ХОХО Сега почнав да си ја симнувам новата епизода, пошо денес имав многу за учење и искрено не ни планирав да ја гледам сеа, ама...неможам. И не ви ги прочитав сите мислења оти почнав да се разочарувам кога прочитав едно, две.Сепак ќе си ја изгледам
Ху ху, ѕирнете промо за наредната фамозна 100та епизода Уф аман, едвај чекам http://www.youtube.com/watch?v=bx3NUEpBlwI
ББОЈАНА еве ти линк http://thepiratebay.org/torrent/6980186 stisni na prvoto get this torrent file. само прво треба да си симнис торент. ако немас оди на гоогле и пиши торрент данлоуд.ке се снајдиш знам
Јас само ќе кажам Спојлер Џорџина ис бек Биче интересно . Новата епизода не ја ни коментирам, бидејќи ми предизвика нервоза додека ја гледав. Се чека 100 епизода, енд д лединггг
Женски, гледам досега 91 страна сте наполнале, значи ја бива серијава. Ај, и јас ќе си ја симнам, и онака имам вишок слободно време. Ако некоја ја гледала 90120, може да ми направите кратка разлика меѓу двете серии???
90210 на почетокот многу повеќе удира акцент на семејни односи, плус на почетокот се појавуваат Кели, Бренда и Дона од старото Беверли Хилс, но само на кратко. Gossip Girl си е исклучиво за разгалени богаташчиња и оние кои сакаат да станат такви. Aко зборуваме за почетните сезони, јас бев многу повеќе воодушевена од GG.
You royal bitch! Ме изнасмеа Блер Туку, јас стварно не разбирам која е улогата на Серена во епизодиве-само се шутка де ваму, де таму, ништо конкретно-не знам зошто ја ставиле толку во заден план. И веќе ми се смачи што само во серијава и на ниедно друго место успеваат не знам си fake relationships, прикривања, лажења и не знам ти што, го претераа веќе. Ама таква си е серијата А да, и добра реклама и удрија на Вера Ванг, нема што
Бидејќи немав време претходно последните две епизоди си ги изгледав денес и морам да удам едно професионално ривју. Спојлер Прво, од кога стана Блер Дева Марија? По сите сплетки, лаги, преваранции сега пророкот од Назарет не и е рамен. Второ, моментот кога Серена, Нејт и дедото го разоткриваат Трип, секој момент очекував Трип да се избаци со она од Скуби Ду " I would have succeeded if it wasn't for you, you meddling kids ...and grandpa. Нејт магично си ги пронајде тестисите ви последниве пет епизоди, а јајниците му заминаа кај Чак на кого очигледно сообраќајката му го пореметила вкусот за мода. Одвратна ми беше коминацијата на сиво сако, со плишана кафена крагња, неопислива вратоврска и црвено шамивче. На Серена сега текна за Ден, сериозно???? Немам коментар за фиктивната врска. И за крај, штом сега се откри која е вистинската Чарли очекувам 10 епизоди околу тоа како, што , зошто никој не знае за неа. Со надеж за подобри епизоди, во стилот на новата Блер помогни ни Господе АМИН
Досаднооооооо, аман што е ова од Госип Грл Серинооооооооо, прибирај акл, пушти му се на Нејт, глупачо една. Нејт сакам да го легнам Чак - патетичен. Спојлер За Блер немам коментар, оглупаве и она со побожноста. Абе бебе изгубила, исто ко да не изгубила, за Чак се секира. Ден пак најглуп и најтруп е, никако да види дека Серина му се пушта. Па уште и на Луис му помага Значи 5-тава сезона за 2% не ја бива.
Знам за 90210, редовно ги спуштам епизодите. Фала на споредбата, ајде ќе ја симнам првата сезона, па да почнам со гледање.
Првите сезони на Госип се подобри од првите две сезони на 90210 кои беа катастрофа. Ама новиве сезони на 90210 ми се нешто поинтересни од оваа и претходната сезона на Госип.
Мене ми е интересна GG.Не толку како првите сезони,ама пак...Сепак тоа е мое мислење. Јас навивам за Ден и Серина
Мене ми се интересни. И така немам нешто по интересно за гледање освен TVD. Спојлер Во последната епизода Блер ми беше ептен интересна. Цело време сум се смеела. Особено во делот кога ја фатија полицијата и кога ја фрли круната и кога кажа I love you New York . Па и во барот. Абе срцка. Гледав промо од наредната епизода и неможам да исчекам.. Џорџи ис бек ! Па конечно ќе ја видиме.
ахахаха да да, и јас сум се смеела за тоа за круната. Абе кучката неможе да биде принцеза инаку и јас немозам да дочекам да ја изгледам новата епизода.
Ми се изгледани првите 3 сезони а сега почнав да ја гледам четвртата ама не можев а да не ги прочитам сите постови што ги имате напишано за 5та сезона и сите оние промени на Блер и Чак и Серена стварно многу е. Само да прашам до која епизода се стасани, кога излегуваат нови епизоди и ако можи линк каде ги гледате онлајн?