Не ми се верува која е Госип Грл. Инаку Блер многу ме изнервира, абе земи си го Чак ма, златно сексилаво дете
Леле и мене ме изнервира и тоа многу!!! Ем претходно зборуваше со Серена дека треба да му каже на Ден дека е вљубена во него, ем на крајот од епизодата него го викна!Ццц..ужас! Па остави го Ден на мира!!!! Туу.. Требаше Чак да го викне, а не Ден! Инаку мислам дека Џорџина не е озборувачката, бидејќи самата Озборувачка вели во шпицата: And who am I? That's a secret I'll never tell ... поздрав
Ко што викаат крајот го краси делото... Ама во ГГ е ОБРАТНО! Џорџи Госип Грл??? џабе држеа толку се во неизвесност која е гг, коа на крај се зезнаа. Уште неможам да поверувам Блер го остави Чак!? Отиде со потрчкото Ден... тој па како изгубен ми е. Од прва сезона па до сега го немам сменето мислењето за Ден. Исто и Луи си го покажа вистинското лице како што и претпоставував... знаев дека глуми поштен и добар! Жими мајка дека постоитаков принц.... За Чак ми е највеќе жал, сакам да си најде некоја женска и да ја заборави Блер.Не го заслужува. Нејт конечно си најде фина девојка.
Постојат со 100% гаранција . Познавам тројца (две момчиња и едно девојче) али она Ден, Нејт и Џени абе исти, копија (не по изглед - макар шо едниот постеќа ептен на Ден, ама карактер, понашање, начин на живот...постапки - абе исти) ! И мене ме препознават во еден лик, и то претерано многу....eнд ај ем прауд оф ит !
Не ми се верува да имаат олку скандалозни животи.. Па мислам дека постојат, само со помала доза драма во нивните животи. И јас би дала се да живеам во Њујорк. Знаете ли барем една епизода каде Блер и Серена ги носат претходно носените алишта во друга епизода? Незнам како екипата има толкав плакар облека.
ЕПа нема да биде Менхетен апер ист сајд ако носат по два пати една иста облека. Абе дечки Блер појде со Ден како другар во кој има доверба и кој ја спасува сто пати досега и кој и рамо за плачење. Јас скроз очекував него да го викне ...
Не ме зезајте, какви ликови, каква раеалност, какво секојдневие! Ова што е прикажано во серијава е високото друтшво на Менхетен, ниту може да има на друго место нешто слично, ниту ќе има. Па и серијава е филувана, не е баш се како таму, ама голем дел е вистина, тие интриги, драми, богатство, висока мода и остало. Не замислувајте многу....
starfish стварно незнам оти мислиш дека „ниту може да има на друго место нешто слично, ниту ќе има.“ Во секојдневието истото сегде го има, само не е толку скандалозно, и нема толку интриги... И ако гледаш и во македонски граници (на заостаната држава), ке видиш дека и кај нас ги има....само не во иста мера и офкорс тие шо се филмат не се ни приближно толку богати.
Нормално дека во Мк не постоеше такво нешто, но сега под влијание на милата GG, сите се уфилмаа, и богато и сиромашно. Сите се bitchy како Блер, сите сакаат машко сако како на Серина, а сите го сакаме Чак за дечко. omfg, патетика!
Сите се bitchy како Блер, сите сакаат машко сако како на Серина, а сите го сакаме Чак за дечко. omfg, патетика! I jas go sakam cak za decko zosto patetika?
Е морав - Зошто бе патетика? Девојки супер сте. За мене Блер е вистинскиот лик во серијава. Девојка која физички е мила и харизматична. На почетокот од серијата незрела - како секој тинејџер, но тоа ја правеше интересна и заводлива. Колку пристојно се облекува а зрачи од секоја нејзина пора некој енормен сексипил. Нејт ми е премногу лизен-мазен. Серена, девојка која сака да има доста големо с*к*у*л*о искуство! Мислам дека нас во Мк не чуди ова нејзино однесување, ама таму кај нив повеќето девојки така се однесуваат. И тоа за нив е сосема нормално. Барем така ми кажувале дојденци од Америка. Ден ми е збунет, некако како да нема храброст за да превземе ризици. Се заљубува секогаш во некои недостижни за кои е свесен дека никогаш нема вистински да го сакаат. Чак е идеален дечко за Блер. Колку се убаво створени нивните карактери. Посебно животот на Чак, кој за мене е пример како човек по толку сериозни проблеми може да остане (и стане) ем свој, ем добар. За мене Чак е добра личност. Ај доста беше!
