Патетики, патетики, патетики !!! Ден и Блер? Џорџина па секаде ја има, кај што има некое случување никој друг не гледа/не слуша - само она И ептен дека утепав толку време гледајки ја серијава па продлжив со гледање, инаку оддамна ќе завршев со неа!
Забележав сите викате за Нејт патетики, ова она. Се сложувам дека не е веќе толку многу експониран или истакнуван во епизодиве, ама мене ми е сосема ок, и сакам да си останат со Чарли, убави ми се како пар
Навистина, што беше со епизодава? Ги надмина сите шпански серии, не беше досега во оваа сезона вака. Овде не се знаеше кој пие, кој плаќа, се откриваа тајни и се исфрлаа луѓе од станови како добро утро. Не ми се верува Само не ми сфатливо што правеше Џорџина цела епизода? Имаше ли цел што ги прави овие работи? Сфаќам дека ни е претставена како богаташка која не знае што да прави во животот, па времето си го пополнува наштетувајќи им на другарите од прва година средно. Ама ова е претерано малку, да краде телефони и прислушкува кого стигне Немаше логика целава епизода некако.
3та сезона 16та еп сум и реков веке не можам и морам да кажам дека мн ме нервира Серена во муцката Спојлер и плус како можеше Чак да е толку глуп за да препише хотел на „мајка му“??? ајде вечерва со нови делови едвам чекам дефинитивно ми е екстра лик Дорота и Џени лове тхем
Сега се сетив да прашам, што се случи со Ерик, брат и на Серена, никаде го нема? Кој е заинтересиран, маички Gossip Girl со групна слика од глумциве има во Мотиви за дури 1800 денари
^ На Ерик и Џени им понудиле да се појават пак во новата сезона, ама они одбиле. Џени е преокупирана со музиката, а Ерик не знам зошто, ама нема да се врати.
На Џени т.е. Тејлор Момсен не му понудија никогаш да се варти, зато шо тие ја избркаја од серијата (заради понашање, каснење на сниманја и тие работи) а Ерик т.е. Конор Паоло доби голема улога во новата серија “Revenge “ која шо оди на ABC (не главна улога, али во сите епизоди е - засега) и за која му беше понудена голема плата - заради која се одкажа целосно од Госип Грл, и најверојатно нема да се врати ни на епизода-две (кога за погребот на баба му не дојде, за друго и не го барајте...)
Па требаа и за него да измислат нешто дека си отишол негде, да студира во странство или од кај знам, нешто, било што, а не ликови испаруваат повеќе не се враќаат, а ние останати со подзинати усти се чудиме зошто и серијата губи смисла. Ццц.
Ако се нормални овие продуцентите на Госип Грл па ете.Чудно ми е што гледаноста и повеќе не им опаднала.Кога немаш веќе нови идеи и не знаеш што да правиш со серијата подобро прекини ја отколку упорно да се продолжува и да се упропастува.Не знам од каде ви сили да ги гледате новите епизоди,јас одамна се откажав.Ни од љубопитност не ми се гледа,за џабе ќе трошам интернет. Гледам сега пак ги споиле Ден и Блер.Да се случеше во четврта сезона ќе ми беше некако сладко и убаво.Затоа што спонтано дојде,таа се разочара од Чак а Ден беше тука како пријател а подоцна и нешто друго.Ама сега ,заљубена во Чак,мажена за принцот а одозгора и Ден.Ту мач.Не знаат веќе во кој правец да одат.Подобро нека е ова последна сезона.
Па измислија во Доминикантската демократска република е. Инаку одвај го чекам 2 Април. Мене уште ми се интересни, посебно сега кога Серена ке ја има улогата на Госип грл. Се разведува од принцот. А на 2ри ке видиме што ке се случи со Ден и Блер после нивниот бед секс. Спојлер
"Gossip Girl's Season 6 would very likely be the last." само шо го најдов ова во едно интервју, и имам да кажам само еден единствен збор - АМИН !
Gossip girl ммм омилена серија ... ја гледан на нет ... до крај на 4 сезона сум стигната т.е. вечерва ќе ја гледам последната епизода од 4-та сезона ... Чак и Блер ми е ОМИЛЕНИ ги обожавам
Хухууу најјака серија!Чекам 2 Април како дете што си чека роденден. Зависник сум од серијава,иначе фаворити ми се Чак и Блер.Ауф срцки!А оваа Блер кај се „спанџа“ со Ден..Малку ми е жал за Чак.Ќе му помине.
Koj ќе и го доделат на мадам Серла, мене тоа ме интересира? Премногу очигледно, глупо и клише ќе биде ако во последната сезона мистер Шишка се премисли во врска со неа, почне да гледа слики од катилион со златниот фустан и тоа наведнувањето фамозно при танцот, и си рече - чекај бе, јас ја сакам оваа робусна, необрусена женка со мошне сува и оштетена коса и ќе ја освојувам пак! Со мало скутерче, брм брм, Не, сериозно ќе се разочарам ако Ден и Серина останат заедно. Плус искрено, не ни сфаќам како воопшто на некој му паѓа таа идеја, алоооо, родителите ви се во брак, што дека не сте крвно поврзани, it's weird. А мене Ерик и литл Џеј ми фалат многу, епизодите со нив ми беа поинтересни и колоритни. Единствено Ванеса не ми фали воопшто. Кога ќе се сетам дека она, Шишкица и Хилари Даф имаа ménage à trois ми се мочка од смеа.
Спојлер ЛЕле стварно тоа со тројката сум го заборавила хаххахахаха О мај гад. Па и тоа ден во тројка. Ај да беше Чак ништо чудно, па дури и Нејт. Ама Ден па и ВАнеса бо бо бо И тоа тогаш им беше глупост невидена, само помалку такви испади имаше тие епизоди, па не сме обрнале внимание