Јас епизодава ни еднаш не ја видов типката што треба да ја “следи“ Блер. А нели таа требаше демек на секој чекор да ја прати за да му пренесува на принцот?? Ма Блер како воопшто да не се ни омажи, освен што сама си го повторува тоа во себе. И епизодава носеше изузетно лоша сукња. Многу лоша тактика е што во секоја сезона се појавува по некој лик, што подоцна комплетно исчезнува од приказната.
Ама ја искритувавте епизодата, мене оваа ми беше најдобра во 5-тата сезона. Некако живна малку приказната, се врати „стариот“ Чак, па ќе видиме доста реметења понатаму Спојлер ГЛУПО е тоа што Блер се мува наоколу со кој стигне и што живее во Њујорк, нели треба во Монако да е со мажот и? Ама серија е тоа, па ај. Без Блер шо ќе прават. Дечки нели сте љубопитни да видите како ќе се одвива врската меѓу Ден и Блер? Интересно е да се види како ќе им оди, во најмала рака. Не верувам дека ќе си живеат среќно до крајот на животот, најверојатно ќе се скараат во врска со Чак. Вие па одма против нив, јас мислам дека Блер треба да биде малку и со стабилен и мирен дечко. Предвидувам дека Чак и Серина ќе се спојат сега против Блер и Ден. Само не ми е јасно Џорџи шо ќе прават со Ајви. Ај останува да видиме.
Ако знаеш во која епизода е музиката, барај овде, пишува и во кои сцени е пуштена одредена песна. http://www.tunefind.com/show/gossip-girl/season-1
Спојлер Значи целосно се сложувам со тебе првата сезона беше ок ама другиве тотално катастрофа ,само сакам да знам што му е поентата на писателот нема љубов ,нема искрајно пријателство ,еден ден ке го сметам еден за пријател друг ден ке се ... со него трет ден пак ке ми е добар пријател леле глупости што е најжално почнаа сите да ме нервираат незнаат што сакаат
Хаха измешаа се, боза, лимонада и на крајот шприцер Спојлер Мене ми се баш кјут Блер и Ден, ама тоа косата на Ден во последнава епизода му ја забележав, многу му пораснала хахха...Серина изгледа остана без улога. Стварно немаат за незе во сценариото ништо. И не ви се чини дека главниве глумци некако станаа споредни, а споредниве (Чарли, Ајви, Џорџина им дадоа главна улога??Нејт на пример последниве епизоди не знам што се случува од сообрајќајката наваму ништо не се случува (џиги миги два пати муабет со Чарли и толку), Серина како што кажав појма нема од животот, Чак само следи и убедува, ама пак ништо посебно , е единствено Блер е во главна улога овие епизоди...Па и арно рече некоја од вас погоре, како тоа Блер ма`ена, триста заканувања се случија и од свекрва и и од Луи а таа се отепа како тинејџерка сама шетање и бакнување и глумење како ништо да не се случило. Ама буквално ништо не се случува
Стигната сум до 2ра сезона 10та еп и да кажам дека очекував да има мнн мнн повеке детски или теен ситуации (не бев читала ништо за неа пред да почнам да ја гледам) изненадена сум и секако ми се допага тоа што го гледам и особено ми е интересен стајлингот и она „ОДНОС ДОМ семејство“...за мене најзначајно нешто Омилена ми беше Џејни...но сега се разочарувам од неа и лагите кои ги прави постојано .. А за Чак имам мнн големи очекувања се надевам дека до следната недела ке завршам со серијалов пошто гледам по 7 еп на вечер и ке можам да коментирам упдате...
Значи све ќе поднесам во серијата, дури и појавата `секој со секој `, ама оваа глупавава (-вава ко чивава) значи тотално изгубена во свемирот, во просторот и времето, ко удрена со мокра чорапа влага на некој ивент и мислиш дека ќе ја опраи работата во истата секунда откако влегла. Не го оспорувам нејзиното тело кое го обвива со прекрасни комбинации, ама моментот кога Серена решава некаква ситуација и пронаоѓа излез од тунелот = смак света! Бетер од 21ви декември 2012! Ете ја овде, шлеперите пројдоа на пристаништето. Ама и со подотворената уста го пополнува моментот целосно!
Веке само Дорота ми е интересна. Се покакаа во серијава многу јако. Ден и Блер- колку нелогичен пар ми се. Серена- глупа и тупа уште од почеток, за неа дечко не се најде. Чак- не му стои оваа улога на добро момче. Нејт- не го приметував на почеток, ниту пак сега. Вистинската Чарли кога дозна дека Серена и е братучетка воопшто не изглуми дека е возбудена или нешто слично. Глупости, ај нека заврши веке еднаш да не влечам епизоди од торент за џабе.
Само мене ли ми се свиѓа оваа сезона? Завршија средно училиште, не можете да очекувате дека пак ќе ги има тие сплетки со соученичките и со матурските забави, сега веќе серијата прејде во сапуница и ми се свиѓа што вака се развива. Има пропусти, ама мене во глобала ми е добра.
