Ако веќе немаат навистина идеи за новиве епизоди нека скратат и нека заврши со 5тава сезона серијава. Оваа серија и нејзината гледаност е класично живеење на стара слава. Преку таквото веќе од овие караници на Блер и Серена, ај смирување и гушкаааа, френдс форевр? Форевр! Ајде скар пак, пак гушка, пак френдс, пак скар, пак гушка, пак френдс. Аман! Спојлер Па уште и Блер онака јако мушки му вика на Ден дека веќе нема да ја повредува Серена крај, а 60 секунди претходно се лапаше со него ко крај на светот да иде. Тогаш гајле и беше за Серена. Филмов секој со секого одеше, секој со секого се ебаваше, секој со секој си е бест френд, секој со секој се лаже и изневерува, секој со секој се шпиунира и стануваат многу досадни. Се се врти и одоговлекува. Заборавија дека девојкиве запишаа факултет, само на забави и карања излезе работава, па уште и најголемо срање е принцезичката Блер, глупост. Веќе ми нема никаква логика филмов. Не се знае кој се води кој се тера. Дури и модава ја заебаа, се помалку убави комбинации гледаме. Во турскиве серии почнаа да носат турчинкиве поубава облека На Серена се во последно време и прекратко, дајте и подолга туника аман. Ах да и нека ми се јават слободно кога принц од Монако ќе прави свадба во сред Менхетен по протокол. Е така уште еднаш ќе кажам досадни сте!
Не ми се веруваше што гледам ... Убаво росоњерка си кажала, гледање на стара слава ... Каде се оние Блер и Чак што никој не можеше зад грб ништо да им стори? Сега ги е*ава кој стигне во секоја епизода, како некои мулиња. Глупости. Кога веќе ништо интересно не им текнува нека ја прекинат серијата ... Јас бев, сум и ќе си останам фан на Блер и Чак и тие само сакам да бидат заедно ... какви ден и блер срцки биле и не знам што, глупости глупости глупости!!!
Епизодата мене ми беше дупло поарна од предходните, макар шо сепак НЕ Е ТО, ТО ! Спојлер - Кефој бев кога ги видов Дорота и Блер во “мисија“ xD...супер ми се заедно, сонцки, само да те насмеат... - Џорџина ја отупе работата...аман мори жено, оди живејсиго живото. Се запнала да му ги уништи животите на овие другите...аман ! - Серена и Блер OMFG ! Во рок од 10 минути си опростија, се смирија..и успеа пак да се напрат лом. - Ден е изгубен случај, едноставно незнај кај патува. Барем да се истрижеше ако не за друго - Нејт, папучарче....Така е дете, продолжи ! Од тебе иднина нема ! - Дали можат БАРЕМ ЕДНАШ на Серена, да напишат, нешто убо да му се деси во живото без драми, и тие срања? - А за Ајави (Лажната Чарли), очекував да се открие во пократок рок...и не очекував со Сиси (Мајкаму на Лили) да биди, а најмалку кога жената е на смртна постела ! Битно ги излажа, му еба мајката.... Се на се епизодата беше ОК, порана од предходните, али деф. треба да ја завршат. И то шо побрзо !
Спојлер Оваа Блер ако знае што сака... Нема оправдување за ова што го направи со Ден Како и да е..Lonley boy на крај изгледа ќе си остане Lonley boy.
Абе нели и Дорота беше трудна? Или во знак на лојалност кон нејзината Queen B, и таа го изгуби бебето?
Не бе уште е трудна, не и е дојден терминот само За големото финале може го чуваат породувањето за да ги обединат сите, секако немаат нови идеи.
Лошооооооооооооооооооооооооо ilent: Крај веќе не гледам, ја упропастија серијава! Извинете ми на израд ама гг= ср*ње во боја! потпис, печат и точка од мора страна. ИНаче моја идеја: Спојлер Мислам дека последната епизода треба да биде после една година како, блер да биде со чак Серена може комотно да ја стават ко чистачка, Дорота има подобра улога него неа! Ден нека се закопа во земја Нејт одмна ми е избришан од секоја можна опција. Блер и Чак се единствени ликови кои имаат став, иако блер ја упропастија малку. Ама пак имаат приказна зад себе.
Мене моментално најјаки ликови ми е Дорота и маж и на Џорџи. Ах, колку и да викам дека забегале, пак ги гледам. Не дека има нешто попаметно за гледање од овој тип, а некогаш навистина сакам да си го пуштам мозокот на пасење и да се преселам малку таму. Сепак, никогаш нема да ги надминат Секс енд д сити, мене тие ми се апсолутен фаворит и ќе ми останат. А зошто епизода за Валентајн даваат ден пред Валентајн, нели посоодветно е да ја даваат наредниот понеделник, откако се случило сето тоа?
