништо не правеа. И сега ми е интересна, но фалат поранешните случувања. И во втората сезона повторно Блер е со принц во врска, баш се потсетив, значи ги повторуваат настаните.
Ја обожавам серијава а особено Чак Бас и Нејт Досега ги имам изгледано сите епизоди и едвај чекам да излезат новите
One of the minions: Thank you Jesus !! Blair: No! Thank you Blair ! http://www.youtube.com/watch?v=Zjb3Ew7jdNY&feature=youtu.be Неможев а да не го постирам ова...нај EPIC момент во цела сезона ! xD Ја обожавам Блер тука, а и Дорота...*упс!* грешка, мислев да кажам тајниот агент во спасувачка мисија..xD
Ја обожавам серијата,и си ја гледам еве незнам по кој пат одново и одново,додека не излезе новата епизода на 16.
Изгледани ми се сите 4 сезони целосно + 5тата до 10 епизода, значи се што е излезено досега...ме интересира што ќе биде со Чак? Да не прочитал некој негде нешто, претпоставки? За Блер претпоставувам, барем очекувам и сакам да го изгуби бебето, ама Чак? Се надевам ќе преживее, или па ако умре тоа ќе биде за да не биде многу очигледно и очекувано за нас гледачите, да не биде баш типично американски Мака ми е во неизвесност сме, а баш се радував гледајќи ги во лимунзината среќни, знаев дека ќе биде сообраќајката ама мислам дека тоа е за да го изгуби бебето од Луи, за демек полесно да им е понатаму да почнат нов почеток со Чак, ама се плашам да не испадне според книгата на Ден, нели Чак спомнуваше „А што ако биде така, што ако умрам?“ Се надевам нема, стварно ми е мака и ќе се покаам што ја гледав цела серија. Мразам тажен крај!
Неколку сликички најдов на нет од следните епизоди и свадбата: И Чак го има Спојлер жив и здрав Спојлер
Едвај чекам 16-ти! Ќе биде една од најинтересните епизоди Спојлер ^Ааааааама свадбата нема да се одржи, невестата ќе избега. Браво Блер! Run away Bride – Leighton Meester in Gossip Girl Wedding Dress, GORGEOUS! http://www.celebritygossip.name/run-awa ... geous.html
Во однос на она што ќе се случува во следната епизода... Спојлер Можно е тие сцени кај што бега Блер од венчавката да се лажни. Затоа што, фановите на GG постојано ги следат на снимањата низ Њујорк, па така, за да не се знаело со кого ќе заврши Блер на крајот од втората сезона, сцената каде што Чак и дава букет и и' ја признава љубовта е снимена два пати. Еднаш со Чак, еднаш со Нејт. За да не знаат фановиве со кого Блер ќе остане. За оваа сцена зборувам Така што, не сакам предвреме да се радувам, си имаат продуцентите нивни финти Како и да е, навивам Блер да го откачи тој толку досаден принц