Зашто? Баш јако Него денешнава епизода беше прилично добра. Спојлер Jeс да одма претпоставив кој е таткото на Чарлс, знаев дека тој доктор е преварант невиден. Очекував и Ајви да е наследник, па и интересно беше кога ја избрка Лили од станот А друго постои ли еден единствен фан на Блер и Ден? Неможам да ги сварам, толку ми се плус и минус, да ми се еден од најнеубавите филмски парови евр!!! А и дијалогот на Блер со Чак I love you. And i always will. But that doesn't mean I'm in love with you. Побогу :geek: Ах да и кој му го спасил животот на Чак, ххмммм вујче интересантно, ќе се врати типов сигурно у следниве епизоди. А Блер уште на некој да почне да му верува во серијава добро ќе е, јас заебаа сите по ред... А Серена е уште подосадна, објаснува како не биле важни парите пф, убаво и кажа Чарлс.
Јас. Да не се разбереме погрешно, јас сум најголем фан на Чак и Блер, ама малку ми прекисна од тоа повуци-потегни. Кога нешто се развлекува толку, немам повеќе волја да го гледам или да го посакувам. Слично беше и во втората или третата сезона, кога се молеа кој прв ќе каже те сакам. Прекиснаа. Мене ми се многу интересни, овој шишка бој е папучар, а Блер доминантна, некако ми се складни. Нормално дека - нема да останат заедно, со тоа би се изгубила целата смисла на серијата, ама на овие епизоди баш им се радувам. А мислам дека нема да им успее зашто ќе нема никаква хемија, ниту страст во кревет помеѓу двајцата. Епизодата вредеше најмногу заради новата боја на коса на Ајви. Леле, сум ја буљала ко будала. Многу убаво изгледаше, супер што ја променија таа метла нејзина. Серина, од друга страна, си ја чува нејзината, не може да се збогува со тоа грдо косиште. И фино ми дојде што ги избрка од станот. Кај ќе се упатат, во Бруклин, да делат станче со Блер и Ден? А вистинската Чарли - Лола е убедливо едно грдо, грдо, антипатично суштество. Ако Нејт остане со неа, ќе се разочарам. Нејт е мекуш и смотко, ама па оваа е 10 скалила под него. А што и прати Џорџина на Серла?
Или и го прати лаптоп-от за да биде следната ГГ или и прати папки со сите трачеви, вклучувајќи и тоа дека татко и, е татко и на Чарли. Спикниг оф, глумицава е толку антипатична што се чудам како поминала на кастингот. Кога сме кај Ден и Блер, го мразам фактот дека се заедно. Го презирам. Ама од друга страна интересно ми е, сакам да видам како ќе им се развива врската, а и како Чак ќе се бори за Блер. Ми делува како да се сврте кругот. А Ајви сега ќе ми стане омилен негативец, барем така мислам Вака-така најпаметна испадна во цела серија. Серена е уште во серијава само за да се шетка и да промовира убави алишта.
Па лап топот од Госип грл. Серена ќе е новата оговарачица. Ќе и одговара таман и онака е досадна А супер имало фанови за Блер и Ден Мене ме нервираат многу работи во нивната врска, од типот на ти го дај ми го, 3 машки и 2 женски во серијата меѓусебно се поминаа сите, апсолутно сите се испоебаа, сеа чекам уште Чак и Серена врска Бар нов тип во серијава да донесеа ќе ми беше ок, вака ме нервираат овие несвојствени за мене пријателски и љубовни врски. Нестварни се, не постои, ова апла станува сапуница. Бетер од шпанскиве. Серена и Чарлс испаднаа сестри. Дури и сестриве се ебавале со исти мажи во минатото. Сеа ново кој на кого ќе испадне брат/сестра/вујко/татко/ќерка...
^ Еве сега почнав да ја гледам 17кава, од вашите постови имам засега интересен впечаток за епизодава. А за Серена што е вака збунета, изгубена не знам колку епизоди веќе уназад, се мислам дека може да е поради дешавките со лошкото Леонардо Ди Каприо
A каква врска има Серена со Леонардо? Да не идат? Серена ми е најинтересна кога ќе ја подотвори устата кога некој ќе ја разочара или кога на нејзин начин ќе му плесне на некого. А редовно и се случуваат драми. Таа е главната драма грл во серијава.
Чекам пак да се појави Elizabet Harley, таа палеше слика од неа во документите на Барт. Сигурно ке испадни дека е некоја тетка на Chuck ) A Blair веќе сранува досадна, редовно е заљубена во двајца
Беа озборувани дека има нешто меѓу нив едно време, па потоа се зборуваше дека раскинале, Леонардо си нашол нова, ангел на Викторијас сикрет итн. тоа е веќе офф-топик. Има слики од нив како крстарат на јахта, излезени како се држат за рака, дотерани навечер итн. главно како се „дружат