Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Најмногу нервира фактот што госип грл не е тоа што беше, стана глупо шпанско серииче.
    длабоко се надевам дека наредните епизоди ке бидат поинтересни.
    Џорџи и даде малку живост на епизодата.
    Чак требаше да ја грабне блер и да избегаат.
    Луи малку го опаметија. Фала ти боже.
    Незнам Блер од кога е толку суеверна.
    Серена како и секогаш малоумна. Немам коментар, толку многу ниско мислење имам за нејзиниот лик НЕМАТЕ ПОЈМА.
    Ден другар кој е заљубен до уши и е friendzoned.
    толку од мене
    хохо
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Луи, хероју мој, браво.
    За таква невидена глупача како Блер малку беше тоа на крајот, требаше повеќе да ја дотолчи, и шамар да и мавнеше, немаше да ми е криво, толку ме изнервира, која мороноидна глупача!
    :@

    Па се врати со цел памет пред олтарот, иди уби се ма!
    Заслужуваш сама да останеш, без никого.

    Би била најсреќна кога на Чак ќе му најдат друга да се скраси покрај неа, наместо покрај ова створење, ми омрзна засекогаш.

    И Џорџина - која патетика, добро можно ли е толку да беше патетична нејзината појава, во кој филм е девојчево, во кој?

    Страшно, катастрофално, не сакам ни да коментирам понатаму, освен што на почетокот кога Блер отиде на последната проба за фустанот ја пуштија оваа песна, со малку поинаков аранжман, истата песна со која започна и целата серија ако се сеќавате, што ми дава надеж дека ова е последната сезона на ова бескрајно ретардирано лудило!!!
    :devil:

    Многу сум бесна, многу!
    http://www.youtube.com/watch?v=51V1VMkuyx0
     
    На poison.ivy, Ema.Sk, starfish и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    251.624
    Епизодава на нерви ми одеше.
    Очекував нешто по спектакуларно, толку најавувано, а за што?
    Лоша епизода.
    Луи, па ова што и го стори е полошо, отколку да ја оставаше пред олтар.
    Така и треба.
    Туку вмешувањето на Ден не ми јасно. Што сакаат продуцентите, серијава воопшто никој да не ја гледа повеќе?! И така рејтингот и паѓа.
    И не се надевам на добри епизоди, бидејќи сите мои надежи до сега беа залудни. Кога и да очекував добра епизода, испаѓа дека е тапа.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Конечно го опаметија ова мулево Луи. Не ми се верува што се му направи и он уште запнат да ја земе за жена. Ко демек не е способен да најде некоја друга. На почетокот беше онаа класична клише приказна, демек се кријам дека сум принц за да не ме сакаат поради титулата, а оваа гускава уште од старт му се испонаша па кога дозна дека е принц одма ококори очи.

    Серена ме нервира, вечно е неодлучна. Колку го има мафтано Ден...ако овој пак се смири со неа алал да му е.
    И аман од оваа Џорџина, секогаш при крај на сезона или кога треба да се случи некоја опасна збрка, неа ја ставаат ко да немаат инспирација. Проѕирни се веќе, не мора да ја гледам епизодата за да знам дека она ќе изникне во вакви ситуации. А обидот за уништување на свадабата беше многу глуп. Правеле и подобри сплетки
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Спрема текот на серијата, жанрот и се досегашно оваа епизода баш и доликуваше :)) А со Серена И ден стварно нема инспирација и не се ни интересни (колку го сакав во 1. и 2. сезона Ден) ,Блер нормално ја претера со ветувањето, никој разумен не го прави во реалноста нејзиноно хаха демек се жртвува хо хо хо :)))
    Во целост епизодата мене ме бендиса (крајот го скраси делото) и ако ен се случеше тоа со принцот, огас стварно ќе забегаа од реалноста. Мислам сезонава треба да е последна...Да не прочитал некој нешто околу тоа?
     
  6. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Најново шо прочитав, пред околу месец најмногу два, е дека во актерската екипа пак се јавило некое незадоволство и Лејтон, Чејс и Блејк по завршвањето на договорот заминват од ГГ, без никакво продолжвање на договорот, па ни на месец дена. А според кажвањата на продуцентите ке има 6 сезони, од кои шестата ке биди многу кратка, од само 10-тина епизоди.
     
  7. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Ај дајте линк од последнава епизода, никако не ми излегува некој саламски.. :@
     
  8. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    на www.tv-links.eu проба? јас вчера таму ја гледав
     
    На Simonna7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    8.591
    Девојката задолжена за кетерингот што флертуваа со Нејт нели е всуштност вистинската Чарли Роудс?
    Џорџина е госип грл? Разочарана сум.
    И можеа поскандалозна да ја направат венчавката, единствен таков добар момент ми беше танцот кога Луи и кажа на Блер кај и е местото.
    Ако Ден и Блер имаат нешто, веќе не ја гледам серијава!
     
