Новото промо ми ги уништи надежите дека ќе ја оправат серијава.... http://www.tvfanatic.com/2012/02/gossip ... -dair-sex/
Интересна беше 17кава, ама тоа не значи дека сум задоволна од текот на настаните, напротив, ИЧ! Dair? - Се изнервирав кога видов дека старата и оставила се на Ајви, е браво, кај знаела па уште нејзе и ги оставила. Не дека другиве се скромни, не дека не беа презаинтересирани за нејзините пари, ама барем семејство и се, не ја лажеле така како обичната актерка која дојде за пари и си остана со пари. Дојдов, одглумив, се опарив. Mission completed thanks to not that smart Cece. Кој ќе ја трпи, и се прашувам како ли ќе и го одземат подареното, а сосем незаслужено на глупачава. Како
[quote="Plavusa.17" Кој ќе ја трпи, и се прашувам како ли ќе и го одземат подареното, а сосем незаслужено на глупачава. Како [/quote] Јас мислам дека доброволно ќе се откаже од наследството. Ќе земе само делче колку за живот и ќе им го остави да си кршат глава понатаму останатите. После они ќе увидат дека е мила и фина душичка и дека се' што сака кутрата - е семејство. Па ќе се смират и ќе си живеат среќно до крајот на петтата сезона.
Да бидеме реални - сексот е битна работа во една врска, па според промото на следната епизода, Ден и Блер нема да издржат уште долго http://www.youtube.com/watch?v=PanLP62jDDQ
Искрено, не ми се ни гледа повеќе серијава. Тотална утка е последната сезона, а секоја наредна епизода е се поглупа од претходната. Аман веќе со патетичниот Ден, па и Блер, Бог да чува. Ептен лошо сценарио, не ми се допаѓа воопшто!
Без разлика на се епизодата дека беше глупа, глупа беше - нема дискусија за то. Последнава сезона единствено ќеф ми се прај кога ке ја видам Дорота, единствен нормален лик шо остана. Спојлер Поменот на Сиси- LoL just LoL Тестаменто- Па алал да му е на жената . Единствениот чоек шо заслужваше да му се остај нешто беше Ајви. И покрај то шо беше вовлечена во целата збрка заради Керол и нејзината алчност, сепак покажа дека е чоек, којшо не е алчен и сака само фамилија и испадна доста фер и искрена кон Сиси... Искрено му требаше ова нешто само за пари се расправат Лили и Керол, макар шо жал ми падна кога ги избрка од станот. Џорџина- As usual на стара слава, и со стари трикој сите околу малото прсте ги врти... Филип (мажето на Џорџи)- Греој, едноставно греој Др. Ван дер Вудсен- Овај цела Роудс фамилија ја има поминато...нема чудно да ми падни и ако излези дека имал дете со Сиси Блер и Ден- Ништо против...ама глуп пар се ептен ! Чак- Греој. Не да гледа некоја нормална да фати во Блер се впирил ко пијан за бандера Нејт- Ау РЕЗИЛ ! Жал ми е за серијата и за CW, шо ќе ја тегнат уште една сезона...Нема ќеф поќе, али то е, ко ке му видат дека гледаноста ке му падни на 1000 гледачи по епизода сакат неќат ке ја скратат
Не знам дали од што јадев многу благо пред да почнам да ја гледам епизодата или па поради неа, ама ужасно ми се слоши Ова ќе беше добра епизода, да не ја упропастеа неколку „мали“, но битни елементи: Спојлер 1. Аман Блер, жено, не можеш да сакаш еден а да бидеш заљубена во друг. Она што му го кажа на Чак дека не е веќе in love with him ми беше несварливо (и несфатливо) дефинитивно. 2. Чак побогу, не изигравај многу заљубен во Блер, лани ти беше на нејзино место (кога беше „заљубен“ во црнкињата, а таа трчаше по тебе). Стави си го малку прстот на чело, стави се на нејзино место и олади малку. Можеш да дојдеш кај мене за оладување ако сакаш Или за вжештување 3. Д-р ван дер Вудсен татко на Чарли? Ма немој да ме јебеш бре! Многу глуп потег во серијава. Сега испадна дека ниедна шпанска и турска серија не може да се рамни со неа. Не им требаше ова. 4. Сфативме дека Џорџи нема живот, ама да оди за Монако и да остава маж и дете, за да „помага“ на Блер е тоа не можам да го сфатам? Why? И не сфатив кога рече дека сега е френд и со Чак, како тоа? И плус не сфатив што она ќе добие со тоа нејзино летање наваму-натаму? 