Само шо а изгледав 13 епизода и бев Епа Блер иди бе даде у триста пи*ку материна, што ти е ало?? На почеток серијава ми беше препрепрекрасна, значи едвај чекав да гледам, а сега дури и после некој ден од коа ќе ја симнам ја гледам, значи коа видов прво зошто таа не е со Чак, е девојко дојди да те зашамарам!! А сега па, коа видов дека замина со Ден, со Деееееееееен, мочкото кој не ни може сам да моча цццццц пу бе! Серена ме изненади само, шо му кажа на Чак зошто глупава не е со него, добро беше тоа, а тоа дека Џорџи психопатот е Госип грл не верувам баш. А Нејт, Нејт веќе е најглупиот лик, со Ден се тркаат за глуп и поглуп кој ќе да е! А и тој принцот, се знаеше дека нешто се крие, мамино маже, туф туф, сестра му подобра од него испадна значи, преврти кај шо не треба, дајте кација кај Блер, засивена е веќе, замре ликот! Аи аи дајте да изрежирам 6та сезона мајке ми да ги поправам сра*ава од кои се крше серијата!
И сега е моментот кога треба да го извадат синот на Лили и Руфус, како кец од ракав, за да стане малку поинтересно. Освен ако не планираат да тераат и шеста сезона...
Во Македонија сигурно ги нема Мацо. Поконкретно ако сакаш Битола-не !! Те молам. Не можиш да споредуваш фејк Луи Витон со високата мода од ГГ. Или пак пуфличињата со Блер, ниту пак можиш ку*вичињата да ги споредиш со Серена. Облека, интриги, скандали...Излезете од филмот.
Не знам кај прочитав инаку ќе споделев линк тука, ама да ме утепаш за жал не ми текнува, дека Блер едвај чекала да си замине од серијата и затоа 5тава сезона ќе била демек последна. Другите детали не ми текнуваат зошто онака само на блиц ја приметив таа статија, не обрнав внимание и потоа не можев да ја најдам. Се надевам не е точно тоа, зошто ако е ќе си ги гледам од почеток па се натаму сите сезони и такаааа... баш беа интересни првите 2 ми фалат!
Ау грешно ме свати :/ Не споредвав јас, туку само давав пример дека и кај нас има луѓе на кој горе-долу слични работи му се дешават во живото (значи не за она секој со секој, заговори и тие работи...туку за дрога, семејните проблеми итн.). А за споредвањето на модата од ГГ, со „дизајнерската“ облека кај нас (особено БТ) - То ни сум го рекла ни ке го речам, значи кај нас е РЕЗИЛ ! И никогаш, значи никогаш не споредвам ефтини уфилмани битолски пуфли или умислени фраерчиња со некој лик од серијата, кој е фиктивен ! Не ме сваќајте погрешно !
Спојлер И пак и пак, Блер го остави Чак. Не знам кој и е планот, а и не разбрав со што се обврзува кон Луи, ама па го претераа. Сакам - нејќам, ќе се мажам - ќе се разведам, Ќе одам во Доминиканска Република - ќе одам на меден месец... веќе ни таа не знае што сака. Значи сепак Џорџи не била GG цело време, туку ја преземала работата. Оваа вистинскава Чарли, не сум сигурна баш дали не знае што се случува и со кого си има работа, или само се преправа. А и Ден не испадна толку наивен како што изгледа. По се изгледа тој го испратил видеото. Како и да е, не беше толку лоша епизодава, со оглед на првите од оваа сезона. А и имаат материјал за до крајот, па барем нека ја направат завршницата како што треба.
Само шо ја догледав најновата епизода. Искрено не беше лоша, а и не беше нешто сјајности. И сега заприметив (Како шо порано Серена во секоја наредна епизода се по крената, и по умислена шо беше...) дека сега Блер секоја нова епизода, се по малоумна е.... Не мие ни блиску до омилен лик ама I fucking hate that !