Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Озборувачка (Gossip Girl)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од viki44e, 9 јуни 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ја изгледав 14ката и ми беше по мерак, баш епизода во стилот на серијава. Остава сомнеж, надеж, повеќе варијанти што како би било понатаму во нас, тоа е тоа што ми се свиѓа, не е лесно предвидлива и обична. Сите трчаат по Блер и околу нејзе, за она на крај да отиде со Луи. Ама мора, ми се чинеше дека мора да се преправа дури и пред Еленор дека и е се супер, за да не се грижат претпоставувам...а колку беше слатка во маичката, дуксерот, хеланките и балетанчињата на аеродромот :lol: А фацата што и ја напраи на таа обожавателката што поверува дека она не е Блер Волдорф откако ја покажа насловната на весникот каде се со Луи наместо пасош, па не можеше со весникот да пројде и кога и се сврте ФАЦА :rofl: срцка!
    Ден стварно е патетичен. Како грдото пајче е во серијава. Крајно антипатичен и досаден веќе. Греота ми е на моменти, ама ептен е будала бе. Блер го дотолчи Чак, и блиските исто ама Чак особено...не е фер. Е му врати за се што и има напраено во животот, за се што има поминато и за сето патење онака ептен...за сите пари шо се вика. Кога беше он идиотот ја жалев неа, потоа се сврте кругот и сега стои во местото каде Блер го дава последниот, за жал погрешен збор. И избор. Чак скапо си плаќа за своите грешки...се уште. Се ми се чини дека серијава е да се оддолжат двајцата меѓусебе за се што си имаат згрешено, за се што било, на крај со чисти сметки се надевам ќе си останат заедно и ќе почнат се отпочеток :) Се надевам нема изморени и омалаксани од толку патење, да ги снајде нешто сосем друго, а да не е заеднички живот :|
    Џорџина не ми е баш за Госип Грл. Знаев дека не е се околу неа, ете ја презела работата после сообраќајката на Блер и Чак ко што сфатив. Е мене ме интересира која е вистинската онаа баш Госип Грл во сите тие 5 години? Се мислам ќе испадне личност што не ја ни знаеме, ни очекуваме, не верувам да е некоја што ја има редовно во епизодите. Една другарка ми вика да не испадне Нели Јуки :rofl: И зошто Госип Грл не е веќе Госип Грл по сообраќајката? Нели му пиша на Нејт демек сакале него да го убијат? А тој па главен во Њујорк Спектејтор. И нели сакаа да ја дознаат, да ја срушат...наоѓаа и адреси кој што праќал колку праќал од каде итн. Има нешто поврзано со Њујорк Спектејтор што Госип Грл веќе не е таа, туку сега е Џорџина. Видела дека конкурентскиот весник малку по малку ја открива и си го предвидела крајот ако продолжи, па решила да избега. Се мислам на крајот ќе дознаеме, ама баш точно на крајот.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Ретардирана беше цела епизода, ама веќе се навикнав да ја гледам таква серијата, и сега штом ја гледам, ќе коментирам за содржината.
    Многу скромно кралсково свадбиче бе :^) ... па тие баловите уште кога беа Серина и Блер во средно беа погламурозни...
    Оваа вистинската Шарлот Роудс мислам дека неам поим што и како е, кутрата девојка.
    А Нејт кога помагаше со гајбите, оф леле, и бедно и смешно. :D

    Мене искрено не ми беше гајле кој го прати видеото, мило ми е што го пратија, во случајов можеме да му заблагодариме на Ден шишкица, поради неговите нежни и благородни чувства кон Блер-сита.
    Мислам, човекот ја сака и сака да биде среќна, го прати видеото мислејќи дека така Блер ќе остане со Чак.

    А знаев дека Џорџина не е Госип Грл, побогу, јасно беше како ден, а нејзината улога е очајна и досадна и јас не ја поднесувам, зашто нема никаква функција повеќе.

    Ако Блер го остави Луи, треба да платат некој вид оштета на кралското семејство, јас така разбрав и тоа бајаги голема сума, освен ако Блер издржи една година Брак со принцот зајачка муцка.

    И тоа, епизодата подпросечна, Блер многу слатка во тоа маичето, а мадам Серла... леле Боже, оваа колку ми е глупава.
    - Ден, не мора веднаш да ми одговориш (откако му кажа дека го сака, јас тука подразбирам барем ден-два да се размисли човекот)...
    .....
    по 15 минути на телефон -
    - Ќе ми одговориш?

    |( |( |(
    Убиј се ма, уште не се самооткри, патетична снобовка зависна од муж до себе.
    Гребе по дното.
     
    На Ema.Sk, JuLleE, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Што убаво и описно ја опиша Серена :D :clap:

    Мене епизодава ми беше ___________________________________
    Апсолутно немаше еден момент да ме заинтригира, онака рамно.

