Бидејќи серијава завива од очај, ве оставам со неколку слики од првата сезона колку да се потсетиме на возбудата која ја имавме кога се чекаше нова епизода, кога приказната имаше некоја смисла ! IN MEMORIAM:The Non-Judging Breakfast Club Ех, убаво си пееја Нови Фосили: „За она добра, добра, добра стара времeна“ Пропаднавте бре !
Добри се и сега, не ги критикувајте толку. Не се веќе во средно школо, не барајте така да се однесуваат. Ама па затоа со колеџите не ми е јасно. Учат или не учат, или толку беше, само да видат како е да се биде на колеџ за потоа сите по ред да се откажат А за Џорџина, мене ми е иста како и во претходните сезони, освен во прва кога имаше причина зошто го рпави тоа. Ако се сеќавате за втора сезона, они самите ја донесоа за да им помогне да се решат од таа Попи и Габриел. Што значи и тогаш нејзиното појавување беше без никаква најава и цел. И уште нешто. Подобро се дише без Џени и Ванеса, верувајте. Мене ми се добри оваа сезона, минатата ми е најслаба со најлошите епизоди досега со компанијата на Чак и црнкињата.
Мене добра ми беше епизодава се освен очајот на Блер и Ден, секако. Значи како пар ми се најодвратни. Ич не ги бива заедно. И ако на крај Блер не си ги расчисти чувствата еднаш засекогаш и не заврши со Чак после се што се случи, ќе се покаам што сум гледала откако се раскинати па се навака. Па станала ко Серена бе, и бетер! Си ги замениле улогите очигледно. И многу bitchy беше тоа што и го напраи на другарка и, пак, очигледно и се враќа на Серена за тоа што уште на почетокот спиеше со Нејт. Ајде бе нека ја откријат оваа Ајви веќе, аман!
Господе боже овие од CW колку се пореметени....ГГ иако моментално е срање, и гледаноста му е падната за 40% сепак се пред договор за продолжвање за уште 1 или максимум 2 сезони. Ако се потпишат договорите, една или евентуално поќе од новите серии ке одат бај бај, и то или Nikita, Ringer, The Secret Circle, Vampire Diaries, Nikita, Hearth of Dixie ке бидат откажани. А во споредба со ГГ The Secret Circle и Vampire Diaries имат дупло поголема гледаност, и фан бејз ! Ај најму НЗС да те видам -.-''
^ The Vampire Diaries не верувам да ја укинат, па не се нормални да го направат тоа кога дупла им е гледаноста од таа на ГГ, за другиве серии не знам. Почетниот договор за ГГ беше 6 сезони, сите потпишале за толку, повеќе не верувам да снимаат.
Договорот му е до Јуни ова година, ако успеат да снимат уше 1 сезона - шо нема шанса...арно. Ако не, да се надеваме дека нема да ја дозаебат работата и да ја дотегнат (моментално дебилната) приказна на серијата, и дека нема др. серии да си трпат заради нив.
Молам линк за торент од прва сезона па и за втората ако може, ама да се спуштаат без проблем без да бара логирања и чуда. Фала однапред
http://thepiratebay.se/torrent/4710070/Gossip_Girl_Season_1 http://thepiratebay.se/torrent/5499314/Gossip_Girl_Season_2_Complete_MKV_x264_by_RiddlerA Повели
Спојлер Па да ви кажам искрено... епизодичкава многу ме бендиса. Мислам сега многу, за разлика од претходните беше многу подобра, ако не и најдобра од промашенава сезона. Конечно се откри сплетката со лажната Чарли (патем, не можеа поубава глумица да најдат за вистинската, оваа со сплесканово косиче и спуштени очиња е ко за грев). Тој бакнежот помеѓу Ден и Блер на пробата мене ми беше... Ја вратив сцената неколку пати, Блер тргнува да го бакне ко другарче за роденден, а Шишка бој тргнува кон сосем поинаков бакнеж... уф, уф... Сега навистина не знаеме со кој ќе остане Блер... се' може да се случи на крајот. Колку ми е ќејф само за Серина. Многу сакам да пати девојчето, не знам зашто. И Чак и шалчето на онаа изгубенката... шминката на Блер колку беше природна и убава.... а крајот беше тажен. Добра, добра епизода. Девојки, јас патем барам една песна од GG. T.e. не знам дали е баш песна или само делче, го пуштија истото 2-3 пати во првите неколку епизоди од првата сезона, трае околу 10-15 секунди семплот... една од сцените во кои дефинитивно ја пуштија беше во епизодата кога Еленор ќе и каже на Блер дека го видела тој префалениот прстен на мајката од Нејт и дека еден ден наводно ќе биде на Блер... ќе се гледаат двете во огледало, додека Еленор ќе го кажува ова... (описов еј)!