5. Серина ќе биде следната оговарачка? А нели таа сакаше да ја најде и да ја уништи, сега ќе се претвори во неа, хахахаха, амори Серино, се на крај ти испаѓаш наивното, кутро и изгубено јагненце во серијава. Добар момент ми беше кога Ајви ги истера Лили и Руфус од станот. Претчувствувам ќе ми стане една од омилените оваа. Иако ми падна жал за Лили, таа ми е омилена во серијава. Ама добро, нека се смени нешто Баш ме интересира кај ќе одат со Руфус? Кај Ден? И јас се приклучувам кон клубот на фанови на Блер и Ден. Спојлер иако Блер до некаде ми го уништи нивниот момент во сцената под број 1 што ја опишав во првиот спојлер. И на Блер и Чак. И нивните легендарни сцени во лимузината и клавирот. Да бре, ко Блер сум, не можам да се одлучам Не гледам трејлери за наредна епизода, но во оваа на крајот го дадоа трејлерот за наредната и го изгледав, ќе ги убиев, зошто го туриле у епизодава Спојлер хахахахаха, го очекував тоа, Блер е тотално naughty, дива и луда во кревет (затоа си одговара со Чак), а Ден е понежен и поромантичен, нему му одговара заљубената во љубовта и романтиката - госпожа Серина. Ќе биде интересно да видиме како ќе го истераат тоа до крај Quote of the day: I was just bitch-slapped by Bridget Jones. И фацата на Блер, хахахахаха, е вака точно е опишана Блер во оваа сезона Еј се занесов јас во пишувањево
Па не дека крстена сум на форумов по неа, ама ова е тоа. Минатите епизоди во афект пишував, но ако нешто вреди во срањево наречено серија, тогаш тоа е таа. Само таа си остана на нејзиното, да ги ремети сите како што ќе и текне. Сега сакам да ја изигра Блер, да ја закопа целосно, како што порано сакав Серена да ја реметат, сега така сакам Блер, од толку што го замразив нејзиниот лик. Мислам уште еднаш нема да можам филм со Лејтон да гледам. И ја сфаќам зошто едвај чека да си замине од серијава. Добро, со кое лице го изигра Чак. Чекај ме, принцот, па те сакам, па ќе бегам со тебе, па не можам да бидам со тебе се заколнав, па чекај една година па оп Ден за на крај те сакам ама не те сакам. Те сакам ама не те сакам еј, како комшивчено мое од 12 години. Го изгледав промото и јас, кога нема оргазам уште еднаш во животот да не види. Лани нели сакаше да успее сама во животот, и затоа кога ја киднапираа Серена му раскина на Чак, сакала да биде Блер Валдорф, пред да биде девојка на Чак Бас. А принцеза и сопруга на еден од најмоќните луѓе во Европа само го поддржува она што го рече. МОРЕ МРШ! Ден пак, ми иде да го земам за она шишкана грда и да го удирам од земја, ѓубре невидено кое цело време се прави наивен и као е добар а штом начека прва шанса одма прави нешто валкано. Нејт стандард, се некое гревче спасува и лапа (Рајна лани со таткото, оваа сега, Ванеса кога беше скршена од Ден, или пак некои баби стари и доодени). Кај него нема сплетки, само дедо му од време на време никнува како кокиче. Серена исто стандард, ќе гледа фамилија и ќе се труди да крпи, таа не знае со себе што да прави, ќе помагала. И ако стани таа Госип Грл ќе земам и ќе се обесам. И дефинитивно од оваа епизода нов надежен лик дека ќе ги поремети Ван Дер Вудсен фемили Бај д веј, знам дека пак ја хејтам Блер, ама од манипулатор што сите ги држеше во рака, најдуваше начини како да ги зафркне сите и на крај таа да е победник дојде на ниво сите да ја лажат како циганче. Море нека се парат со досаДЕН и нека се иселат негде, нека се гонат.