    Мора повеќе да се фокусираат на ликот на Чак. Мислам дека е некако запоставен епзодиве.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Во најновата епизода на Госип Гирл, Чак во новата улога на ФБИ агент со репликата I'll take it from here. И секако Блер во улогата на бело робје, I don't want you to buy my freedom.

    Сериозно ги снимаат епизодиве? Зошто, побогу зошто.
     
    На JuLleE и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. poison.ivy

    poison.ivy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    198
    Едвај ја чекам следната уште поглупава епизода од оваа, зашто стварно ме импресионираат до каде можат да одат со тупавоста, па во секоја наредна епизода се повеќе се изненадувам од Госип Грл и нивните интриги, упс, глупости де, мислам ни на крај памет нема да ни текне што се може да се случи и што се не ќе измислат.

    Само можам да кажам дека
    тотално ми го уништија Ден/Блер моментот од 4-та сезона, сега Ден ми е крајно патетичен и лигав, а Блер крајно глупава, ох Боже, why?? |(

    И кога веќе еднаш ќе се појават Џек Бас и Дајана, за џабе ли ги дадоа во онаа епизодата со сообраќајката?
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Неможам да прифатам дека Ден има чувства кон Блер ! Не-мо-жа-м ! :@

    И убаво му рече Блер.Нека си ја ишиша тоа шишката грда
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Мистеријата е тука секако.
    Порано беше каква сплетка ќе направат и како ќе се извлечат....а сега мистеријата е каква поголема глупост може да им текне на продуцентите за наредната епизода.
    И иако очекувам да е глупа епизодата, пак ме изненадуваат со тоа што ми ги надминуваат очекувањата.

    Ама џабе мрчам и пак ја гледам...и пак ќе ја гледам. Немжат да ми објаснам зашто.

    Фустанот на Серена беше уау
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
  9. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Лоши МНОГУ ЛОШИ епизоди. Нека биде ова последна сезона нека не ме мачат повеќе со лоши епизоди. Нека и направат еден убав крај и толку да ми остане во убаво сеќавање.
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Најдобриот момент кога Блер му кажа на Ден да се ишиша! Аман веќе, аман, глумата секако е промашена и цела сезона, бар средени да бидат, а тој Ден, Боже мој, бар шишка салам да има!!!!

    Најбедниот момент кога лиглата отечена Џорџина се појавува како гром од ведро небо и одма таа се ќе дознае и слика, демек е Бог, абе една ц4 да ги разнесе сите, по нерви ми газат сите од серијата!

    Свадбата беше очајна, Трендафилка убаво напиша..Аман бе, немаше ни г од гламур, ни р од раскош...!

    П.С Дури веќе ни Руфус не е тоа што беше, каде се вафлите? ]:)

    (Нејт е дефинитвно најзагубениот, жално, Серенче на второт добро место до него) |(
     
  11. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Хехе ај и мое мислење да си кажам. Досега перманентен лик ми е Ден, како в почна наивен , таков и си остана и пожуртвуван нормално, а тоа шишката намерно му е таква, тој е од Бруклин , не е од Менхетен Хахаха...Не очекував ништо од епизодава и затоа не ме разочара и потполно се сложувам со Алиса во земјата на чудата :) „Порано беше каква сплетка ќе направат и како ќе се извлечат....а сега мистеријата е каква поголема глупост може да им текне на продуцентите за наредната епизода.“Единствено серијата стана непредвидлива, заради тоа што продуцентиве се изнатропаа глупости. Излишно беше враќањето на Џорџина во серијата.
    А тоа дека не е Госип грл нели пишав во претходните коментари и еве слика пак која е Госип грл (се нема појавено во серијата и кој знае дали ќе се појави)Уште кога почнуваше серијата гледав интервју со глумицата и тогаш кажа дека само гласот ќе и го слушаме :)
    [​IMG]
    А и ова на википедија го прочитав сега, кај да ја најдам да ја гледам знае некој?
    One special episode, not part of the official continuity, was produced to complement the first season and was broadcast on CW on January 28, 2008. The Special revealed the secrets of the show.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ха, хаааааа, ве стасав, бичес!!!! :D :rock:

    Мене искрено најинтересни ми беа втора и трета сезона, сега ептен забегаа, мислам дека им фалат идеички. Луи не ме бендиса каков стана, повеќе ми одговараше во ликот на наивен, искрен, чесен... Беатрис и Кралицата требаше да бидат расипани, ама веројатно му дојде на човекот преку глава од Блер. :lol:

    Инаку, ме нервираат причините на Блер поради кои не може да биде со Чак. ]:) Сакала да успее без него, не можеле да бидат заедно заради не знам што, не сакала да и ја купи слободата. Тупиш моме, тупиш!! :fubar:

    Серена и Дан - излишно за коментирање, мислам, отекоа. Дан ми одеше повеќе со Ванеса, штета што е само гест-стар она, заедно со Џени.