Пак high school?! Аман бре!? Па и истата облека на Џорџина и Серина како од прва сезона. Глупости на куб беше епизодата. Спојлер ќе се радував како дете на снег за Блер/Ден моментот во оваа епизода ако се десеше лани кога беше посилна и послатка магијата меѓу нив, сега е се тооооооооооооооолку млитаво и досадно и крајно безврска. Инаку, јас сум сигурно единствена што ги сака и Блер/Чак и Блер/Ден Па сега со кој и да биде Блер мене исто ми се фаќа, само ме изнервираа што го отупеа нејзиниот лик до крајни граници Не е тоа силната, одлучната, паметната Блер од порано. Сега е само невидена глупача. За Серинка, не знам стварно зошто не и текнува за Нејт. И мене ми се совршени со Нејт. Ама ајде, нека има причина да се кара со Блер. Whatever. Сериозно госпоѓицава Џорџина нема дете и попаметна работа за правење освен прогонување на досадниве? Па каде беше до сега, жити се? Гледам дека сите ја гледаме серијата само за да видиме како ќе заврши
Џорџина беше во прва и втора сезона најголемото зло што постои, како што ме нервираше Серена, Џорџина ја засакав заради тоа што ја реметеше до максимум. Потоа во втора сезона со Блер, revenge, you can tell Jesus that the bitch is back. Па и во трета сезона кога му се појави на Ден со детето. Најдобриот негативец во ваков тип на серии, буквално таа ми ја правеше серијата. Сега? Сега е wannabe badass, комплетно е уништен нејзиниот лик, сега прави сплетки колку само за да има, го нема она што ја правеше толку добар лик во првата сезона. Серена е најголемата глупача во серијава, толку ми е глупава што ги скокам сцените со неа. Нејт е уште поглупав. Чак е најглупав. Ден е најмагаре. Блер е поголемо ку***че и од Серена. И така си биле двајца и се сакале. Нека завршува за да можам да ги сместам последните 2 сезони во топ 5 најлоши сезони од серии. Ајт.
Спојлер Значи НЕ САКАМ Блер и Ден да се заедно, не ми личат, за Блер бе треба мажиште, а Ден ми е лиглест многУ! Џорџина ако не им направи сплетка, нема да живне серијава, иако сега со сила направени и се некако сите сплетки. А што се однесува до Чарли, и претходно имав искоментирано, АМАН нека ја откријат веќе, многу ме нервира оваа лажнава, значи НЕ ЈА МОЖАМ! Ете така
Мене порано Чарли лажната ме нервираше, кога се појави, со тоа фрлањето од прозор па не знам што. Сега некако не ме нервира од ко се откри дека на типката и треба љубов од семејство , па си го присвои ова. Многу , мноооогу елемнти од шпански серии има . И кога наназад ќе се навратм во серијава, пак ги има. Џорџина кога избега во тоа камп ли што беше побожна кога стана...Овие богастиве скроз сите ги направија за на психијатар.....Ним им е изгубена смислата за реалноста, не нас обичниве хехехе
Заборавиле на многу ситни детали кои ја зачинуваа серијата за сите пари! Како на пример, Блер и Дорота, заедно во акција, Блер, Чак, Ден, Серена, Нејт против Џорџи злото, кога никој ништо не им можеше, а сега ем повозрасни, Чак најзрел, туку така се им бега од прсти абе ајде Блер....од цврст карактер и модна икона стана очајна принцеза, без ас во рака и дупка во срцето а богами и ќе има на главата ако не почне да се однесува како што и доликува, Боже, колку ја сакав, како може ликот толку да и го уништат, со Ден ли бе?! До каде ги води очајот на режисерите цнцнцнцн Последната епизода сама по себе, шо знам, нонстоп се обидувам да гол гедам позитивното, а негативното да го занемерам ама слабо ми оди. Многу си ја сакав серијата ама ликовите ги уништија и ги доведоа до невиден очај, незнам што се случи, жално.
Да , да 24 се. Гледав на листата на епизоди и само 17 ми излегоа. Се извинувам, моја грешка. Затоа и се почудив, бидејќи секоја сезона е со над 20.
A ова дефинитивно е последна сезона? Знаете што си размислувам? Можеби серијата и не е преголемо срање, можеби ние пораснавме и ја надраснавме, 5 години не се малку... Спојлер Срање е , СРАЊЕ!