Ради гласот на Ајви посакувам да гледам на mute. А ради фацата на Чарли вистинската не ми се ни гледа. Дај бе нека освежат со некој нов добар лик. Некој да направи некоја салам сплетка, да го раздрма апер ист сајд. Јас запнав за ова ама стварно неможам да сфатам како мажената Блер без проблем се ебава наоколу па да му се сневиди нека апстинира малце. Јесте дека маж и не е тука и дека не го сака ама шо мајка бараше да се мажи па сеа трчка наоколу со сите по ред. Абе маж ми е во Монако, па јас неможам да се одлучам дали легнам со Чак или Ден, хм
глупости живи,ефтино,плитко,шпанско,значи најлоша сезона досега,последните неколку епизоди онака,ама ова денес,врв. a гласот на Ајви ми го плаши бебето -.-
Се надевам ќе среди нешто Џорџилајна (така си ја викам ја),оваа па Блер се ебава кај и стигне, де Чак, де Ден,одлучи се женоо.Сакам да биде со Чак,толку поминаа заедно,а сеа..преку ноќ се затреска у мајмунот Ден.Бог да чува.Сакам некои нови,интересни сплетки.Досадно е веќе вака.
Џорџилајна еве сеа коа ќе му се оптегнам у кревет и ќе ја пуштам новава епизода. Знам дека од 4та сезона па наваму се ептен shitty, али добро е за тепање досада
Зошто бе "гласот на Ајви", баш ми е супер така малку засипнат ... Лик кој ме ужасно живцира е Серена, башка и не знае да глуми како што треба.
Дечки имаше во понеделникот нова епизода? Јас по промот мислев дека следниов понеделник ќе има Спојлер а ко што гледам овие (БиД) спиеле заедно, ама се очекува са сфатат дека најмногу ги бидува само како пријатели и ништо повеќе
Па незнам, мене ми е иритирачни. А Серена да немаше такво јако тело, ќе правеше бургери у Мекдоналдс.
Уште малку сите ќе испаднат браќа и сестри,кои по крв кои пошто родителите им биле/се во брак. Баш ме интересира што ќе се случи со синот на Лили и Руфус од Бостон или може го заборавиле. Уште него теба да го убацат сега за да стане тотална шпанска серија
Абе ајде, Чак кога си играше со Блер и се заљубуваше во црнкињи, Францускињи и во кој стигне, таа трчаше по него, никој ништо не викаше што и направи на Блер. Сега она истото му го прави, се дига прашина Не дека ја оправдувам, навистина е глупава оваа сезона, ама ја направивте партал Не им требаше принцот да го воведат во серијата, заради него се овие глупости и заради него оглупаве Блер. А и она со Чарли и татко и на Серина, воопшто не им требаше, е од тоа уште не можам да се соземам, глупи сценаристи Баш ме интересира што ќе обработуваат во шестата сезона, се глупости што можат да постојат веќе ги дадоа.
http://www.youtube.com/watch?v=Eub_nDBTMkA Ајде едно големо браво за следнава епизода.Се надевам дека конечно ќе заврши целово срање до Ден и Блер Само незнам зашто новава епизода тек на 2 Април