Ја следам Gossip Girl od 2008 година и прво кога на некој ќе му спомнев за оваа серија никој не ја гледаше. Сега стана тотален хит во Мк, се надевам дека и другите серии што ги следам од овој тип ќе станат популарни и можеби еден ден ќе ги емитуваат Gossip Girl ја изгуби својата гледаност и најверојатно оваа ќе биде последната сезона што ја емитуваат. Бројот на гледачи енормно опаѓа, се повеќе и повеке коментираат како приказната нема никаква насока веќе, нема заинтересираност како во првите 3 сезони. До некаде се согласувам. Омилени ми беа и мене првите 3 сезони, 2рата посебно. Сега ги гледам онака... А порано повеќе ме исполнуваше Како и да е прекрасни беа и ќе бидат. Еве ви неколку teen серии, па ако знаете други, давајтеееееееееееееееееее 90210 (200 Greek (2007) Switched at Birth (2011) Pretty Little Liars (2010) Jane by Design (2012) Suburgatory (2011) Once Upon a Time (2011) The Vampire Diaries (2009)
Само што ја изгледав 16ката. Значи Ден и Блер НЕ! Не, не сакам ова да го гледам глупачо се надевам само мислиш дека имаш чувства кон него, а ги немаш. Не ја уништувај цела серија со лажниве чувства како кон Луи така и кон Ден, мора да завршиш со Чак, МОРА! Твојата вистинска љубов е Чак! Леле, колку ми е жал за Чак очите ми се насолзија на последните сцени. Не можам веќе да гледам како пати, не можам. И да, уништи го Ден, те молам! Изгледа многу и му дозволи. Исто ми се наполнија очите кога умре Сесе така ми падна жал што...не знам уште ми се полни солзи, многу се соживеав со тие сцени Многу сум среќна што ја разоткрија глупачата со тоа гласот нејзин ко да не речам што и праеле Што е грда глумицава за вистинската Чарли Роудс, грда е бајги, за разлика од Ајви Дикенс лажната Чарли нели ама тоа е. И многу глупо ми падна и неочекувано кога и рече на Серена дека не и е до кафе дојдено Стварно не го очекував тој одговор, очекував нешто во стил јеа шр бт мејби сам адр тајм. Дефинитивно се што очекувам е Блер да нема никакви чувства за идиотот Ден, само да се треска од земја сеа дека ги има, а да ги нема нели, и на крај да заврши со Чак како што треба да биде. Сите биле против Чак и Блер, а против Ден и Блер е цел свет. И сеа, она го остаи Чак, се омажи за Луи нели она и него го сакаше да да, за сега да биде со Ден со што ги повредува сите?! Не! Пак ќе речам, Блер станала бетер од Серена и да, си ги замениле улогите очигледно. Таа во сите мисли дека е заљубена, а уствари само во Чак.
Ден и Блер? Сериозни се продуцентиве? Се повеќе почнувам да се сомневам дека им дошла некоја ужасна идеја во глава нив да ги остават заедно на крај. А не да се утка тотална како пар... Како пријатели - да. Блер да го влечка за нос кога ќе и притреба, а притоа да се шегува на негова сметка за фризурата. Ама како пар? Ме нервираат што оставаат многу работи недовршени. Не зборам само за мајка му на Чак и синот на Лили и Руфус, туку и оваа Елизабет Харли од нигде никаде се појави и после ја снема. И сега што беше финтата со неа? Бог знае. Можеби им беше само пролазен лик колку да направи мучки... Како и да е - материјал за снимање имаат.