  10. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Noemi
    Не ми текнува дали таа беше Чарли, но добро е ако излезе така.
    Мене ми беше одлична новата епизода. Не знам вие што очекувавте, но мене ми беше супер се што имаше во епизодата. Ми се допаѓа оваа сезона затоа што е малку помирна од претходните, каде не се знаеше кој пие, а кој плаќа. Требаше ваква сериозност да внесат, но не би било лошо понатаму пак да се вратат на стариот начин на дејството.

    А Госип грл не е само една личност, туку секој може да пишува, праќа пораки и слики на тој блог.
     
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Вчера случајно за прв пат ја загледав серијава и мнoгу ми се допадна. :)
    Многу убави глумци има, Чак и Ден се прекрасни. :inlove: :inlove: :inlove:

    Ќе може некој од почеток да ми раскаже што се случува во серијава ?
    И кој термин ја дават ???
     
  12. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    иако сум до 4та сезона до средината како што пишав претходно не можев а да не ги отворам епизодите од 5та сезона и сум ептен разочарана. Или нека ја завршуваат серијава уште со 2-3 епизоди или рејтингот сосема ќе им падне. Значи го напраеа бетар од шпанска серија глупости живи..дала ветување пред Госпо незнам шо демек Блер е некоја голема верничка. Нека оди и нека се отепа.
    А ден и блер....бљак! Е никако не оди. Вистина е дека во првите две сезони не се знаеше кој со кого спија ама барем беа средношколци и незнам шо а сега демек посериозни луѓе се или како..
    А Католичкава верна со Ден најде да замини. На еден му вели дека го сака, со друг пред олтар застанува а со сосем трет бега. Бетар од Серина се напрај!
    Мислам дека треба еден крај да се намести на серијава. Крајно време е! :^)
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Луи е кретенот? :^) Па Блер што се му направи последниве епизоди и ова и е малку. Цело време те сакам, не те сакам, како Чак си, не, подобар си, редно беше и она да си го добие. Туку многу скромна кралскава венчавка :D

    Може не сум во право, ама се ми се чини дека серијава се уништи зашто мислам дека сценариото се прави така да ги изрекламира спонзорите. Сигурно туку така не се сетиле Блер да ја мажат за принц, па Вера Ванг да и биде фустанот...Од 3ипол милиони гледаност во прва сезона, сега е 1.11 :x
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Наместо да чекаме подобри епизоди, треба да очекуваме поглупи епизоди. Ќе ја гледам само да видам до каде може да им отиде глупавоста.

    Иначе договорот им е на 6 години, ама мислам дека нема да ја снимаат 6-тава, ќе го раскинат предвремено, поради рејтингот.

    И да,
    и мене крајот ме остави во двоумење, ама сепак мислам дека Џорџи е Госип Грл.

    ПС: Многу се навраќаат на финти од првите сезони. Мислат дека така ќе ја зголемат гледаноста, ама патетични се.
    wtf беше репликата на Џорџина за Исус |(
     
  15. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Луѓе The Pirate Bay го исклучија. готово :/. Ако можи да ми дајте линк во лп, за симнување торенти (ама редовно серијата кај шо ја клават)....ептен благодарна ке ви бидам :)
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не е точно дека ја исклучиле страната.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Значи луѓе, што сте се закачиле за таа замунда или некој друг сајт, не сфаќам.
    http://torrentz.eu/

    Пиши Gossip girl.
    Ќе ти излезат десетици сајтови со серијата.
    Одбери ја од кој било.
    И Пајрат Беј си работи.
     
  18. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Фала ! Инаку јакото е шо....преѓе не работеше, и пишеше дека е исклучена. :/
     
  19. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Не, не, нема шанси, нема теоретски шанси да прават 6 сезона.И ако прават, не знам кој ќе им ја гледа.Епа штом ја уништија цела серија, така и им требаше :@
    Блер ми остави впечаток на интелегентна личност кога почна серијава.Изгледа, не била судејќи по последнава епизода(ех ем сезoна).

    Ај, па мислам не можат полошо да направат од ова, нели?
     
  20. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    Каква 6та сезона бре.. Уште то фали. Кај ја заебаја работа со 5тава уште 6та му треба. Нека дадат уште неколку епизоди да се среда работиве и нека заврша. Претераја оти. :^)