Ќе ми објасни некој што беше работата со попот, и помагаше на сестра му на Луи, но откако таа реши да не прави сплетки на брат и и Блер, зошто тој ја уцени? Глумецот што го глумеше попот е многу убав.
За место во црквата, во кралството и јас не знам точно. А местото знам го има покрај неа (сестрата на Луи,нели и се муваа двајата)
ооо излегле и 12та и 13та епизода а јас не сум во тек а едвај чекав да ги гледам. Се симнуваат, па ќе пишам и јас импресии сигурно ќе бидам позадоволна од 11тата
Спојлер па не би требало, сите знаеме чиј е гласот на госип грл, ама изгледа сега после враќањето на госип гирл, можно е овој пат да е нејзино дело ....
Е ова беше интересна епизода! Спојлер За момент помислив дека венчавката нема да се случи, ама кога ги видов како веќе ја сечат тортата, загубив надеж. Луи испадна кретен невиден, и сега не знам како ќе се извлече Блер од кашата што сама си ја бараше. Џорџи е Gossip Girl? Кој би помислил...
Само што ја гледав најновата епизода. Една од најинтересните Баш ме интересира што ќе се случи во наредната...
Тешкото, да се каже не на оној што не го сакаш... Спојлер Со кој памет му се јави на ден а не на Чак кога тој гревен и рече кај сакаш ќе одиме само да сме заедно? Луи- кретен!!! Едвај чекам да излезе новата епизода да видам како блер ќе се извади од кашата во која ради глупавост сама се заглави. Еве промо за наредната http://www.youtube.com/watch?v=bRIu9APZcsQ
WTF??? Да ти се плукнам во епизодава, во режисерот и се остало. Поразочарана од епизода не сум била, искрено, ова беше толку лошо смислено, измешано, шлагувано, без потреба. Спојлер Која е поентата, како прво на Џорџина? Се шеташе така по улица и реши дека ќе ја упропасти венчавката на Блер. Ај, што не успеа, згора на се, седнува пред компјутер и пишува за истата таа венчавка?! Што к*р и е на Блер?? Ви се молам. Пред една минута кажува дека го сака и секогаш ќе го сака Чак, а наредната бега со Ден во кола. А Чак во тој момент доаѓа за да се извини?? ДА СЕ ИЗВИНИ! Серена го сакала Ден. Жити се?! И му признава од кога дозна дека он е заљубен во Блер. Па и Нејт, нешто носталгичен, после 5 сезони , пак ја спомнува Блер. Are you fucking kidding me? Знаев дека на Луи ќе му се спојат кога тогаш жичките и многу ми е мило. Единствено тој момент беше добар и имаше некаква смисла. Веќе ми се смачи од Блер, да ви кажам, претерано е ова. Ми оди на нерви. Ако не се смири со Чак во следната епизода, ја прогласувам серијава за FAIL.
Зашто бе го вреѓате Луи? Абре толку ми е мило за тоа што го рече, па мајку му знаев дека не постои такво човече што покрај се би ја истрпило Блер. И ова ми се допадна мора да кажам, ќе е интересно. А што очекувавте дека ќе избега со Чак и хепи енд? Дека ќе живеат среќно Луи и Блер? Не бре ова ми е поинтересно. Само Блер не ми е интересна, чоече глупа е, слепа е море. Јас очекувам поинтересни моменти у следните епизоди. Само не ми е јасно што го плетка Ден? Зашто го уплеткува и него во мрежата, па нели и се доста, 4 мужи мота моментално. А не го вреѓајте и враќањето на Џорџина, ах треба сплетки, доста веќе со патетичните луѓе од Монако
"I love you Dan Humphrey... Always have, always will !" - Најомилен дел од цела серија... <3 Иначе епизодата е доста подобра од предходните, а особено зато шо е со Џорџи . Незнам зошто ама Џорџина кога и да се појави му дава нов шарм, и нов изглед на GG. Коментари за дешавките: Спојлер - За венчавката, искрено сакав да не се случи...ама од кога се случи ЌЕФ МИ Е шо Луи така ја изигра (Браво дете, браво !). Па кој е бе будала да ја трпи она лиглата и да му опростува по 4983209423 пати ?! - За Натаниелчо наш стварно немам коментар...од размрсулаено дете во јако бизнисмениште се претвори во 6 епизоди. Па налет то и по (вистинската) Чарли трча xD - Серено чупо касно ми ти текна за Ден !...Aма сепак доста е симпатично шо трча ко загарче по него, како шо Ден трчаше по неа во првата сезона... Ги обожавам заедно, и се надевам дека заедно ке завршат (ако има серијата воопшто хепи енд). - А на темата „Џорџи е Gossip Girl ?“: Дефинитивно НЕ, местенка е...на крај ке испадни некој на кој шо најмалку се надеваш Едвај чекам другата епизода !
Ова беше сериозно!? Буквално одвај чекав да заврши епизодата од што беше глупава. Спојлер Нејт, што правеше воопшто во цела епизода, да не речам пола серија? Само место да пополни во црквата. Блер дебил, дебилосан невиден.Од сите на крај неа на Ден и текна заради тоа заветите? Се се сведува на истото Блер и Серена маж да си делат. Каде испари одлучноста на Блер? Џорџина сите ја чекаат со нетрпение само не ми е јасно за што. Дваесет плана за да ја уништи свадбата смени во рок од 40 минути. Па бар малку поинтересни да беа. Живеам во надеж дека ќе се опорави. Луи, иако арно и кажа на Блер сепак, мамино лигле. Треба да ја завршат серијата иначе само ќе ја упропастат популарноста што ја имаше на почетокот.
12тата беше океј, интересна епизода. Ама 13тава ме уништи. Доказ како се плаќа погрешниот избор во животот. Е така е кога многу глумеше поштена, побожна, душебрижник... Чак доаѓа да ја спречи, таа се мажи со Луи. И по тоа што и го кажа тој, нормално не може да ја трпи по се што му направи и го оправдувам да ви кажам, освен фактот што ја однесе пред олтар, ја зеде за жена и потоа и го кажа тоа. Ја изигра ептен опасно, многу лошо. Не требаше, требаше да ја остави он пред олтар и да си замине! А не вака...и згора на се, Чак по венчавањето, на прославата оди да и се извини... ах леле! Што го смени, го смени скроз, ама барем не мораше вака да го уништи. И ми се плаче, ми се плаче ради него, не ради неа, само ради него. Блер ме нервира што го меша Ден, наместо на Чак да му се јави и да му каже што има, таа на Ден бе! Значи она го смета за другар, он нејзе ја сака, она сигурно го знае тоа потсвесно и пак си тера. Бог да чува. Се надевам серијава ќе има среќен крај, на сметка на овие несреќни епизоди...
Спојлер glumicata e Kristen Bell , ne deka vo serijava se pojavuva, izvinete za latinskiov , brzam http://www.imdb.com/name/nm0068338/
Спојлер Кристен е само наратор, не мора да значи дека како лик ќе се појави во серијата. Така сите ќе знаеме дека она е GG
Спојлер Значи,Блер му се јави на Ден само затоа што и е еден од најдобрите пријатели и и требаше неговата подршка.Она убаво си кажа дека нема чувства за него.На тоа што избега со него воопшто негледам како на нешто несфатливо.Тоа и беше поентата на целата работа,да предизвикаат вакви реакции.Има време за она да биде со Чак(нели сепак неможе да биде толку едноставно) И Серина не дозна сега дека Ден има чувства за Блер.Она го знаеше тоа уште од порано,затоа и го сонуваше сонот на почетокот на епизодата.