Серијата се поќе и поќе личи на лош мајтап, отколку на Gossip Girl. Незнам зошто воопшто продуцентите се решија да фрлат пари и да снимат 6та сезона, кога на ова приказната му ојде успич, а и гледаноста му падна за многу... Ја гледам ради ред, колку да останам во тек со приказната, пошто сум ја гледала 4 и пол сезони. Инаку веќе немом да ја препознам серијата, почнаја лошо па се подобрија за сега на крајот ептен да ја посерат работата. За епизодата: Спојлер - Серена и Блер -> Скарај се/Смири се од првата епизода веќе напорни станаја. + Пред огледало ко децата мали се затуркаја - Дорота -> Иако се појави само во нецела минута, си е закон ко и увек ! - Чак -> Ликот после 3та епизода стана утка најголема во серијата. Заради женска да му ја упропастиш кариерата на некој шо ти напрајл милион работи за тебе - НЕМОЈ МОЛИМТЕ ! - Нејт -> Греој ! Стварно не ми е јасно шо го сакаф толку порано... Папучарче малечко. - Блер и Ден -> Сериозно? Неможеше нешто понормално да ви текни, и и то го напрајфте...Совет: Барем земете и Серена со Сајрус или со Татко му на блер пишете ја - Чарли/Ајви работата арно шо се реши. Али можеа да бидат по креативни и да не ги следат чекорите на шпанските серии. Уште малце ке излези Ден на Лили внук од вујна да му е Сериозно луѓе прекратете ја, доста му е мачење на актерите, приказната и општо на серијата. Нема толку длабока приказна за да треба да се разработва 5-6 сезони....
Спојлер Aбе Шишкица главен стана на Менхетн, да не беше Лили заедно со Вафла ќе си седеа во Бруклин и никој немаше да ги знае Многу, многу ме изнервира Ден И сепак сакам на крајот да се Чак и Блер заедно, 3 години чекаме на тоа. И сериозно, што е со шишкава на Ден?! Се прашувам дали му е природна таква или ја виткаат со фигаро
Лута сум! Јас сум Чак-Блер фан и точка. Шишкица не иде у предвид и пак точка. Ви се молам, немојте само тоа. Се би прифатиле, ама спојте ги конечно Чак и Блер. И Нејт ќе го трпиме ваков. Чесен збор!
Имам чувство дека и јас ако и појдам на Блер и и изјавам љубов, и кон мене ќе пројави чувства. Беше спремна да бега со Чак. Да немаше сообраќајка ќе беа негде заедно. Го сака Луи. Го сака Ден, ама само оти книгата ја натера да го сфати тоа не за нешто друго. Не ми се верува колку е уништен ликот на Блер, посакувам да сопрев по 3та сезона и да го памтам сеуште како манипулативна налудничава кучка која добива се што сака, кога сака и како сака. И ајде ви се молам, фејк Чарли ја чува паломата со името од Џорџина. Значи тоа беше минатата сезона, пред 100 години, а таа уште ја чува во перфектна состојба салфетката!!! Ми идеше да го искршам компјутеров, не знам ни зошто ја гледам серијава, не знам. Чак на 3 секунди повторно стариот, што сакам да најде девојка и да ја откачи Блер, Луи и така не ја сака, нека одат нека се лигават со досаДЕН. Ама ако го здогледа со друга девојка и кон него чувства да не јави пак. Ден и Блер се во иста просторија 5 часа, а Серена налетува во моментот кога се бакнаа. Фејк Чарли се држи цело време на страна, но тука е кога дојде вистинската Чарли. Не пишувам повеќе, ќе ја искршам тастатурава, ај серијава ретардирана, јас уште поретардирана што ја гледам. Е така.
Леле кои глупости. Спојлер Ден и Блeр се бакнуваат "спонтано", за да и покажат за глумицата како да го долови бакнежот додека ќе ја чита книгата на Ден, wtf? Блер мажена, а се мота ноколу и се мува со машки. Ај бе ќе се лапаме секој со секој, што има везе. Повеќе ја следеа папараци коа беше обична апер ист сајдерка одколку сеа како принцеза. Чак како и се пушташе на онаа, грефче. A сакале да направат ултра секси-љубовна сцена. А зарем Серена не живее кај Блер? Како така ја турка пред огледало кај нејзе дома Ги уништија сите ликови значи. Само уште мајка и на Серена не ме нервира, прекрасна ми е