    Единствена надеж за малку заплет ми е ликот на Чарли, ајде нека се дознае кој е, како е, зошто е. :D
     
  13. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Јас сакам Серена со Нејт да биде. И двајцата кога се работи за врска не знаат што прават и што сакаат. Овој со постари жени, ус пат и со Ванеса, Џени, Серена, оваа па Серена секогаш со некои женети, постари, забранети кои најмногу ги сака и на крај двајцата остануваат без никого. Затоа нека си се фатат пак двајцата, многу ми беа добри во 3 сезона мислам кога беа пак заедно. Не ни знам зошто прекинаа :D

    Последнава епизода од 5 сезона мене ми беше најинтересна од сезонава. Супер.
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Нејт и Серена се совршен пар.Се заслужуваат еден на друг,двајцата се по малку смотани и наивни и не знаат што сакаат.
    Ден и Серена како пар неможам да ги смислам,ни во приватен живот ни во серијава.Ден оди само со Ванеса,совршено досаден пар.

    Just like Blair said :
    Nate loves Serena, Dan loves Vanessa -god knows why-, and Chuck loves me.

    Јас сум сега 4-та сезона,6-та епизода и одвај чекам да ја одтргнат Џулиет од серијава,страшно ми гази по живци :devil: А,нејзиниот лудачки поглед ме плаши вака преку компјутер,искрено..


    А,уште нешто да напоменам мене повеќе ме интесира како ќе завршат ликовиве на крај,кој со кого ќе биде,него која е Госип Грл...Да бидам искрена додека не прочитав на форумов дека тоа ќе биде откриено,немаше да знам..
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ја изгледав пред некој ден 4та сеозна и се напнав, и нема веќе да ја пуштам серијава.
    Не, нема да ја гледам 5тата.
    После бакнежот на Блер и Ден - :puke: , веќе ништо на арно не е.
    Не можам да ја гледам Серена која ку*опеца наоколу, ко некоја полуактивна амеба која тормози со своето присуство, недај Боже кога има улога во некоја епизода на life saver. Тогаш е веќе дно дна.
    Чак Бас - држ го сине, ојде јабана.
    Нејт - исто ко да го нема во серијава.


    И модата веќе не ми е доволна причина за да седнам некогаш пак да гледам ГГ.


    Довиѓења од мене во темава! :hai:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    8.591
    Во врска со последната епизода....
    What the fucking fuck? Блер и Ден against the world да не биде крајот?
    Па и болнава баба, кој фактор е, наследство да не и остава на Ајви?
    Ајде и последната епизода да ја видам, да знам дали е можно повеќе да се избрукаат.
    Единствена светла точка ми беше Чак со стариот шал, he's back! :mm:
    И сакам да го смачка лиглото Ден.
    Се исфрустрирав од епизодава.
    Worst.season.ever.
     
  17. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Ех, ех, 5 сезони чекав да видам нешто помеѓу Блер и Ден и дочекав :D

    Во глобала онака епизода, ништо пособено, веќе видено.Многу клише им беше фората Блер да биде Кјупид на Серина и Ден како од некое инди роментик комеди филмче.И по 15 епизоди, се прашувам сеуште...Што бара Серина уште во серијава? Дај нека ја пратат во Африка, нели сакаше да ги учи децата англиски ?! (тоа и беше напишано на картичката која требаше да ја прочитаат во 1 сезона 10 епизода , пред Сиси да ја смени и друго да напише.Котилион беше мислам, бар така се сеќавам :lol: )Преку глава ми е од нејзе и ретардираните и фаци.Хајлајт на епизодава дефинитивно црвениот фустан на Блер :inlove: :inlove:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Што останува да се каже за омилената наша серија, кога почнаа едни исти песни да ги повторуваат?
    Толку се нема инспирација, ниту музиката не е тоа што беше.
    http://www.youtube.com/watch?v=XomQLhjCYYk

    Will.I.am - I Got It From My Mama
    I сезона - тепачката помеѓу Блер и Серина - кубење коси на теренот за лакрос.
    денешната епизода - забавата на Нејт, the highschool reminisce.
    |(
     
  19. Rosewood

    Rosewood Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    60
    Трендафилка, мислам дека намерно ја пуштија песнава.Нели хајскул забавата на Нејт, и една песна од прва сезона да се присетиме колку беше боље тогаш... Или па можеби некој хинт на Сафран и компанија дека пак ќе имаме кубење коси помеѓу Блер и Серина.

    Промо за следната епизода:

    http://www.youtube.com/watch?v=kDsqUkOygwE леле, леле, како го затна Чак.Браво бе Ден ! Златен тој :)
     
  20. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    ќе може да ми даде некој линк од новата епизода? мене ништо не ми отвора, се страниве избришани се :x